Македонскиот репрезентативец го постигна последниот гол на средбата во 81-ва минута за конечни Аталанта - Наполи 1:3.
Првите два гола за Наполитанците ги дадоа Инсиње и Политано во првиот дел, а водстото го ублажи Де Рун во 58-ма минута.
За Елиф Елмас ова е трет гол сезонава во Серија А, а има и четири асистенции, а за Наполи 66 бода, исто колку што има и првопласираниот Милан кој утре игра дома со Болоња.
До крајот на сезоната остануваат уште седум кола.