Центарфорот на БиХ ќе мора да части цел стадион во Штутгарт

Центарфорот на германски Штутгарт и Босна и Херцеговина, Ермедин Демировиќ изјавил пред финалето на баражот со Италија дека ќе купи пиво за цел стадион во Штутгарт ако се пласираат на Светско првенство 2026.

БиХ се пласираше после пеналите (4-1) и се квалификуваше по втор пат на еден Мундијал.

„Ако успееме да се пласираме на Светско, пијалаците ќе бидат на моја сметка за цел стадион во Штутгарт. Ќе купам пиво за сите навивачи, тоа ќе биде лудо“, рекол Демировиќ во еуфорија по победата над Велс на пенали неколку дена пред мечот со Италија.

28-годишниот центарфор кој играше и во Лига на шампиони со Штутгарт сега вели дека „сакал нејќел“ ќе мора да части цел стадионв во Штутгарт.

Со оглед на капацитетот и тоа што стадионот речиси секогаш е исполнет до последно место (60.000 гледачи), Демировиќ ќе треба да потроши на частење околу 300.000 евра.

„Една тура за цел стадион оди на моја сметка. Правиот маж стои зад своите зборови. Знам дека тоа ќе ме чини цело богатство, но тоа ќе го сторам со големо задоволство“, рекол Демировиќ за германски Скај Спорт.

2 април 2026 - 13:47