На големото дерби од романската фудбалска лига меѓу Стеауа Букурешт (ФЦСБ) и Универзитатеа Крајова 1948, судијата Адриан Којокару неколку минути зеваше во празно додека ВАР системот работеше како расипана ВХС касета.
Судијата Којокару во 57’ минута од дербито сакал да ја прегледа епизодата кога Дава го згазнал Дуарте и на крај се решил за пенал од кој гостите израмниле преку Компањо за конечен резултат 1-1: