
Минатата недела Премиер лигата соопшти дека само во 7 од 50 клубови има повеќе од 50% вакцинирани играчи. Во Ливерпул нема проблем: Јирген Клоп пред големото дерби со Манчестер Сити (2:2) отворено зборуваше против тие кои одбиваат вакцинација:
„Можам да кажам дека кај нас имаме 99% вакцинирани. Мене не ми требаше да ги убедувам играчите, тоа беше повеќе од природна одлука на екипата. Не можам да се сетам дека сум зборувал со некој играч на само и да му објаснувам зошто треба да се вакцинира зошто јас не сум ни доктор. Би дал совет во многу други ситуации но за ова нема потреба.
Општо не можеме да им даваме совет на луѓето. Од каде знам дека има смисла да се вакцинира човек? Им заѕвонив на докторите со кои се знам многу години и ги прашав што да правам. Така обично правам, кога не знаеш ѕвониш кај специјалист. После тој ќе ви каже: „Од моја гледна точка, јас би го направил тоа и тоа“. Затоа јас се вакцинирав. Јас сум во таа возрасна група каде вирусот веќе не е само лесно пренослив туку може да дојде и до компликации.
Звучи како да кажам дека сум вакциниран а други да ме прашаат: „Како можеш да ми кажеш дека треба да се вакцинирам“?
По мене тоа е како возење во пијана состојба. Ние сите веројатно сме биле во ситуација кога сме испиле две пива и мислиме дека можеме да возиме кола. Но законот ни вика дека е забрането и затоа не седнуваме зад волан. Тој закон постои не само за моја заштита кога сум испил две пива и сакам да возам кола. Тој постои за заштита на другите луѓе зошто јас сум пијан и би сакал да возам. Го разбираме тој закон“.
За мене тоа е апсолутно исто. Јас се вакцинирав не само за тоа да се заштитам себеси, туку и да ги заштитам луѓето околу мене. Не сфаќам зошто е тоа ограничување на слободите. Ако тоа е така, тогаш забраната за возење во пијана состојба исто е ограничување на слободи. Ама тоа го разбираме.
Не смееш да прашаш луѓе дали се вакцинирани, ама смееш да прашаш таксист: „Пијан да не сте?“ И ако он ви каже: „Не сум должен да зборам за тоа“, тогаш вие одговарате: „Добро, не се возам со вас, нема проблем“.
Ако се појавам во канцеларија пијан, мене може да ме пратат дома или дури да ме избркаат. Ама не смееме да ги прашаме луѓето за тоа дали се вакцинирани? Можеби сум наивен, ама просто не го разбирам тоа.
Јас се вакцинирав зошто се плашев за себе, но уште повеќе за сите околу мене. Ако сум заразен со вирусот и настрада некој од него, тоа е моја вина. Ако се заразам и заразам уште некој тоа е исто моја вина. Практично кај нас сите играчи се вакцинирани“.
Во Челси каде неодамна позитивни беа Нголо Канте а претходно и Кристијан Пулишиќ имаат друг став. Тренерот Томас Тухел изјави дека не го знае процентот на вакцинирани во тимот и дека нема да ги убедува играчите да се вакцинират:
„Дали би им препорачале на играчите да се вакцинираат“, го прашале новинарите, а Тухел изјавил:
„Лесно е да кажеш ’да’ и да добиеш признание од поголем број луѓе. Ама дали јас имам право да го кажам тоа? Не сум сигурен. Јас можам да носам одлука за себе а сите други треба да размислат и да решат дали сакаат да ризикуваат. Тоа е сериозно прашање“.
Вакцинацијата за мене е права заштита. Јас се вакцинирав. Сам си донесов одлука. Ама не сметам дека треба да се бара од некого да се вакцинира. Тоа може да отиде далеку. Јас сум фудбалски тренер, не сум баш стручњак во вирусот. Најдобро е тоа да се остави на професионалните лица.
Сите тука во Челси се возрасни луѓе, живеат во слободни земји и општества. Луѓето имаат право на своја одлука. Ние сносиме последици за нашите постапки. Не сакаме да бркаме играч, не му се лутиме на Нголо. Мене неговата состојба ме погаѓа како и што имам сочувство за сите повредени играчи на Челси.
Не знам колкав е процентот на вакцинирани во Челси. Просто не знам. Играчите се возрасни луѓе, имаат право на слободен избор, дали сакаат да се вакцинираат“, изјавил тренерот на Челси Томас Тухел.
Ливерпул и Челси имале ист број на заразени од вирусот (по 7 играчи од прв тим). Ама повеќето на почеток на пандемијата кога вакцини уште не било. Според податоци на Daily Mail (направена студија заедно со властите во Велика Британија и Премиер лига), вирусот го прошле веќе 25% од сите фудбалери во Премиер лига. Највисок показател имало во Норвич каде прележале 52% од играчите од прв тим. Следат Манчестер Сити (44%) и Арсенал (37%).
Најдобро од сите досега поминал Брентфорд (2% заразени), а во овој клуб неодамна изјавиле дека имаат 89% вакцинирани играчи и дека повеќето од нив се дури и со втора доза. Исто мисли и англискиот селектор Гарет Саутгејт кој изјавил дека играчите се доволно возрасни за да сами одлучуваат.