Чудната традиција од време на каудиљо Франко - зошто шпанските судии се познати по две презимиња

Филмски занимливо е потеклото на обичајот шпанските арбитри да носат две презимиња, а не стандардно име и презиме како секаде во светот. Зошто?

Најпознатиот шпански судија на денешницата Матеу Лахос се вика Антонио Матеу Мигел, право име на судијата Веласко Карбаљо е Карлос Веласко, а Хил Манзано е познат како Хесус Хил.

Но шпанските навивачи, фудбалски медиуми и коментатори не ги викаат овие судии по име и презиме, туку само по двојно презиме. И тоа не е грешка: оваа традиција се појавила пред 50 години кога во Шпанија во исто време живееле двајца Франковци - едниот лидер на земјата а другиот фудбалски судија.

И верувале или не, живее ден-денес.

НАВРЕДИТЕ ЗА АНХЕЛ ФРАНКО НЕ ГО ПОВРЕДУВАЛЕ САМО ФУДБАЛСКИОТ СУДИЈА ТУКУ И ОЗЛОГЛАСЕНИОТ КАУДИЉО НА ШПАНИЈА

На 9 март 1969 година Анхел Франко Мартинез - познат како судијата Франко судел меч од Сегунда на стадионот „Рамон Санчез-Писхуан“ каде Севиља играла со Хихон. Мечот завршил 3:3 но имало голем скандал. Играчите и новинарите биле збеснати од судењето на Франко, а навивачите го частеле со вообичаени навреди за фудбалските судии секому познати.

„За ништо не го бива Франко“, „Франко ја упропасти Севиља“, „Сите го мразат Франко!“, биле само дел од насловите во весниците следниот ден. Ова бил последен меч кој го судел Анхел Франко.

Набрзо го сменил редоследот на презиме.

Судијата не ја менувал својата личност поради закани од навивачите или напади од новинарите, туку од друга причина. Често поради насловите посветени за него, била навредена и личноста на лидерот Франко, па морал да менува.

Тука му помогнала и националната посебност: Шпанците имаат име и по две презимиња. Првото, според традицијата е татково презиме а второ е мајчиното. Редоследот од неодамна не е толку важен, па може и мајчиното да оди прво.

Пример кога познатите фудбалери би ја користеле оваа можност би изгледало вака: Фернандо Торес би станал Фернандо Санц, Давид Виља - Давид Санчез. Пример Давид Силва има обратна ситуација: Силва му е мајчино презиме. Да го избрал мајчиното тогаш би го знаеле како Давид Хименез.

„Шпанија е земја во која се користат две презимиња во случај ако вашите родители не се странци или немате друго државјанство. Кај нас жените не ги менуваат презимињат кога се мажат. Често го користиме првото презиме поради краткост и олеснителност. Но двете презимиња и мајчино и татково се битни за да отворите сметка во банка, да земете картичка од мобилен оператор или да се запишете на универзитет. Во другите земји тоа е проблем зошто во нивните документи нема места доволно за второ презиме“, вели извесен жител на Шпанија Антонио Родригез.

Сите овие правила се проширени кај шпанските жители, но не и кај судиите. На пример финалето на Лига на шампиони во 2021 го судел судија кој дури и на официјалниот сајт на УЕФА е претставен како Матеу Лахоз, иако тоа се две презимиња негови (татково и мајчинско). Неговото име Антонио никој не го употребува на официјални натпревари.

Тоа важеше и за Мехуто Гонзалес чие име Мануел Енрике секогаш било игнорирано на фудбалски натпревари.

СКАНДАЛОТ ВЛИЈАЕЛ НА КАРИЕРАТА НА АНХЕЛ ФРАНКО И ВЕЌЕ НЕ МУ ДАВАЛЕ ВАЖНИ НАТПРЕВАРИ

Хаосот после мечот Севиља - Хихон за кој пишувавме погоре ги иритирал властите зошто презимето на судијата се совпаѓало со каудиљо (војводата) на Шпанија - Франциско Франко, па секој навредлив контекст за фудбалскиот судија бил непримерен во јавноста.

Скоро се појавило правилото Анхел Франко мора да ги користи двете презимиња за новинарите и навивачите да не може да го навредуваат со употреба на презимето Франко.

Ова правило набрзо станало задолжително за сите судии за да навивачите не помислат дека важи само за конкретниот случај со Франко.

„Ова тешко може да се нарече официјално правило, а никој не е сигурен дали го вовел Франко или некој од другите чиновници. Но барањето станало задолжително, во време на диктатура не владее закон, туку сила и терор. Од тој момент судиите почнаа да бидат претставувани со две презимиња“, вели еден од следбениците на шпанскиот фудбал.

После десет години Шпанија одново станала правна држава но обичаите се сочувале и покрај грозната причина за потеклото на ова правило. Судиите се нарекуваат со две призимиња само во контекст на фудбал - во обичен живот тие може да се викаат како сакаат“.

Но зошто на фамозниот судија Анхел Франко не му побарале да го користи презимето од мајка му - Мартинез? Тогаш не би морал да се поклопува со презимето на озлогласениот владетел на Шпанија.

Причина за тоа што не му го наметнале мајчиното презиме е прво поради тоа што тоа било својствено за деца кои се родени вонбрачно или деца кои живеат само со мајка. Населението имало „вродено убедување кон ова“. 

Ротацијата на име и презиме не му помогнала на судијата Франко Мартинез да остане под радарот. Каудиљо Франко сакал да се заштити уште повеќе, па и покрај фактот што Франко Мартинез бил стварно најдобар шпански судија во тоа време, не му било дозволено да суди на главните и големи натпревари од шпанско првенство па го распоредувале на дуели од Купот Генералисимус (денес Копа дел Реј - Куп на Кралот).

Поради тоа опаднале и оцените, критиките, пофалбите, навредите за судијата Франко во весниците и на трибините. Немало навреди ни за судијата ни притоа за каудиљо Франко.

„Бев еден од најдобрите судии во тоа време ама никогаш не судев финале на Куп Генералисимус.

И тоа поради фактот дека Франко додека беше жив секогаш доаѓаше на трибините да го додели пехарот за победникот. Ама тоа немаше да биде можно зошто трибините често ми извикуваа навреди на моја адреса. Навивачите беа незадоволни од мене, но и владетелот мораше да ги трпи навредите“

ФРАНКО МАРТИНЕЗ ГО ТРГНАЛЕ ОД БАСКИСО ДЕРБИ, БАРАЛЕ ОД НЕГО ДА ГЛУМИ ПОВРЕДА, А ЗА ТОА НЕ ЗНАЕЛА НИ ЖЕНА МУ

Проблемите на судијата Франко не завршиле тука. На 3 декември 1970-та година во Бургос почнал процес над членови на ЕТА - баскиска левичарска радикална организација која била прогласена за терористичка. Сослушувањето по ова дело завршило на 9 декември кога шест припадници на ЕТА биле осудени на смртна казна, а девет други на казни од 12 до 70 години. На воениот суд му требале само 18 дена да донесе пресуда.

Веднаш после тоа не само во Шпанија туку и низ цела Европа почнале протести во знак на поддршка и заштита на осудениците. Понекогаш ова водело дури и до напади врз шпанските амбасади: во Милано за време на демонстрации во знак на солидарност со ЕТА, во хаос меѓу демонстрантите и полицијата бил убиен студен. Во Шпанија исто било немирно.

За да биде уште позамрсено, на 13 декември Атлетик Билбао се спремал да го игра големото баскиско дерби на гости против Реал Сосиедад, до ден денес еден од најжестоките дуели во Шпанија.

Властите и полицијата се спремале за нереди поради политичката клима во земјата, а беља им правела и ждрепката - за тој меч за судија бил назначен Франко Мартинез, јунакот на оваа приказна.

Властите се плашеле дека трибините одново ќе грмат навреди на адреса на Франко што некои го правеле со задоволство како асоцијација на диктаторот Франко.

Неколку дена пред мечот судијата Франко го викнале на состанок во станот на каноникот (виши свештеник) на катедралниот храм во Мурсија. Таму го чекале свештеник и министерот за внатрешни работи Томас Гарикано Гоњи.

Инструкциите биле јасно: Анхел Франко не може да го суди баскиското дерби и ќе мора да глуми повреда и да бара замена, како што му рекле „за доброто на Шпанија и да се избегне поголемо зло“,

Франко се согласил во име на мирот во својата земја а него го заменил судијата Сото Монтесинос од Севиља. Франко не кажал ни збор никому за оваа средба, му наложиле да не кажува ни дома на семејството.

Во декември 1970 година кога судот во Бургос беше на прагот да донесе пресуда во Земјата на Баските, растргнат од генералниот штрајк на некомформистите, делумната хомонимија помеѓу имињата на диктаторот и фудбалскиот судија можеше да биде совршен трик за навреда на диктаторот преку судијата“, пишува новинарот Мигел Анхел Алваро Лопез во книгата „Анегдоти за професионални фудбалски судии“

Дел од осудените Баскијци биле помилувани, дел ослободени во 1977-ма година, две години по смртта на Франко. Бил амнестиран и судијата Франко по што си ја возобновил врвната кариера.

Судел натпревари од квалификации на Евро 1976 и Светско првенство 1978, работел на Мундијалот во Аргентина, во завршницата на Куп на европски шампиони и Куп на УЕФА. Откако Купот Генералисимус бил преименуван во Копа дел Реј, судијата Франко бил назначен дури на три клучни финални натпревари - финалето во 1978, 1980 и 1984.

Едно од овие финалиња е и она неверојатното меѓу Барселона и Атлетик Билбао кога избила страшна тепачка на теренот. По последната судиска свирка Диего Марадона со колено му влетал волице на Мигел Сола и го бутнал на земја да лежи без сознание. После тоа Диего ги нападнал и другите фудбалери на Атлетик и избила голема општа тепачка.

Тоа бил последен натпревар на Диего за Барселона.

ПРАВИЛОТО ЖИВЕЕ ДУРИ ПОЛА ВЕК ПО СМРТТА НА ДИКТАТОРОТ, А СУДИЈАТА Е УРБАНА ЛЕГЕНДА

Традицијата судиите да ги викаат по две презимиња (татково и мајчино) е сочувана дури 50 години по смртта на Франциско Франко. Современите судии не се плашат од непријатности на пасошки контроли, па така не користат име и презиме, туку првото и второто презиме во фамилијата.

Така Хесус Хил и Алехандро Ернандез станале Хил Манзано и Ернандез Ернандез, а Антонио Матеу - Матеу Лахоз. Понекогаш ги викаат по име, но дури и на сајтот на шпанската федерација се со две презимиња.

„Традицијата е сочувана дури и по падот на режимот на Франко. Не сум слушнал некакви спорови по тој повод, мислам дека многу и не знаат од каде дошло тоа. Колку јас знам, во шпанската фудбалска федерација нема посебни правила за презимиња, практиката просто се одомаќинила од времето“.

Нормално има и исклучоци од ова правило. Карлос дел Серо Гранде често го користи целото име и презиме, но само затоа што del Cerro во буквален превод значи „од ридот“ а Grande во превод е голем, така што кога овој судија би користел две презимиња, тоа би звучело во превод „Од Голем рид“, па арбитарот избегнувал комични ситуации. Но во шпанските медиуми често го викаат дел Серо Гранде.

Анхел Франко, легендарниот судија од времето на диктаторот Франко денес има 83 години. Тој се возбудувал секогаш кога ќе го поврзат него со традицијата за судии со две презимиња и ја нарекуваа таа историја „градска легенда“.

Поранешниот судија низ годините ги уверувал новинарите дека такви примери имало уште и пред него: Ортис де Мендивиљ, Медина Диаз, Медина Иглесијас. Новинар на El Pais вели дека тоа се исклучоци зошто: првиот не го користел името, туку сложено презиме, а Иглесијас го користел второто презиме за да не се бунат новинарите, јавноста и навивачите.

Новинарот утврдил дека до моментот кога било неформално воведено ова правило, 16 од 24 судии си користеле нормално име и презиме, а останатите не користеле име и презиме ако презимето им било многу распространето. Но веќе во следната сезона сите се нарекувале со две презимиња.

Интересно, изгледа како Франко Ернандез да вовел мода презимињата на шпанските судии да бидат посложени и позвучни, за новинарите посериозно да ги оценуваат. 

На дедо Франко кој има 83 години денес не му е до спорови и дискусии. Тој одамна може да се нарече со име и презиме. По крајот на кариерата работел како потпретседател на Техничкиот судиски комитет а сега во длабока пензија фудбал гледа само на телевизија. Кога локалните медиуми го прашуваат како би ја оценил играта на репрезентацијат ана Шпанија, тој им велел: „Јас не се разбирам во фудбал, јас ги знам само правилата“.

Еден од петте негови внуци станал фудбалер. После секој пораз, дедо му го утешувал со: „Не се нервирај, криви се судиите за сè“.

15 октомври 2021 - 12:10