Тајсон Фјури и Парис се запознале на свадба кај заеднички другар кога биле помлади. Таа имала 15, а тој 18 години. Не било тоа љубов на прв поглед, но после една година Парис го викнала Тајсон на својот роденден после кој почнале да се гледаат често.
Како Фјури, така и Парис била ќерка на ирски номади кои често и самите себе се нарекуваат цигани.
„Он беше мој прв дечко зошто не смеев со никој да се сретнам до 16 години. Он е единствениот маж со кој сум била. Тајсон тренираше цела недела во сала а преку викенд се среќававме. Секогаш мислев само на нашата средба“, се сеќава Парис на младоста со Фјури.
Кога таа наполнила 18 години, тие се земале. Според обичаите на ирските номади, првпат поминале ноќ заедно, претходно немале блискости. Дури и кога се вериле, Тајсон спиел во комбето во дворот на родителите на девојката, а таа спиела дома кај нејзините.
Од моментот на свадбата поминале 13 години и парот денес има шест деца. Последното го добиле во август годинава но после многу маки. Малечката Атина била на реанимација а Тајсон на Инстаграм барал од следбениците да се молат за неа.
За среќа се поминало добро, Парис преживеала. „Сега Атина е во ред но тоа беше голем стрес. Не би сакала да го преживеам тоа одново, иако се уште се мислам да имам уште повеќе деца“, рекла таа.
Инаку ова не била прва ваква животно потресна ситуација во семејството Фјури. Тие претходно преживеале голема трагедија.
Тајсон Фјури буквално со години изјавуваше дека животен сон му е и со години тренира само да го урне големиот шампион Владимир Кличко. Во 2014-та, на една година пред Фјури да го совлада Украинецот и да стане светски шампион, Парис имала спонтан абортус, а во тоа време дедо му на Тајсон починал во болница.
„Никогаш не сум зборувал за тоа претходно, но жена ми роди шестмесечно мртво бебе. Јас требаше да бидам таму кога се пораѓаше. Ние одевме во едното крило на болницата, а во другото умираше дедо ми Хју. Тоа беше крајот на 2014-та и се обидов да заборавам на тоа. Морав просто да го извадам тоа од глава“, раскажал боксерот роден во Манчестер.
оа како да било најава за големата криза која ги чекала од 2015 до 2018 кога Фјури стана светски првак, го победи Кличко и паднал во страшна депресија. Го напуштил боксот, се навлекол на наркотици и многу страдал од биполарно растројство. Помислувал дури и на самоубиство.
„После борбата со Кличко, тој буквално веднаш падна во депресија. Следниот ден сфатив дека нешто не е во ред. Он не зборуваше како нормален, среќен човек. Се чинеше дека Тајсон нема да му се врати на боксот зошто стално викаше: „Никогаш нема да го надминам ова (депресијата)“.
Со секој нов месец му било сè потешко. Фјури спасот го барал во алкохолот и кокаинот, со ноќи не се појавувал дома, а се враќал депресивен и често во солзи. Парис не можела веќе да го издржи тоа, сакала да ги собере децата и да го напушти боксерот но секогаш издржувала и останувала.
„Секој ден сакав да заминам. Секој ден плачев, патев и си мислев: Не можам веќе со ова да се справам. Неколку пати ги пакував работите и седнував во кола со децата.
Ама секој пат помислував: „Го оставаме тој што го сакаме? Дали го оставаме сам да се спаси, оставаме да се уништи? Тајсон никогаш не ме оставил мене ни децата и ние не го оставивме него. Заедно сме и ќе преживееме како екипа“, признава Парис.
Тоа му било мотив и на Фјури да се избори со страшната депресија. Еднаш се вратил дома после ноќен провод и отворено рекол дека го остава алкохолот. Набрзо почнал да излегува од депресија и пак да биде среќен човек. Од тогаш живеат во хармонија со шест деца.