По завршувањето на клупскиот фудбал кој ќе паузира поради зимското Светско првенство, Кристијано Роналдо, на негово барање му даде бомбастично интервју на познатиот британски новинар Пирс Морган.
Додека интервјуто се шири и коментира на големо поради неговиот напад врз клубот и тренерот, англискиот печат пишува дека за овој потег тој ќе треба да му плати на Манчестер Јунајтед астрономска казна од 1 милион фунти.
Големата суперѕвезда во интервјуто вели дека се чувствува како клубот да се обидел да го избрка и дека не го почитува својот тренер бидејќи и тој не покажал никаква почит кон него.
„Некои луѓе не ме сакаат тука, не само тренерот туку и други двајца или тројца момци. Не само оваа, туку и минатата година.
„Искрено, не треба да го кажам тоа. Но, не ми е гајле. Луѓето треба да ја слушнат вистината. Да, се чувствувам изневерено“.
„Откако си замина Сер Алекс Фергусон, нема еволуција во клубот. Прогресот е нула. Клуб како Манчестер Јунајтед откако го отпушти Оле, го носат Ралф Рангник, кој не е ниту тренер. Потег кој никој не можеше да го разбере. Тоа не ме изненади само мене, туку цел свет.
„Ништо не е сменето, па дури ни базенот, џакузите, фитнес центарот, па ни кујната. Застанати се во времето, што ме изненадува многу“.
За Вејн Руни:
„Не знам зошто ме критикува толку лошо. Можеби затоа што ја заврши кариерата, а јас сè уште играм на високо ниво. Плус изгледам подобро од него“.
За Тен Хаг:
„Немам почит кон него, затоа што тој нема почит кон мене. Ако немаш почит кон мене, јас никогаш нема да имам почит кон тебе“.
„Мислам дека навивачите треба да ја знаат вистината. Му посакувам се најдобро на клубот. Затоа се вратив во Манчестер Јунајтед“.
„Фергусон знае подобро од сите дека клубот не е на патот на кој заслужува да биде. Тој знае и сите знаат. Луѓето кои не го гледаат тоа е затоа што не сакаат да го видат“.
Пирс Морган за TalkSPORT вели дека Роналдо сам го побарал интервјуто.
„Кристијано ме замоли да го направам тоа. Едноставно е. Јас не го прашав него, туку тој мене. Тој размислуваше за ова подолго време, не е тајна дека има длабока фрустрација за тоа што се случува во Јунајтед.
„Тој чувствува дека треба да проговори, знае дека тоа ќе биде запалливо и дека ќе предизвика некои промени, но исто така чувствува дека треба да го направи ова. Знае дека луѓето ќе го критикуваат, но знае и дека тоа што го кажува е вистина.
„Понекогаш вистината боли. Тој размислуваше за ова некое време и ми се јави. Светското првенство ќе почне, а тоа му дава еден месец да се одвои од Јунајтед и да има време за тоа што го кажа да се смири. Тој може да се врати и да ги реши работите“.
👀 “Cristiano asked me to do it.”
— talkSPORT (@talkSPORT) November 14, 2022
🔥 “He knows it’s going to be incendiary but he feels he should be doing this.”
🙏 “He loves #MUFC & the fans but feels if he doesn’t speak nothing will change.”@PiersMorgan explains how and why his interview with Ronaldo happened. pic.twitter.com/VGJMDs80ex