Offside

Два гола на Меси, два на Мбапе, два на Халанд во второто коло. Најдобрите напаѓи во светот веднаш се издвоија и го направија уште појак мундијалскиот фудбалски празник. Норвешка - Сенегал 3:2 во меч кој се одигра во 4 часот наутро по наше време. Во И групата, Франција и Норвешка имаат по 6 бода, а во трето коло ќе играат меѓусебе.

Спринтот на неуморниот Аријан после кој Динамо даде гол

И покрај тоа што беше повреден претходната недела и не беше сигурен за реваншот, Аријан Адеми одигра 82 минути за Динамо Загреб кај Виљареал. Дури и беше зачетник на акцијата после која „модрите“ намалија на 2-1 преку Оршиќ.

Тренерот на турски Бешикташ и вакцината

Тренерот на лидерот во Турција, гигантот Бешикташ, Серген Јалчин дошол на ред да се вакцинира. Ама викаше мислиш со нож го боцкаат а не со вакцина.

Пандев: Како дете бев болен по фудбал, не ме интересираа ни женски, ни школо

„Горан Пандев е светилник на својата земја Македонија. Никој не однел на Европско една таква стара нација која годинава слави 30 години независност. Голови, насмевки, радост, алтруизам, класа. На 37 години Пандев е сè ова. Но тој е гордост на уште еден стар народ, а тоа се Џеновезите“.

На фудбалски терен со 22 мажи, Ивана го има последниот збор

Ивана Пројковска е поранешна фудбалерка и наша најеминентна судијка која има високи дострели во кариерата. Стигна до финале на Европското првенство за жени до 19 години и не планира тука да застане. Веќе 17 години ја дели правдата.

Снимка од убиството на фудбалскиот менаџер

По вчерашната вест за убиството на летонскиот менаџер, денеска се појави снимка од грдиот чин на кој се гледа како страда 41 годишниот Романс Безубовс, газда на менаџерска агенција.

Срдечна порака од Мамиќ до седмо колено

По правосилната затворска казна од шест и пол години која му ја потврди Врховниот суд, Здравко Мамиќ пушта “бомби“ на Фејсбук по судии за кои тврди дека се корумпирани и на нападите против него, одговара со напади. Но тоа не значи дека е активен само на социјални мрежи. 

Гозенс од Аталанта се пожали дека Роналдо не му дал дрес, па соиграчи му купија

Како ретко кој, Германецот Госенс искрено се отвори за еден момент од теренот на меч против Јувентус во Копа Италија. Јавноста се заинтересира, а соиграчите му дадоа убаво спакуван поклон.

Па нели не требаше да легнам?

На голманот на Фенербахче, Алтај Бајндир изгледа не му се допаѓа модерното поставување на жив ѕид. Му рече на својот соиграч дека нема потреба да лежи и потоа се заеба, па се обиде да го излаже голманот дека топката не ја минала гол линијата.

Кој е поранешниот голман на Македонија кој почина на 46 години?

Тие што се сеќаваат на репрезентацијата со Шаќири, Митревски, Ставревски, Захариевски, сигурно ќе се сетат и на „единицата“ Гоце Груевски. Бранеше за националниот тим, а страста за фудбал ја пренесе во најголемиот македонски клуб надвор од Македонија.

Неверојатна тројка на Лука Дончиќ за победа во последна секунда

Далас Маверикс со 114-113 го победи Мемфис на гости а триумфот го обезбеди Лука Дончиќ со шут буквално во последна секунда. Лука имаше 29 поени и беше играч на мечот.

Дриблинг по кој ти треба кафетин

Ал Хасан Туре е роден во Гвинеја, а игра во Австралија и за Австралија У-23. Ако има паметни скаути кои роварат таму ќе го гледаме наскоро во Европа. Детево е родено 2000-та и нема милост кога го чуваат тројца. Кариера им заврши.

Сити со пресврт ја скроти Борусија, Ливерпул не успеа да даде ни гол

Фудбалерите на Ливерпул нека си пуштат снимка и нека ги бројат многуте шански кои ги испуштија на свој терен против Реал и фантастичниот Куртоа. Борусија Дортмунд во прво полувреме имаше резултат за полуфинале, но таму оди Манчестер Сити.

Страшно јака одбрана на Куртоа

Фудбалерите на Ливерпул бркаат победа од 2:0 за да го елиминираат Реал и да влезат во полуфинале. Епа веќе можеа да ја стекнат предноста уште во прво ако не промашеа толку многу шанси и ако Тибо Куртоа не се фрлеше како мачка.

Во Ливерпул со ракета погоден автобусот на Реал Мадрид

Во пресрет на реваншот од Лига на шампиони меѓу Ливерпул и Реал Мадрид (1:3), автобусот на шпанскиот клуб бил нападнат со ракета при што е оштетено стакло и за среќа нема повредени. Прашање е каков чекор ќе преземе УЕФА по овој повод.

Спиеш ли мирно Рони О'Саливен?

Се вика Лиус Хиткот, има 23 години и според многумина го изведе најјакиот снукер удар во историјата, кој се случи во неделата на квалификациски меч за Светско. Режија за стап си што не ни дозволи да го видиме во живо, па мораше со репетиција да се задоволиме.

Сте виделе автогол од 40 метри?

Јасна е намерата дека сакаше да му клизне и да ја расчисти, ама како ли му успеа ова? Коментаторот вели дека ова е најдобриот автогол кој го има видено. Инаку несреќава се случува во Ирска.

Да се немало к'смет да се даде гол

Четврфиналниот двобој кој дефинитивно направи најголем ќеиф до сега е мега битката меѓу ПСЖ и Баерн. Две средби со многу трчање, дуели и жар, ама и многу шанси на двете средби. Само Нејмар синоќа имаше четири.

Женскиот Пепе од Украина

Во најголемата вечер за женскиот фудбал на Северна Ирска во која селекцијата на оваа земја обезбеди прв историски пласман на Европско првенство 2022, Украинката Натја Пантусулаја потсети на касапинот Пепе

Ја видовте ли прославата на Нејмар пред Кимих?

Од десетина неверојатни шанси на двете страни, пречки и одбранети зицери, најинтригантен момент беше бурната прослава на Нејмар и Леандро Паредес во лице пред Јошуа Кимих.

Како се снима навивачката химна на Македонија

Се вика „Одиме на Европско“, ќе се снима во шест градови низ државава и секој може да се пријави како статист. Вчера ги начекавме со автобусот низ град.

Невозможен гол од мртов агол

Марко Леонардо од Сантос го фрли во транс коментаторот кој почна да завива после овој чудесен погодок од речиси невозможна позиција. Сите други од ваков загубен агол би пробале да нафрлат, а овој го збуни голманот и му ја смести зад грб.

Пирови победи на Баерн и Порто, Челси и ПСЖ се полуфиналисти

Во спектакуларен реванш кој донесе еден куп шанси, стативи, пречки, прилики пред двата гола, Баерн Минхен оствари пирова победа од 0-1 во Париз и само поради повеќе примени голови дома испаѓа во 1/4 финале. Чудесни ножички на Тареми од Порто.

Пандев за грчка Газета: Насмевките на моите сонародници за пласманот на ЕП е најубавото нешто во мојата кариера

„Никогаш не верував дека ќе ја видам мојата репрезентација на голем настан. Но, како човек верувам во судбина и судбината сакаше тоа да се случи. Имам освоено сè од титули, но да победуваш со твојата репрезентација не се споредува со ништо. Ги давав сите освоени трофеи за да одам на ЕП“.

Квиз на денот со Беневенто балкан фанс

Скоро еден месец по мечот Јувентус - Беневенто 0:1, админот на Беневенто балкан фанс пак се отвори, но овој пат со безобразен трол на кој сметаше дека нема потреба да стави прашалник.