Каква вечер за македонските репрезентативци, нов гол за Миовски

Откако Елиф Елмас и Илија Несторовски со голови и асистенции го збогатија мечот Наполи - Удинезе (3:2), вечерва им се придружи и Бојан Миовски со нов гол за Абердин. Центарфорот стрелаше од пенал во 37' минута за нови три бода со кои неговиот тим е трет зад неприкосновените Селтик и Ренџерс.

Ова беше 11-ти погодок за Бојан Миовски сезонава во шкотската Премиер лига со што го дели првото место на листата стрелци со Антонио Чолак од Ренџерс.

Македонскиот репрезентативен центарфор сезонава на четири меча постигна по два гола.

Блескав настап на Елмас со мајсторски гол

Деби гол на Несторовски сезонава

12 ноември 2022 - 21:00