
Тренерот на Баерн Минхен Јулијан Нагелсман пред крајот се реши во игра да ги внаесе Забицер и Зиле наместо Кингсли Коман и Толисо.
Но во еден момент при забуна со бројките на таблата кај четвртиот судија, само Толисо ја напушти играта па Баерн играше 15-20 секунди со 12 играчи на терен.
Фрајбург има право да се жали на ова и да побара службена победа, но нивниот тренер Кристијан Штрајх рекол дека не планираат такво нешто за да поднесат жалба и дека Баерн не стекнал никаква предност во тој период кога имал играч повеќе на теренот.
Главниот судија Кристијан Дингерт после мечот изјавил како дошло до вишок играчи кај Баерн:
„Тоа беше комплетна забуна на теренот. Имаше двојна замена во Баерн, а првично беше покажан погрешен број и затоа Коман не сфати дека треба да ја напушти играта. Тоа беше главната причина поради која видовме 12 играчи на Баерн на теренот во краток временски интервал. Го забележавме тоа и ја сопревме играта, се консултиравме едни со други и го продолживме мечот. Стануваше збор за 15 или 16 секунди, не падна гол во тој период. Ние го ставивме тоа во записникот, но последниот збор ќе го има Фудбалската федерација“, изјавил Дингерт.