Offside

Познат турски коментатор на државната телевизија ТРТ во преносот меѓу Иран и Нов Зеланд цели 5 минути ги мешал фудбалерите па кога Иран бил во напад ги кажувал играчите на Нов Зеланд и обратно. Дур некој не му укажал од режија или додека на крајот не приметил дека Мехди Тареми носи бел дрес.

Фудбалер на Лудогорец се надмина себе си во промашување пенал

Пјерос Сотириу, репрезентативец на Кипар и член на Лудогорец постави нови критериуми во изведување пенал, кој не се повторува ниту со напорни тренинзи. Па дечково го измами фудбалот и очекуваме светска слава да стекне со клипов.

Неверојатен кош на Лука Дончиќ со звук на сирената за победа

Лука Дончиќ изведе уште еден бравурозен потег со кој на Далас Маверикс му донесе нов триумф, овојпат против Бостон Селтикс од 107:104. Во последниот напад, при нерешен резултат, Дончиќ чекаше до последната секунда со цел да се обиде со тројка да го урне ривалот. И му успеа. На крај имаше 33 поени, 9 скока и 3 асистенции. Неверојатно!

Харден што ти бидна?

Бруклин стигна до 6-3 сезонава. Го совладаа Детроит со 90-96. Дурент растури со 29-10-5, Џејмс Харден имаше трипл-дабл со 13 поени, 10 скока и 10 асистенции ама и го направи најчудниот потег во НБА сезонава. Што му стана, кај отпатува?

Гол во Словенија после кој стадионот стоеше во чудо

Фудбалерот на словенечкиот клуб Радомље, Гедеон Гузина од БиХ, на мечот со Целје постигна гол на кој може да му позавидат Роналдо, Меси, Нејмар и Дибала. Некогашниот играч на Сараево и Борац Бања Лука направи шоу за кое неколку дена се зборува на социјалните мрежи.

Рецептот на ПСЖ е Мбапе - Нејмар

Со Ди Марија и Икарди на клупа и Меси повреден, ПСЖ без проблеми го делка Бордо на гости и по 1 час игра има 0:3. Кога Мбапе асистира, а Нејмар погодува, тоа е убавина за гледање, а се случи два пати во првиот дел.

Филип Лазаров раскажа анегдота од детството со Кире

Капитенот и селектор на македонската ракометна репрезентација, реши долгиот животен пат до славата да го раскаже во книга, која тежи 230 страници. Вели дека ќе прочитаме работи кои до сега не сме ги чуле за него. Збор два на промоцијата доби и брат му.

Љубовната приказна на Чави со Барселона

Новиот тренер на каталонскиот гигант е дете на клубот. Во Барса помина повеќе од две децении и најубавите моменти од животот му се поврзани со блауграна.

Како изгледаше играта на Барселона со Меси, Чави и Иниеста

Едниот е во Париз, другиот во Катар, ама на пат за назад, а третиот во Јапонија. Тоа што го правеа заедно треба да се предава како посебен предмет. Само љубоморен фанатик по фудбал знаеше да каже дека нивното било досадно. Уметност број 1, која многу тешко се достигнува.

Во Аргентина за репрезентација повикан играч од Серија Ц кој го викаат нов Ди Марија

Пауло Дибала со два гола против Зенит стигна до 6 гола и 3 асистенции сезонава. Но тој не е единствен Аргентинец под договор со Јуве сезонава кој е повикан во репрезентацијата на „гаучосите“ за дуели од квалификациите за Светско првенство против Уругвај и Бразил.

Велемајсторскиот гол на Платини и протестот што му го поништија

Го видовте ли начинот на кој се радуваше Дибала за голот на мечот против Зенит во ЛШ? Се работи за гол број 105 во дресот на Бјанконерите со кој го мина Мишел Платини. Зошто легна на земја? За да прослави што успеал да ја мине француската легенда. Потегот му беше имитација.

Го чувал како мал, сега ќе му биде тренер во Барселона

Додека Ал Сад и Барселона ги решаваат и последните формалности за преминот на Чави на клупата на каталонскиот гигант, интересни моменти се случуваат и кај фудбалерите на овој тим.

Мистериозниот човек кој седеше до Торес во ложата на Енфилд Роуд

Шпанскиот напаѓач даваше голови и за Ливерпул и за Атлетико Мадрид, па беше да го гледа дуелот во Лига на шампиони на двете екипи за кои настапуваше. Ама Торес не е спорен, туку тој до него кој гледа фудбал целосно камуфлиран, мислиш отишол на Лужњики во Москва. Ќе ја открие ли Фернандо Торес мистеријата?

Жозе и против Бодо се вадеше на судиите и влезе во дуел со новинар

Само две недели откако го изедоа срамот на годината и загубија 6:1, фудбалерите на Рома и на Олимпико не успеаа да ги победат Норвежаните. 2:2 одиграа и тоа губеа два пати. Мурињо вели дека судијата треба да го објасни мечот, а не тој. Што е за право, гостите два пати играа со рака во шеснаесетник.

Најжалниот дрес од Јужен Судан

Кога фудбалот станува единствена причина за радост, среќа, претстава дека си жив, присутен, дека постоиш.

Или дајте му Златна топка на Левандовски или јас ќе му ја дадам мојата

Поранешниот легендарен шпански фудбалер, Луис Суарез со неверојатен фудбал ја заслужил Златната топка во 1960-та година пред иконата Ференц Пушкаш. Сега тој човек на стари години има порака до фудбалскиот свет.

Навивачите на Тотенхем царски го пречекаа Конте

Иако има долгогодишна пракса да не превзема нов тим на сред сезона, Антонио Конте не можеше да оддолее на богатата понуда на гигантот Тотенхем и прифати да ги води Спарси. Синоќа дебитираше на клупата со победа од 3-2, а пред мечот навивачите топло го пречекаа од трибините.

Левиот бек на Партизан го даде голот на кариерата, коментаторот зајде

За било кој играч ова е ќеифско голчиште, а не па за бекче кое обично има задача да држи игра странично и да нафрла. Слободан Урошевиќ од Партизан на гостувањето против Гент влезе во филмот на Луис Фиго.

Како Тадиќ се појави во Амстердам ден после болниот гол

„За победа во Дортмунд потребни се мадиња“, напиша Душан Тадиќ на Твитер после голот и пресвртот. А за вака да се појавиш ден потоа во тренинг кампот на Ајакс, што се потребни? :) 

Го имаме тенискиот потег на 2021-ва

На Мастерсот во Париз играат Ѓоковиќ, Медведев, Зверев и уште многу познати тенисери. Еден од носителите, Аргентинецот Диего Шварцман неочекувано изгуби од Американецот Маркос Гирон во два сета во тај-брејк, ама на стартот на мечот го направи поенот на годината.

Малериште на колото за 1,2 милиони денари

Умно и рационално одиграни 12 парови од Лига на шампиони измешани од вторник и среда и уплатени на 100че. Добивка боли глава. И на цел мајсторлук, на двознак изгинал, Динамо Киев - Барселона 0:1, а тој ја играл 1X. Нема полошо. А разбирлив му е типот, со оглед на тоа колку се килави Барса сезонава. Голема штета, заслужуваше да биде махериште.

Кога Донарума сака да биде Ноер, ама излегува смешен

ПСЖ синоќа остана без триумф на гостувањето против Лајпциг во судиското продолжение, ама и бодот не е лош, со оглед на тоа што Џиџо Донарума одбрани пенал. Тоа сè океј, него што му беше со чуднава реакција кога непотребно го напушти голот? Имаше двајца негови играчи од кои едниот ја собра топката против еден.

Главната ѕвезда до сега сезонава во НБА направи несекојдневен потег

Брон, Дејвис, Дурент, Вестбрук се стандардни на стартот на НБА сезоната. Стеф Кари растура како и обично, ама во лигата има еден играч кој после 8 меча е најголем спектакл за гледање.

А ја видовте ли „крокодил тактиката“ на Интер?

Веќе некое време хит при изведување слободни фрлања е еден да лежи позади живиот ѕид, за да се покрие дупката која ќе се отвори откако ќе скокнат сите. Онаа што ја погоди еднаш и Тони Мицевски на Градски против Турција. Епа во Интер таа тактија знаат да ја користат и во игра.

Фудбалска судбина - пред 25 години Малдини и Консеисао, сега нивните синови еден против друг

Милан и Порто одиграа сосема добар натпревар со неколку шанси на двете шанси. На крај поделија по бод (1:1) што повеќе им одговараше на гостите кои обезбедија најмалку Лига Европа на пролет.