
Ако на времето клубовите од регионов славеа со песна кога во квалификации ќе им паднеше ривал од Малта, Фарски Острови, Сан Марино или Гибралтар, сега ситуацијата делува парадоксално спротивна.
Испаѓа како клубовите од овие земји едвај да чекаат во Нион да им извлечат ливче со име на некој балкански клуб.
СРАМНИ ЕЛИМИНАЦИИ НА МНОГУ КЛУБОВИ ОД ЕКС-ЈУ
Верувале или не, во 3. квалификациско коло за Лига Конференции, Фарски Острови и Малта ќе имаат повеќе претставници од цела поранешна Југославија!
Прв бламажа искрка Борац од Бања Лука. Испаднаа Бањалучани од Торшавн од Фарски Острови, клуб кој со години служел за тренинг во квалификациите.
Уште пошокантно делува дека клубовите од Малта и Фарски Острови беа кобни и за реномирани екипи како Раднички Ниш, Сутјеска Никшиќ и Вележ Мостар.
Ако никогаш не сте слушнале за Хибернијанс, Б36 Торшавн, Класквик, Гзира и Хамрун, сега е право време.
Хибернијанс, Гзира и Хамрун се од Малта, Б36 Торшавн и Класвик од Фарски Острови. Сите овие клубови го поминаа 2. квалификациско коло што не се случило скоро никогаш.
11 клубови од Екс-ју испаднаа а некои од нив изгубија токму од гореспоменатите анонимуси.
Во 2. коло среде лето, европската приказна ја завршија: Раднички Ниш, Македонија Ѓорче Петров, Осијек, Риека, Тузла сити, Вележ, Олимпија, Копер, Мура, Будуќност, Сутјеска.
Фудбалска Србија, Хрватска и Црна Гора се во голем шок. Србите не можат да поверуваат како Раднички Ниш на свој терен пред десетина илјади гледачи три пати водеше против Гзира од Малта за да гостите три пати се враќаат и на крај на пенали да однесат голема победа.
Хрватски Осијек минатата недела победи 1-2 на гости кај непознатиот Кизлижар кој во Казахстан се борел за опстанок сезонава, но дома изгубија 0-2 и испаднаа со вкупен резултат 3:2.
Исландски Бреидаблик ја елиминираше подгоричка Будуќност со вкупен резултат 3:2. Хамрун од Малта лесно се справи со Вележ со вкупен резултат 2:0. Шведски Дјургарден ја исфрли Ријека како од шега со вкупни 4:1, Ки од Фарски Острови ја елиминираше Сутјеска Никшиќ со 1:0, ирски Сент Патрикс ја совлада Мура со вкупни 3:1 а ЦСКА Софија лесно во реваншот ја победи Македонија ЃП со 4-0 по 0-0 во Скопје.