Мечот Наполи - Удинезе од 15. коло во Серија А, мина со македонски шмек. Елмас ги одигра сите 90 минути и блесна со мајсторски и гол и асистенција. Но и покрај водството од 3:0, Наполитанците не беа комотни до крај бидејќи џокерот Илија Несторовски и 20 годишниот Лазар Самарџиќ, за 3 минути дадоа два гола во 79-та и 82-ра минута за конечни 3:2. Ова е прв гол за Нестор сезонава во Серија А.