Offside

Во НБА ретко се откажуваат од огромни договори. Тоа е животен сон за многумина, да се обезбедат за уште долго по крајот на кариерата.

Фешта во соблекувалната на Македонија

Бараж пресметките за пласман на Мундијалот во 2023-та овој пат беше потежок, бидејќи требаше да се минат две пречки. Македонија ги елиминираше Романија и Чешка и сега може заслужено да наздрави за шестото Светско првенство по ред. Браво јунаци.

Цела сала во делириум, Македонија оди на Светско

Кире и другарите го слават на големо новото мундијалско учество кое успеаа да го остварат на драматичен напад. Филип Кузмановски погоди пенал за триумф од 27:25 и ја фрли во транс цела сала. Ракометарите побудалеа од радување.

Аплаузи, овации и урамен дрес за Жути

По две децении ровање на светски и европски првенства, популарниот Филип Миркуловски кој срцето го остави за Македонија, вечерва ја бие последната репрезентативна битка во кариерата. Цела сала стана да му аплаудира. Благодариме мајсторе.

7.000 грла силно во еден глас за македонската химна

Бараж натпревар на Македонија за Светско 2023. Последна репрезентативна битка на големиот борец Филип Миркуловски. Картите продадени како алва за еден ден. Сè е во знакот на црвено-жолтата боја. Слушајте и уживајте, иако во сала верувајте дека е друг филм.

Првиот фудбалер на светот во ХХI век со 50 хет-трика во Топ5 лигите

Португалецот Кристијано Роналдо сам го реши Норвич и со хет трик му донесе злато вредни три бода на Манчестер Јунајтед (3:2) кој остана во трката за место кое води во Лига на шампиони.

Шах-мат од слободен удар

Во полуфиналето на шкотскиот Куп, Хартс со 2-1 го победи Хиберниан. И двата гола на победничкиот тим беа прекрасни евроголови. Прво Елис Симс а после и Стивен Кингсли по мајсторски одигран слободен удар.

А што па јас да те ранам, еве ти ја цела банана

И сега ова е расизам или човекот мисли на здравјето на другарот, па сака да му фрли да касне овошје. М?

Навивачите на Пирин Благоевград со мислите на изборите во САД 2024

Многу навивачки групи периодов ја поддржаа Украина и ги осудија нападите на Путин. Некои им удрија контра со анти НАТО пароли за нападите во Србија. Бугариве па Трамп го бараат назад. Секој со своето.

И на голман може да не му е денот

Во првото коло од азиската Лига на шампиони малезискиот Џохор Дарул го разбива кинескиот Гвангжу Евергранде кој за некое чудо нема ама баш ниту еден странски фудбалер во составот а има и кинески тренер. После првиот дел Малезијците водат 3-0 а гостинскиот голман Липан Хе си даде и смешен автогол.

Гвардиола брутално искрен за себе и Биелса

Тренер со толкава слава и успеси кои повлекуваат силно его и суета е просто неверојатно да признае вакво нешто за себе и да ја истакне способноста на колега, во случајов Марсело Биелса.

Срна објави фотки од стадионот на украинскиот прволигаш ФК Десна

Спортскиот директор на Шахтјор Доњецк покажа во каква состојба е стадионот на ФК Десна од Черинхив кој има, односно имаше капацитет да собере 12.000 гледачи, а е изграден во 1936-та. Ова беше дом и на женската фудбалската репрезентација на Украина.

Битката за Скудето е жестока и неизвесна како никогаш, Милан е со најтежок распоред

Се сеќавате ли кога последен пат во финишот на сезоната во Италија во игра за титулата биле три-четири екипи?

Тој што ќе те побара на слободни фрлања, тој да го чуваш

За време на вториот меч од финалето на плејофот во женската кошаркарска лига на Црна Гора меѓу Подгорица и Будуќност (50:71), Виолета Лазаревиќ во 14’ минута се спремала да изведе слободни фрлања. Во еден момент ѝ приоѓа судијата Стефан Вуковиќ со предлог.

Кога ти викаат дека „Камп Ноу“ бил неосвоива тврдина

Претседателот на Барселона Жоан Лапорта и тренерот Чави после поразот и испаѓањето од Ајнтрахт Франкфурт на домашен терен 2:3, не можеа да се начудат како преку 30.000 навивачи на германскиот клуб стигнале до карта за „Камп Ноу“. Како од вчера да организираат натпревари и не знаат дека во слободна продажба секој е слободен да си купи карта за која било друга трибина.

12 годишен бегалец од Мариупол влезе од клупа и го реши мечот меѓу Шахтјор и Лехија

13 кратниот украински првак ја продолжува турнејата за мир во Украина, а на синоќешниот меч му даде шанса на дете кое доживеа момент кој цел живот ќе го памети.

„Ако ви се гледа дојдете и гледајте фудбал на Светско, не да мавтате со ЛГБТ знамиња“

Мајор Генерал Абдулазиз Абдула Ал Ансари, човек задолжен за безбедноста и сигурноста за време на Светското првенство во Катар претстојнава зима од ноември до декември, вели дека тој е против промоција на ЛГБТ и какви било политички активности.

Бензема му ја нацртал акцијата на Винисиус со која го елиминираа Челси

Ај што е подивен со голови и има импресивна бројка од 125 комада откако Роналдо си замина од Реал, туку и се враќа, брка, разигрува, асистира и им ги црта акциите. Хет-трик против ПСЖ, па хет-трик против Челси и на крај гол во продолженија на реваншот против европските прваци. Мали, слушај ваму сега како ќе ги елиминираме.

Тргнете се да поминат навивачите на Ајнтрахт

Навивачите на Ајнтрахт Франкфурт не знаат да одат на гостување со 2, 5 или 10.000 навивачи. Царевите одат со неверојатна цифра од над 30.000, која ја достигнуваат не на меч во Германија, туку во друга земја. Кортеото кое направија на улиците во Барселона е да може да поминат они и никој друг. Па Св.Николе според последниот попис има околу 15.000 жители.

Двата проектили на Камп Ноу

Ајнтрахт Франкфурт и го нанесе првиот пораз на Барселона после извонредната серија од 15 меча и ја елиминираше од ЛЕ. Мечот заврши 2:3, а каталонците двата гола ги дадоа во судиското продолжение. Имаме две голчишта за издвојување, оние на Рафаел Сантос Боре и Серхио Бускетс.

Спектакуларно пиротехничко шоу, Фемили Аеродром слават јубилеј

Навивачката група Фемили Аеродром одбележува 25 години од своето постоење. Јубилеј кој го прославија со бакљи од железничка станица по цел булевар. Славјето ќе продолжи вечерва во Јане Сандански, бидејќи од 21 часот МЗТ игра полуфинале од завршниот турнир во АБА 2 лигата.

Како во буквална смисла изгледа кога ќе кажат ја искина мрежата

Во првото коло од Купот на Аргентина, Расинг де Кордоба и Сан Лоренцо одиграа 1-1 па се прејде на пенали. Третолигашот Расинг победи во пенал-рулетот против познатиот прволигаш а најјак момент беше пеналот на Емануел Хименез кој буквално ја пробуши мрежата.

Норвешки јадови за Мурињо

Жозе Мурињо цел живот ќе го памети норвешкиот клуб Бодо/Глимт, симпатична екипа од северна Норвешка од која на 3 средби доживеа 2 порази. Првиот беше историска бламажа за Рома, дебакл од 6-1, а изгубија повторно минатата недела во четвртфинале на Лига Конференции 2-1 на гости. Вечерва играат реванш.

Португалско „и да изгубите нема да ве оставиме“

Бенфика го загуби првиот меч 1-3 од Ливерпул во 1/4 финале на Лига на шампиони па на реваншот отиде да се надигрува. Одиграа сјаен дуел кој заврши 3-3 а навивачите кои допатуваа до „Енфилд“ со песна ги поздравија милениците.

Се огласи Кореецот кој го избркаа од Перуџа затоа што ја исфрли Италија од Светско

И Јужна Кореја има свој Трајковски. Ѕвезди како Тоти, Виери, Дел Пјеро и компанија ги елиминираше на СП во нокаут фаза. Голема болка на Италијанците стара 20 години.