Го вика истото што и Леброн. Во гостување во Јутјуб емисијата „How hungry are you?“ кај Серж Ибака, Јанис за 18-годишниот Французин кој игра во клубот Метрополитанс-92 и се спрема за НБА, рекол:
„Кога ова дете ќе дојде, спреми се. Ако не си спремен, ова дете ќе биде проблем. Никогаш не сум видел такво нешто во живот. Го видов од близу, тој беше во ист тим со брат ми Костас.
Повисок е од Руди Гобер но може да блокира шутеви како Руди и да шутира како Кеј Ди (Кевин Дурент). Лудо! И има многу добар став. Ако остане здрав, ќе биде многу добар“.
Младиот Виктор Вембанјама дебитираше со 18 години за репрезентацијата на Франција против Литванија и имаше 20 поени со 6/13 од игра и погодени 7/7 слободни фрлања, со 9 скока за индекс 23.
Giannis on @vicw_32: “I have never seen this before in my life”. The "How hungry are you?" Season 5 premiere with @Giannis_An34 is out tomorrow! Check it out on @YouTube and on @Sportsnet in Canada #hhay #howhungryareyou #giannis #greekfreak #nba #bucks #wembanyama pic.twitter.com/wrWuEHtGh7
— Serge Ibaka (@sergeibaka) November 13, 2022
Селекторот на Франција Венсан Коле кој ја спрема селекцијата за Олимписките Игри во Париз 2023 вели дека Виктор го потсеќа на Литванецот Арвидас Сабонис. „Не е толку јак како Сабонис, но има исти вештини“.
Виктор Вембанјама е висок 2.21 а може да покрива неколку позиции и необично добро ја води топката како плеј или бек-шутер.