Барселона го совлада Атлетико Мадрид 1-2 на гости но не успеа да го надомести поразот од 0-2 на домашен терен во четвртфинале на Лига на шампиони. Тимот на Диего Симеоне оди понатаму. Синоќа после мечот еден од најрадосните беше Антоан Гризман кој по крајот на сезонава го напушта Атлетико Мадрид и ќе се сели да игра во Орландо во МЛС лигата во САД.
„Антоан, Антоан, имам нешто да ти кажам. Ти благодарам за се што направи за францускиот фудбал, за репрезентацијата и за фудбалот во глобала. Ми пружи многу и фала ти за тоа“, му рече Тиери Анри на Антоан Гризман на француски јазик.