Offside

Фудбалската репрезентација на Португалија е освојувач на овогодинешната Лига на Нации откако во големото финале ја совладаа Шпанија на пенали. Во основното време резултатот беше 2:2.

Столе празнично

Столе Димитриевски одлично го користи отуството на Мамардашвили во Валенсија, а во последното коло против Реал имаше водство до 85-та минута од 1:0. И надвор од терен има стил.

И Енфилд Роуд е за реновирање

Ливерпул и Манчестер Јунајтед одиграа 2-2 во големото дерби на англискиот фудбал. Гостите први поведоа преку Лисандро Мартинез, домашните израмнија па направија пресврт а на крај Амад Диало одново беше спасител за Јунајтед кој избегна пораз од најлутиот ривал. Дента и претходните денови во Ливерпул имало врнежи на обилни снегови и дождови па кровот на „Енфилд Роуд“ ги покажал сите слабости.

Прекрасниот гол на Абрахам во забавена снимка

По којзнае кој пат се потврди тезата дека смена на тренер и нов тренер на клупа носат позитивен шок за екипата. Сержо Консеисао, трофејниот португалски тренер кој го водеше Порто, после неколкумесечна пауза и одмор, се нафати да го води Милан. После само неколку дена му донесе пехар во италијанскиот Супер Куп. Во големото финале го урнаа Интер 2-3 иако губеа 2-0. Решавачкиот победнички гол го даде Тему Абрахам во 90+3' минута.

Консеисао го освои првиот трофеј и го заигра познатиот танц

Фудбалерите на Милан направија чудесен и луд пресврт во финалето на италијанскиот Супер Куп игран во Саудиска Арабија. Росонерите губеа 2-0, но се вратија и на крај славеа 2:3 за прекинување на доминацијата на Интер кој три години по ред го освојува овој пехар. Сержо Консеисао после само неколку дена на клупата на Милан освои важен трофеј.

Консеисао претходно како тренер на Порто секоја прослава на освоен пехар ја прославуваше со интересен танц и со пура во уста. Така беше и сега:

Лудорија од пресврт на дербито и трофеј за Милан со гол во 93-та минута

Милан се избори за мега пресврт во градското дерби кое вечерва се одигра во Ријад. Финале за паметење. Од 2:0, ја свртија на 2:3 и го освоија Супер Купот на Италија.

Пандев за Интер дебитираше на Бадник со гол

Пред точно 15 години, на 6 јануари 2010-та, Горан Пандев имаше деби настап за Интер на гости против Киево. Мурињо го пушти во напад во прв тим со Милито и Балотели и тоа после изолација во Лацио, каде поради мобингот на Лотито 6 месеци тренираше сам и немаше одиграно ниту натпревар. Мечот заврши 0:1, токму со негов гол. Останатото е историја. Убави бадникови спомени од Телма со Стево Костовски.

Филозофијата на Арсен Венгер за создавање фудбалер

Легендарниот француски стратег смета дека создавањето на играч е како градење куќа од темел. Го објаснува во 4 дела: Техника меѓу 7 и 14 години. Физичка спремност меѓу 14 и 17 години. Тактички аспект. Желба за успех меѓу 18 и 19 години.

Пеле во гроб се превртува

Легендата вели дека после овие “ножички“, мајсторот завршил на ортопед, костозглобна, па на физикална. Ама се исплатеше. Голчиштето ќе оди на најавни шпици.

Дождот од плишани играчки во белградска Арена

Кошаркарите на Партизан рутински го совладаа Макаби Тел Авив 98:75 во натпревар од 19. коло на Евролига. Црно-белите успешно ја изведоа и хуманитарната акција во која илјадници навивачи пред мечот на теренот фрлија илјадници плишани мечиња.

Френки облечи се, ќе настинеш

Фудбалерите на Барселона лесно се справија со нисколигашот Барбастро и славеа убедливо 0-4 во шпанскиот Кралски Куп. Головите ги постигнаа Ерик Гарсија, Роберт Левандовски 2 и Пабло Торе. После натпреварот тренерот Ханси Флик му ја даде својата дебела зимска јакна на Френки Де Јонг.

46 поени на Јокиќ во одмаздата за Сан Антонио

Во само 24 часа Денвер Нагетс и Сан Антонио Спарс одиграа два натпревари во НБА лигата. Спарси прво славеа во меч во кој Никола Јокиќ и покрај тоа што беше најефикасен поединец на крајот изгуби топка при што примија клучни поени за поразот на првиот меч. Сега им се одмазди со нова сјајна партија.

Седмерец веројатно за прв пат виден во ракометот

Не знаеме која категорија е ова и кои се екипите, освен што е познато дека се работи за српски ракомет. Што храброст ќе имаше пеналџијава.

Кошкања меѓу Столе и Винисиус имаше и минатата сезона

На ѕвездата на Реал Мадрид и голманот на Македонија, не им е прв пат да се закачнат. Тензија имаше и на Барнабеу минатата сезона, кога Рајо Ваљекано успеа да извлече реми против кралевите. Агресивниот Бразилец тогаш му испрати порака дека ќе се пресметаат надвор, а Димитриевски после мечот изјави дека се нормални работи кои остануваат на терен.

Иско мангупе, не се гледа секој ден ваква мајсторија

Реал Бетис ја доби Хуеска во Копа деј Реј на гости со 0:1. Човек на одлука беше искусниот Иско кој 9 сезони го носеше дресот на Реал Мадрид. Многу интелигентен потег. Не мрдна голманот.

Потфрлање меѓу највисокиот и најнискиот играч во Евролигата

Натпреварот од 19. коло во Евролигата меѓу Париз и Барселона донесе несекојдневна и комична сцена. За топка се бореа Јусуф Фал (221 см) и Ти Џеј Шортс (175 см). На крај не пресуди висината на центарот на Барселона, туку интелигентниот потег на македонскиот репрезентативец.

Мајами драстично го суспендираше Батлер

Мајами Хит се огласи во врска со нивниот лидер Џими Батлер кој веќе подолго време е незадоволен и сака да го смени клубот. Франшизата од Флорида соопшти дека го суспендира Батлер на седум натпревари поради недолично однесување кое му штети на тимот, особено во последните неколку недели.

Здив им застана на Местаља во 100-та минута

Кулминација на петочната драмолетка меѓу Валенсија и Реал Мадрид, беше 10-та минута од судиското продолжение во која Луис Риоха имаше луд удар кој сите го видоа во гол.

Феноменалната парада на Столе очи во очи со Винисиус

Столе Димитриевски доби два дуела со нескротливиот темперамент на Винисиус, роден за кавги. Покрај провокацијата на која Бразилецот наивно наседна и доби црвен, му одбрани 100% шанса од само неколку метри.

Столе во дуел со Винисиус, Бразилецот доби црвен картон

Валенсија и Реал Мадрид одиграа луд натпревар во 12. коло од шпанска Ла Лига. Домаќините први поведоа на „Местаља“ со гол на нивниот најдобар играч центарфорот Уго Дуро. Реал Мадрид прво промаши пенал преку Белингем, па остана со играч помалку во 79' минута кога Столе Димитриевски побара од Винисиус Жуниор да не глуми пенал, а овој го удри и доби заслужен црвен картон. Реал со играч помалку направи луд пресврт и славеше со головите на нововлезениот Лука Модриќ во 85' минута и Џуд Белингем во 90+5' минута по кардинална грешка на домашниот играч.

Драма и пол на Местаља, Валенсија му подари 3 бода на Реал во 96 минута

Во првиот меч од 19. коло во Ла Лига видовме од сè по нешто. Пресврт, промашен пенал на Белингем против Димитриевски, поништен гол на Мбапе, како и црвен картон и ново дивеење на Винисиус.

Најсмешните кошаркарски минути во Новата година

Макави Тел Авив веќе подолго време игра Евролига во Белград поради војната меѓу Израел и Палестина, а Хапоел Јерусалим игра во кошаркарска сала во бугарскиот град Самоков. Таму често е празно па многумина пропуштиле да видат интересни акции од дуелот Хапоел Јерусалим - Арис Солун.

А има и вакви ножички - спектакуларни

Луд натпревар одиграле Перт Глори и Вестерн Јунајтед во австралиската прва лига А-Лига. Гостите славеле 2:3 со прекрасен гол на Џордан Латон во 90+5' минута од судиското продолжение. Само неколку секунди подоцна добил црвен картон, втор жолт зошто го соблекол дресот при прослава на победнички гол.