Прекарот Ел Чоло станал семејно наследство, задолжителен атрибут што се пренесувал заедно со презимето, како своевидна регалија што докажува припадност кон благородна династија.
А за да ја прекине брската и да создаде своја сопствена биографија, Џулијано, најмладиот син на Диего се откажа не само од презимето на дресот туку и од прекарот: не сакал да биде ниту Чолито како што од милост го викаа навивачите, ниту Симеоне затоа што тоа му припаѓа на татко му.
Но Диего не бил прв играч кој така го прозвале. А ниту прв Симеоне.
Во средината на 1950-те години во аргентинскиот фудбал се појавил десниот бек Кармело Симеоне. Тој имал специфичен талент. Бил многу брз но со топка не бил нималку спретен, како да дошол од лигата на Нов Зеланд. Тој бил лош со топка дури и по мерка на бекови.
Но за негова среќа Кармело во неговиот роден Велез Сарсфилд бил трениран од Викторио Спинето, можеби единствениот тренер кај кого играл.
Спинето не верувал во уметничкиот и допадлив латиноамерикански фудбал. Некогаш и самиот снажен стопер, рано ја завршил кариерата. Како станал тренер, не сакал неговата екипа да игра технички убав фудбал туку борба, жестина, страдање и дуели. Тој бил основач на антифудбалот во Аргентина.
По такви принципи ги бирал играчите. Клучен збор во неговата игра бил fibra - односно силата на волјата и духовноста истовреме.
„Ако фудбалерот нема фибра, тој нема да стане голем“, рекол Спинето и додал: „Знаете кои играчи даваат најмногу од сите? Оние што ги нарекуваме мажи во вистинска смисла на зборот. Тие се спремни да се жртвуваат. Даваат се што имаат зошто се горди и не сакаат да бидат поразени“.
Кармело прв го имал прекарот Ел Чоло. Во некои латиноамерикански земји, овој прекар е доста чест. Потекнува од ацтекскиот збор „ксолоитцкуинтли“. Тоа било име за кучињата кои му служеле на богот на смртта Ксолотл.
Оваа раса кучиња, една од најстарите во светот се смета за мексиканско културно наследство и останува популарно ден-денес.
Но овој збор имал и друго значење. Ксолоицкуинтли значело кучињата на Ксолотл а името во превод значело и „чудовиште“. Овој збор некогаш се користел и да се опишат деца меѓу Ацтеките родени од мешани раси.
Во Латинска Америка зборот ксолоитцкуинтли го скратиле на „Ксоло“. Во зависност од регионот првата буква ја кажуваат како 'кс', 'с', 'ш' или како што веќе го знаеме 'ч'. Чоло.
Ова е името дадено на мешанците со посебна црта на индијанските староседелци. Кармело Симеоне како и другите станал „Ел Чоло“ преку мешавина од домородна и европска крв.
Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид тогаш немал такви параметри, но во академијата на клубот Велез Сарсфилд каде што пораснал фудбалски, го тренирал легендарниот Викторио Спинето. А на тренерот презимето Симеоне го потсеќало на некогашниот негов миленик „Ел Чоло Симеоне“.
И така го нарекол Диего во чест на него.
Со текот на времето се појавиле и други сличности. Диего се покажа како непопустлив борец и опсесивен како бекот Кармело. Никогаш не застануваше, дури и кога беше уморен неговата гордост не му даваше да прекине да трча и да влегува силно во дуели.
Му беа доверувани најважните делови од одбраната бидејќи знаеа со сигурност дека нема цена по која Симеоне би се откажал од победата.
Оваа карактеристична сродност ја одредила промената на терминот. Прекарот „Ел Чоло“ стана познат низ целиот свет. Двајцата Симеоне кои го прославија овој прекар беа симболи за отпор, борба и бестрашност во аргентинската култура.
Претходно овој вид фудбал се опишуваше со зборот garra или во превод упорност. Историчарот Херардо Каетано го дефинирал овој термин како „сила на волја за надминување на неволјите“.
А терминот „Чолизам“ го замени сега и стана аргентински бренд. Ел Чоло повеќе не е за расно мешање. Чолизмо е garra, Чолизмо е fibra, Чолизмо е победа која изгледа невозможна. Тоа е успех против сите пречки и борба против сите потешкотии без оглед на се.
Тоа е Симеоне. Кармело и Диего.