Најсмешниот црвен картон го доби играч на Лацио на дербито со Интер

24-годишниот Луис Фелипе, бразилски стопер од Лацио го доби најглупиот црвен картон откако по големиот триумф на неговиот тим против Интер 3:1, се стрча и го јавна неговиот добар другар и довчерашен соиграч Хоакин Кореа.

Луис Фелипе сакал само да се пошегува со Аргентинецот кој во тој момент на крај на средбата беше нервозен поради поразот 3:1 после пресврт и зошто не знаеше кој го јавнал од позади, изреагира грубо.

Поради оваа епизода настана голема гужва на теренот, се вмешаа играчи и тренери од двата тима, а Луис Фелипе доби црвен картон за глупост:

 

Бразилецот после мечот се обиде да ја објасни целата ситуација:

„Би сакал да ги прокоментирам негативните последици во врска со она што се случи на крајот од мечот. Пред се, сакам да разјаснам дека исклучително го почитувам Интер, како и секој друг клуб. Сите сме професионалци, работиме на постигнување на своите цели и никогаш не би сме дозволиле да не почитуваме друг професионалец. На крајот од мечот му скокнав на Туку (Кореа) на раменици зошто тој е еден од големите пријатели кои фудбалот ми ги даде“

„Нашите семејства се пријатели и отсекогаш сме биле блиски. Таму најмногу од се сакав да го гушнам и да се пошегувам поради резултатот, онолку колку што ни дозволува пријателството, ама претерав. Можеби ретроспективно, не беше баш најдобро време и најпогодено место. Се извинувам на секој кој се почуствува навреден и појаснувам дека на ниту еден начин не се обидев да бидам непристоен кон него, кон другите спортисти или кон Меѓународната инститиуција и нејзините страствени навивачи. Беше ненамерен чин на личноста која има голема наклоност кон Туку! Те сакам брате“, напишал Луис Фелипе Рамос на својот Инстаграм профил.

18 октомври 2021 - 09:32