Пандев на големиот јубилеј - 100 години од основањето на клубот: „Беласица мора да ја чуваме уште илјада години“

Прославениот најдобар македонски фудбалер во историјата, во својот роден град и матичен клуб беше присутен за време на големата прослава на сјајниот јубилеј: 100 години Беласица Струмица.

Со официјална церемонија, пригодни свечености, настап на фолклорно друштво и други настани, претседателот на Беласица Славчо Васков - Пинда му додели свечено признание на Пандев како најголема икона на струмичката гордост.

„Чест и задоволство ми е што сум тука. Сите знаат што за мене претставува Беласица, но и за цела Струмица. Беласица е гордосто за сите нас и треба да ја чуваме уште илјада години. Посакувам што побрзо да влезе во Прва лига и да обезбеди настап во Европа“, изјави Гранде пред стотици присутни гледачи на стадионот „Благој Истатов“.

Поради проблем со електрично напојување, мечот Беласица - Брегалница Штип доцнеше час и половина а откако се одигра, гостите ја однесоа победата 1:2.

Обраќањето на Горан Пандев почнува од 26:53 на видеото на ФБ страницата на ФК Беласица.

 

 

1 август 2022 - 09:51