Си беше еднаш едно фудбалче ПЕС

Ова само ја разбуди носталгијата, па така деновиве се сетивме, па и авторот на овој текст, на своите стари џојстици и стари дуели, на оној легендарен PES 6 или уште постари верзии на кои најдобри шпицови беа Роберто Карлос и Јан Харт.

PES (Pro Evolution Soccer) беше поинаква ѕверка, им припаѓаше не само на зналците, туку беше и во најдобра смисла на тој збор, „народна игра“. Сега е како и фудбалот, украден од народот и фрлен во шарена кал.

На почеток, ова не е текст за видео-игрици.

Добро, ќе биде тука спомнување графика и пиксела и ноќи поминати пред телевизор, како тогаш кога за Нова година сте решиле да не одите никаде туку да изнајмните Сони со PES на три празнични денови, а кога долго очекуваниот PES стигна и кога се испостави дека коментаторот е јапонски (и дека не може да се менува), и дека е таа онаа верзија во која најдобрите фудбалери на СР Југославија се викаа Sevicuvic и Satikovic, беше предоцна нешто да се менува. А да бидеме искрено можеби не би се ни менувале.

Гарант имаше и нервози и расправии и окривувања („нема пенали у средина!“ „нема лесни голови од аут линија“), скршени џојстици, ама ова стварно не е текст за видео игри.

Овој текст е за фудбалот, модерен, и за парите, ако тоа не е плеоназам, зошто тие две работи одат една со друга како задница и нокшир.

Можеби веќе видовте, а ако не сте виделе побрзајте, зошто за почеток на работната недела и оваа есен ќе се изнасмете колку цел интернет се спрдава со новиот PES, кој веќе не се вика PES, туку eFootball.

Накратко, Јапонците две долги години ја правеа оваа игра, рекламирајќи ја како виртуелен фудбал за новата ера - поради тоа немаше ни итерација лани - па уште и бесплатен, а излезе ќушпајз во кој играчите проаѓаат низ мрежа, забораваат каде се граници на теренот, не знаат да примат топка, а со тоа се и бесконечно ружни за што најдобро сведочат сега веќе „виралните“ фотографии на Кристијано Роналдо со отворена вилица.

Добро, ова последново со вилицата на Роналдо може да им смета само на децата родени во овој век. И тоа не во неговите први години. Ние нешто постарите игравме фудбали на кои играчите имаа коцки наместо глави и ромбови наместо копачки, и не само што ништо не ни сметаше, туку бевме убедени дека оној трчаше баш како Робен, дека овој уклизува баш како Гатузо, а не обрнувавме внимание ни на имињата зошто кој смееше да каже дека Sevicuvic не е ист Дејо?

КРАХ СО НОВАТА ИГРА

Конами во меѓувреме вети дека во рок од еден месец ќе направи „закрпа“ која ќе ги реши најголемите проблеми, и дека се трудат да им обезбедат на своите корисници ново искуство. Ова само ја разбуди носталгијата, па така деновиве се сетивме, па и авторот на овој текст, на своите стари џојстици и стари дуели, на оној легендарен PES 6 или уште постари верзии на кои најдобри шпицови беа Роберто Карлос и Јан Харт.

Знае човек да западне лесно во замка и да мисли дека она од порано секогаш било подобро, ама кога сме кај игрите, постои јасна причина зошто оние со одредницата „ретро“ се толку популарни: на луѓето не им фали добра графика како што на навивачите во реалниот живот воопшто не им треба многу фенси и тотално шарена трета гарнитура дресови со мал грб, туку бараат душа, чувство и страст.

Ова практично не носи на поле на терен кој нема врска само со правовремено притискање на триаголникот за да се даде онаа убиствена топка во простор.

Нашиот народ ја имаа онаа изрека „кон светецот и тропарот“, во смисла за секого по заслуга.

Па, ете, можеби овој модерниот фудбал и не заслужува никаква поинаква игра од спектакуларниот и расипан PES и неговиот вечен, освежен, но бездушен ривал по име FIFA.

Каков ни е фудбалот, такви ни се игриците, и како они да изгледаат поинаку од денешниот фудбал?

Наместо играта која ја сакавме, сега тука е некаков хиперреалистичен и хиперпогрешен бучкуриш, крцат со багови и глупости, очигледно направен во лабораторија во која царуваат луѓе коишто никогаш не само што не потрчале по топка, туку и се гаделе од тие кои трчале по тока, лабораторија во која инвестирале  луѓе кои сакаат промоција и кои во глава имаат само заработка.

Се тоа изгледа сјајно, сите тие играчи делуваат како да се на копче, и сите многу добро се забавуваат, и голови и супер потези летаат лево и десно, само што на крајот некогаш останува горчлив вкус, а срцето и душата посакуваат нешто што било некогаш, колку год сирово, па и опасно понекогаш делувало.

И не, воопшто веќе не збориме за видео-игри.

Во 2022 ќе се игра Пес или ФИФА?

4 октомври 2021 - 11:20