
Елмас доби шанса уште од првата минута во напад со Осимен и Лозано и веднаш ги оправда очекувањата.
Најпрвин со одлична асистенција до Осимен по само 15 минути игра за 1:0, а потоа во 58-ма минута со страшен трк и голчиште во негов стил откако си поигра со еден од дефанзивците на Удинезе.
По еден час игра Наполи има 3:0 против Удинезе и со тоа уште еднаш ја потврдува сериозната кандидатура за Скудето.
13 победи, 2 нереши, 0 порази и +11 пред второпласираните Лацио и Милан кои утре ги играат своите последни натпревари пред паузата за Светско.
Деби гол на Несторовски сезонава, кој им внесе немир на Наполитанците во финишот