Offside

На човек да му е глупаво да го слуша ова. Заслужуваме ли ваков настан дечки? „Нема тоалети во собите, па мора да делите со другите. Имаме проблеми со водата, немаме вода во блоковите, само во кујната. Ограничено е на две шишиња за еден човек. Нема клима во собата. Храната не е добра и порцијата е мала“.

Ти меч во Премиер лига имаше викендов или беше во Багдад?

Евертон го пречека Вест Хем во 8. коло од англиското првенство. Во 74-та минута прими гол за конечни 0:1, а две минути подоцна Томаш Соучек доби копачка в лице која веројатно не му ја посакува ни на душман.

Два убави гола на Камп Ноу по 13 минути фудбал

Роналд Куман синоќа веројатно си легнал насмеан. Агуеро дебитираше, Кутињо даде гол, Барса му победи 3:1 и е на -5 до првата позиција со натпревар помалку. За одбележување се 5-та и 13-та минута на Хозе Гаја и Ансу Фати. Бисерот на Барселона стана прв играч кој успеал да постигне 13 гола во Ла Лига пред да наполни 19 години.

Туку што беше со голманот на Челси против Брентфорд

Дечкото дојде во септември 2020 во Челси а на 29 мај 2021 освои Лига на шампиони во големото финале со Манчестер Сити каде блескаше. Колегите од репрезентацијата на Сенегал се чудат зошто го нема на поширокиот избор за Златна топка.

Подвиг на Пакета: Летал 8.000 км да игра за Бразил, се вратил за помалку од 48 часа и намести 2 гола за Лион

Одамна немало таков волшебник од Бразил, можеби после Роналдињо. Младиот Лукас Пакета со индивидуални акции, соло продори, дриблинзи и асистенции го прави Лион атрактивен за гледање.

Најсмешниот црвен картон го доби играч на Лацио на дербито со Интер

24-годишниот Луис Фелипе, бразилски стопер од Лацио го доби најглупиот црвен картон откако по големиот триумф на неговиот тим против Интер 3:1, се стрча и го јавна неговиот добар другар и довчерашен соиграч Хоакин Кореа.

Играчите на Тотенхем ја стопираа играта за да спасат живот на навивач на Њукасл

Новите газди на Њукасл имаа многу што да видат на првиот нивен меч на Сент Џејмс Парк. Њукасл поведе во 2 минута, Тотенхем си даде смешен автогол, гостите победија 2:3 со пресврт, ама и покажаа дека има поважни работи од фудбалски триумф.

Неславен крај на дербито во Словачка, Ристовски беше сведок на немили сцени

Големото дерби на првата лига на Словачка меѓу Спартак Трнава и Слован Братислава требаше да биде празник на фудбалот во оваа земја, ама хулигани од двете навивачки групи влетаа во терен во 15’ минута и направија голем прекин. Судијата реши да го прекине дуелот. Нашиот репрезентативец Милан Ристовски тргна во почетниот состав на домашниот тим.

Џани направи шоу во Саудиска Арабија, а навивачите урлаа по него

Лидс Јунајтед летовото остана без шоуменот во тим, кој забавата ја продолжи во Ал Ахли. Го добија Ал-Етифак со 4:0, а Џани доби нови фанови. Твитерот му гори.

Ама не скокајте сите наеднаш, ќе попушти трибината

Витезе го доби НЕЦ на гости со 0:1, победа која ја славеа заедно со играчите. Во еден момент имаше мал застој во славењето. Требаше да се избројат луѓето, дали се сите живи и здрави. Велат дека немало повредени.

Во португалски фудбал со пукање пиштоли расчистуваа тепачка

Се работи за четвртолигашки меч кој заврши грдо, насилно и небезбедно со рафални истрели.

Необична асистенција на Елмас до Виктор за победа на Наполи

Наполитанците не знаат што е ни пораз, а ниту нерешен резултат во Серија А. Стартот им е перфекција изразена со 8 победи, 19 дадени и 3 примени гола. Торино го совладаа на 10 минути до крај со голот на Виктор Осимен на асистенција на Елмас со грб.

Навивачот на кој му беше најслатка победата на Вардар

Со головите на Блажевски и Грозданоски, Вардар на стадионот во Маџари го совлада Охрид Лихнидос со 2:0. Натпреварот се одигра во 14 часот, идеално време за терање двојни ќејфои. 

Салах мајсторе имај милост

Клаудио Раниери имаше „деби од соништата“ на клупата на Ватфорд и „само“ 0:5 загуби од Ливерпул. Хет-трик постигна Фирмино, ама спектаклот му се препишува на феноменалниот Мохамед Салах кој на осум меча по ред постигнува гол. Денешниот му беше ремек дело, исто како и асистенцијата до Мане.

Дриблингот за кој сите зборуваат во Јужна Америка

Мислевме дека сè сме виделе од атрактивни потези на мундијалските октомвриски квалификации, а сме го испуштиле главниот и тоа на Колумбиец кој уништи двајца Бразилци. Луис Диаз од Порто во дуел со ѕвездите на Јунајтед и ПСЖ, Фред и Маркињос. Ги испрати дома.

Шаќири во комбинација со Зоран Михајлов vs Англија, незаборавно и неповторливо

16 октомври, 2002-ра. Најавна шпица од дневникот на МТВ и потоа имаш ова: Шаќири, Шаќири и гоооол, гооооооооооол, води репрезентацијата на Македонија. Каков резантен удар, ова беше вистинска уметност.

Симпатичен лапсус на претседателот на Барселона

На „Камп Ноу“ се задоволни што потпишаа нов и долгогодишен договор со нивниот голем бисер, младиот Педри (18) кој веќе е стандарден репрезентативец на Шпанија и игра сериозен фудбал. Откупната клаузула ќе му биде страшни 1 милијарда евра. На потпишувањето на договорот, Лапорта раскажа како уште од мал го памти Педри и како му се потпишал на дресот, а сега Педри потпишува со нив.

Ибрахимовиќ за Моџи: Тој човек зрачеше со моќ

Златан на 3 октомври наполни 40 години. Го отвори Нада Топчагиќ со „Јутро је“, ама овој текст сега не е за тоа, туку за неговите двајца, односно тројца најмоќни гости, кои се од најголема важност за неговата кариера во Италија. Едниот го донесе, а другиот му тропна на врата дома во Шведска.

Како би звучеле наши познати луѓе на коментаторско столче

Имитаторскиот микс се состои од политичари, актери, новинари, а најјако ги кине Иванов, Заев, Кили и Стојанче Ангелов. Ма одличен е, денот ни го направи.

Чудната традиција од време на каудиљо Франко - зошто шпанските судии се познати по две презимиња

Филмски занимливо е потеклото на обичајот шпанските арбитри да носат две презимиња, а не стандардно име и презиме како секаде во светот. Зошто?

„Да не беше таа, веројатно ќе сакав да умрам“ - Тајсон Фјури за жена му која му го спасила животот

Тајсон Фјури е главен лик во светот на спортот во изминатите недели. Тој моќно го урна Деонтеј Вајлдер и стана крал во тешка категорија. Во текот на целата негова кариера, во сите подеми и падови со него била жена му Парис. Нивната историја е посебна приказна која многу влијаела на светскиот шампион.

Хируршка прецизност на Халанд со три топки на мета за пикадо

Само што објавивме видео од мал како ги дроби другарите во балон, излезе тазе воодушевувачка снимка од тренинг. 21 годишниот Норвежанец е генијалец. Топките ги нареди една врз друга и успеа да погоди во истиот агол, без да му паднат.

Ај потпиши ми се на микробрановава печка

Боксерот Крис Еубанк јуниор го начекаа фанови на улица и бараа да се сликаат. Во еден момент сцената станува нестварна, откако еден му влета со микробранова печка да му бара автограм.

Гаскоњ не научи сам да станува од кафана

Англиската фудбалска легенда во февруари годинава рече дека од сега ќе пие само по неколку чаши вино или пиво, само тогаш кога ќе сака, ама не секој ден. Е сега во изјавата стои и уште нешто кое вели вака: „Секогаш ќе бидам алкохоличар“. Најновата снимка е од рибен ресторан во Борнмут, каде келнерот му викнал и го однел до такси.

1 минутно лудило со Антонио Ди Натале кој наполни 44 години

Рекордер во Удинезе со 385 настапи и 191 гол и шести најдобар стрелец во Серија А. Во периодот 2009-2011 постигна 67 гола, помалку само од Роналдо и Меси, а во декадата 2010-2019 беше најдобар стрелец во Италија со 125 комада. Тото е легенда на Удинезе кој не го напушти за ниту едни пари и еден од најпотценетите италијански напаѓачи. Погледнете какви евроголови даваше.