Offside

Иако во прв план последниве неколку месеци се ултра модерните арени ширум САД, едно легендарен фудбалски храм тивко, искусно и од сенка чека уште едно свечено отворање на големо Светско првенство.

Нов чудесен потег на младиот Алкараз на Ролан Гарос, публиката во транс

Додека се спрема големиот спектакл Надал - Ѓоковиќ, младата светска тениска надеж Карлос Алкараз се пласираше во истата фаза на Ролан Гарос откако го совлада Карен Хачанов со 3:0 во сетови 6:1, 6:4, 6:4 за два часа и 16 минути.

Цел плоштад во Мадрид му прати порака на Мбапе на прославата на титула

Реал Мадрид доминантно владее со Европа. По титулата во шпанска Примера каде направија дар-мар, „кралевите“ го кренаа и највредниот трофеј на континентот. Во финале на ЛШ во Париз со 1-0 го совладаа Ливерпул и стигнаа до 14. евро титула. Тоа беше причина за големо традиционално славје на централниот градски плоштад Сибелес во Мадрид.

Легендарниот Нотингем Форест се врати во Премиер лига после 23 години

Англиската Премиер лига го дозна и третиот нов член кој доаѓа од Чемпионшип. После Фулам и Борнмут, сега и Нотингем Форест се пласираше во елитата откако во финалето на плејофот го совлада Хадерсфилд 1:0 со автогол на стоперот Леви Колуила.

Сент Етјен испадна на пенали во втора лига, навивачите направија хаос каков што не се памети во Франција

Во Франција од почетокот на сезонава 2021/2022 немаше коло кое помина без нереди. А кругот со навивачки хирови го затворија навивачите на трофејниот и еден од најстарите клубови, Сент Етјен.

Колекција од неверојатните одбрани на Куртоа

Белгискиот репрезентативен голман Тибо Куртоа беше прогласен за играч на мечот на финалето Реал Мадрид - Ливерпул. „Кралскиот тим“ поголем дел од натпреварот беше на своја половина, во подредена положба се бранеше одлично, а Тибо беше јунак со неколку феноменални одбрани.

Како изгледаше големото славје на шампионот Реал Мадрид

Реал Мадрид во Париз го совлада Ливерпул со 1:0 и ја освои 14. титула во Лига на шампиони, петта за повеќето фудбалери од актуелниот состав.

Клоп ги повикуваше да дојдат и без карти, па илјадници влегуваа на сила во Париз

Фудбалскиот клуб Ливерпул излезе со соопштение во кое топката за големиот хаос пред финалето на Лига на шампиони со Реал Мадрид во Париз, ја префрла кон организаторот. А не се запрашаа како нивни навивачи без карти прескокнуваа бариери и огради и направија џумбус.

Финалето на Лига на шампиони доцнеше 36 минути поради очајна организација на Париз

Навивачи на Ливерпул без карти насилно влегувале на вечерашното финале поради што многу со влезници останале пред стадионот каде настанал голем хаос.

Кралот одново на тронот, Реал Мадрид е шампион на Европа!

Фудбалерите на Реал Мадрид ја освоија 14. титула, петта во последните осум години во Лига на шампиони откако вечерва во Париз на „Стад де Франс“ го победија Ливерпул со 1:0.

Мајстор Мурињо, отвори задна

И покрај тоа што одигра бледа сезона во италијанската Серија А и во Купот на Италија, Жозе Мурињо вешто стигна до трофејот во Лига Конференции, прв европски трофеј во историјата на Рома и пред илјадници навивачи во Рим правеше шоу со својата екипа.

Никола Митревски е шампион со Порто, бурно ја прославија титулата

Ракометарите на Порто победија 34-18 на гостувањето кај Агуас Сантас и со 28 триумф во сезоната ја освоија 23-та шампионска титула во клупската историја. Бранкињо постигна осум гола а македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски запиша 9 интервенции со што уште еднаш потврди дека е меѓу најдобрите голмани на континентот.

Батлер како Џордан, го растури Бостон на гости и ја врати серијата во Мајами

Кошаркарите на Мајами Хит го возвратија ударот против Бостон Селтикс. Откако „детелините“ земаа победа на претходниот меч на гости, сега „жешките“ успеаа кога е најтешко да израмнат на 3-3.

Елмас одмора од наполитанскиот џагор во селска идила

По напорната сезона со 46 настапи за Наполи на три фронта, Елиф се релаксира и ги полни батериите пред репрезентативните настапи на чист планински воздух. Се прошета низ зеленилото, ја посети чешмата, израдува еден куп деца, а потоа си седна излетнички на мезе.

Какво било првото европско финале меѓу Ливерпул и Реал одиграно во Париз?

Во Париз во сабота вечер од 21 се игра најголемиот натпревар во европскиот клупски фудбал - финале на Лига на шампиони. Ќе се судрат титаните Реал Мадрид и Ливерпул кои на фантастичен начин ги урнаа сите препреки во нокаут фазата.

Како Мурињо ја обнови Рома и ја направи кадарна за европски трофеј?

Многумина сметаа дека на Португалецот му заврши најдоброто време и ретко кој веруваше дека сезонава ќе испише историја. Но тој ги обедини и клубот и базата на навивачи, за прв пат од неговото време во Интер.

Новото знаме на Ливерпул со колумбиска асоцијација

Ништо чудно да стои на некоја од трибините во Париз утре вечер за време на големото финале меѓу Ливерпул и Реал Мадрид. Луиз Диаз, една од главните ѕвезди на Ливерпул е од Колумбија, па навивачите направија смислена досетка.

Големиот Голден Стејт е во ново финале на НБА, а Дончиќ го има потегот на вечерта

Вориорс го совладаа Далас Маверикс во петтиот меч од серијата 120:110 и со тотално доминантни 4-1 во серијата се пласираше во ново НБА финале кај што ќе го чека подобриот од Бостон/Мајами. Воините ќе го играат шестото финале во последните осум години!

Сте гледале ли пливање во слободен стил, краул, ама на фудбалски стадион?

Силен дожд го одложи фудбалскиот натпревар во Бразил меѓу Спорт Ресифе и КРБ. Нема проблем, тогаш ќе им понудиме друг спорт на гледачите. И онака жештини фатија. Три, два, еден, сад.

Десантот на Армада Ријека со брод во Сплит за финале на Куп

За секој навивач нема поголемо задоволство од гостување со најблиска екипа во друг град. Фантастично доживување имаа приврзаниците на Ријека кои со огромен брод се искрцаа до Сплит за големото финале.

Една подзаборавена петица во финале на ЛШ

Порто има два трофеи во ЛШ, вториот со Мурињо во 2004-та, а првиот на денешен ден пред точно 35 години под водство на хрватскиот стратег Томислав Ивиќ. Го добија Баерн Минхен во Виена со 2:1 и тоа со екстра брз пресврт, дело на Алжирецот Раба Маџер 79` и Бразилецот Жуари 81`. Ваквите голови во финале како петицата на Маџер се реткост. 

Јапонец патувал 9.500 километри за да го гледа Хајдук во финале на Куп

За пасијата за фудбал на Јужно-американците, Турците, Грците и Мароканците сме запознаени одамна. Ама и во Јапонија да ти имало позитивни лудаци за најважната споредна работа на свет.

Хајдук освои пехар после цели 9 години, Сплит гореше од прослави

Фудбалерите на Хајдук го освоија хрватскиот Куп за сезонава 2021/2022 а со тоа и првиот трофеј после речиси една деценија. На својот „Пољуд“ кој беше исполнет до последно место, Сплиќаните губеа 0-1 од ривалот Ријека но направија целосен пресврт и славеа победа од 3-1.

Најубавите голови на сезоната собрани на едно место

Во Европа се спушти завесата во речиси сите првенства. Се прославија титули, купови, се плачеа испаѓања, борби за опстанок и слично. Налетавме на видео на кое некој цар ги собрал, направил компилција од најубавите голови на сезоната 2021/2022. Уживајте!