Репрезентацијата на Ирак направи голем подвиг откако победи 2-1 против Боливија и тоа во време кога воздушниот простор во оваа земја е затворен поради големата војна меѓу Израел и САД против Иран.
Ирачаните некако нашле начин да стигнат до Мексико каде се играше интерконтиненталниот бараж. Во 10' минута од средбата со Боливија Ирак поведе 1-0 со гол на Али Ал-Хамади, но Јужноамериканците израмнија со погодок на Моизес Пањагуа после силен шут.
Боливијците имаа шанси за пресврт но на крај Ајмен Хусеин го реши победникот и со гол на почеток на вториот дел донесе огромна радост на земјата која беше погодена со војни веќе децении наназад.
— Boi You (@You7Boi) April 1, 2026
Боливија севкупно беше подобар ривал, имаше двојно поголем посед на топка, повеќе шутеви на гол (16:7) и дури 16 корнери но фудбалот на крај пак се испостави како суров и на Светско оди Ирак.

Во моментот кога Ирак ја победи Боливија во оваа земја од Блискиот Исток било 8 часот наутро но на улиците веќе на големо се славел пласман:
ИРАК СЕ ОБРАТИЛ ДО ФИФА, СЕЛЕКТОРОТ ПРЕДЛАГАЛ ДА ИГРААТ НЕДЕЛА ДЕНА ПРЕД СВЕТСКО, НА КРАЈ СТИГНАЛЕ ПРЕКУ ЈОРДАН
На почетокот на март се било лошо за фудбалската репрезентација на Ирак: преку нивната земја не летале авиони поради војната Израел/САД против Иран, на некои играчи не им давале виза за Мексико, а селекторот Грем Арнолд бил заглавен во Дубаи каде исто над Обединети Арапски Емирати небото било затворено поради војна.
Фудбалската федерација на Ирак пратила допис до ФИФА со барање да го префрли натпреварот поради тоа што им фалеле играчи и селекторот. ФИФА им предложила алтернатива: да летаат од Турција до која со автобус претходно морале да се возат 25 часа.

Репрезентацијата на Ирак го откажала овој предлог.
Селекторот Арнолд во интервју за Асошијтед прес изјавил:
„Ве молам помогнете ни за овој натпревар затоа што навистина сега со сите сили се обидуваме да ги изнесеме нашите играчи од Ирак. Ако ФИФА го помести натпреварот, ќе ни даде време да се подготивме. Дајте Боливија нека игра со Суринам овој месец а на една недела пред Светското ние да играме со победникот од тој меч во САД - победникот ќе остане а поразениот ќе си оди дома.
Мене ми се чини дека ФИФА чека повеќе време за да види што ќе реши за Ирак. Ако тие се откажат од учество ние ќе влеземе на Светско првенство“.
На крај Ирачаните нашле варијанта: да стигнат преку Аман, престолнината на Јордан. Таму бил отворен воздушниот простор сам ден откако го затвориле. Обично директни летови до Мексико од Јордан нема па летале со свој авион. Арнолд излегол од Дубаи а ФИФА помогнала да се извадат посебни визи за сите играчи за престој во Мексико.

На пат од Багдад од Ирак до Аман им требале 30 часа: 10 часа со автобус (900 километри), а останатите 20 часа со воздух (од Аман до Монтереј со авион со преседување).
На крај се испаднало добро: на 22 март репрезентацијата на Ирак слетала во Мексико и одработила неколку тренинзи. Селекторот Арнолд им забранил на играчите да користат друштвени мрежи на телефоните. Единствено им било дозволено да зборуваат со семејството.
ИРАК ВЛЕЗЕ ВО БАРАЖ ЗА СВЕТСКО БЛАГОДАРЕНИЕ НА ГОЛ ВО 90+17' МИНУТА ОД ПРОДОЛЖЕНИЕ
За патот на Ирак до Светско првенство треба да се сними документарка. Тие драматично стигнаа и до самиот бараж.
Во ноември се бореа за второ место во квалификациите со Обединети Арапски Емирати. Првиот натпревар заврши 1:1 а на реваншот при резултат 1:1 главниот судија го викнале да гледа ВАР за една спорна ситуација. Тој досудил пенал за Ирак во 90+17' минута од судиското продолжение.
Амир Ал-Амари постигнал победнички гол за пласман во меѓуконтиненталниот бараж.
ФИФА одлучи баражот да се игра во два града во Мексико, во Монтереј и во Гвадалахара.