Offside

Најголемото засилување за „кралскиот клуб“ летово е 19-годишниот Јан Диоманде за кого на Ред Бул Лајпциг ќе му платат 125 милиони евра. Оваа сума е огромна затоа што Реал Мадрид одеше до крајот: првата понуда од 90+10 милиони им ја одбија, па се појави и ПСЖ како конкурент само за да ја зголеми сумата.

Првиот дуел на Меси и Модриќ кои се сретнаа во 2006-та

За 20 годишниот Лука ова е репрезентативно деби, за 18 годишниот Лео деби репрезентативен гол. Хрватска и Аргентина се среќаваат на пријателска на 1 март 2006-та во Базел. 16 години подоцна, само они двајца играат уште за своите земји.

Холандскиот Суарез од Ден Хаг

Додека трае Светското, во многу земји се игра второлигашки фудбал. Во Холандија, на мечот Алмере - Ден Хаг кој домашните го добиле 4-1 после пресврт, гостинскиот фудбалер Дарил Вокер во 61’ минута направи ист потег како Луис Суарез со Гана на Светското 2010-та за што и двајцата нормално добија црвен картон. Со тоа што Суарез помогна неговиот тим да стигне до пенали каде славеа и влегоа во четвртфинале.

Ивана го најави дуелот Меси vs Модриќ

Се бројат часовите пред големото полуфинале Аргентина - Хрватска од кое навивачите и на двете репрезентации имаат големи очекувања. Забавата веќе почна со атрактивната Хрватица.

За да ја бодрат Аргентина, земале кредит, продавале кола и наоѓале работа во Катар

Љубов, пасија, религија. Така може да се опише односот на секој Аргентинец кон фудбалот и кон својата репрезентација.

Начинот на кој Хрватите станаа кралеви на пенал рулетот

Вечерва на Светското првенство на мегдан ќе излезат Аргентина и Хрватска. Хрватите на втор Мундијал по ред играат во самата завршница, а до таму стигнаа благодарение на голема ментална снага.

Од каде потекнува презимето Гвардиол во Хрватска, кога такво има и Пеп од Каталонија?

Дваесет и едно годишниот стопер на Хрватска и германски РБ Лајцпиг игра неверојатно на Светското првенство. Со каква леснотија ги скроти бразилските ѕверки и како командува со одбраната на Хрватите, се влече заклучок дека оправдано го проценуваат на 100 милиони евра.

Како Хрватите ја раскантаа Аргентина на минатиот Мундијал

На мегдан ја имаме првата полуфинална мега пресметка во Катар. Меч меѓу двата последни вицешампиони за кои само златото е опција. Дуел меѓу двајца капитени и легенди од кои едниот вечерва ќе мора да се соочи со мундијалски збогум. Меси има 35 години, Модриќ 37.

Кога ќе го оставиш Зајон Вилијамсон сам пред кош

Ако од толку многу случувања во Катар сте испуштиле некоја НБА атракција, ви ја сервираме главната. Њу Орлеанс го совлада Феникс со 129:124, а главен на паркетот беше Зајон кој остај ти што има 130 кила, кога го краси младоста. Постигна 35 поени, а на крај му влезе на обрачот како Ол Стар натпревар во забивање.

Импресивна баклијада на Ајдуци за 100 години Беласица

Гордоста на Струмица, клубот за кој душата ја даде бате Ване и во кој Горан Пандев ги направи првите фудбалски чекори, слави голем јубилеј од 100 години. Навивачката група Ајдуци приредија голем спектакл на стадионот Младост.

Легендата која заедно со Меси имаат по 10 гола на Светски првенства

Кога Габриел Омар Батистута прејде во Рома, ултрасите не славеа само појава на нова ѕвезда во тимот, туку и победа, зошто 31-годишниот ГОБ беше гарантир за шампионско скудето.

Стај си друг дрес будалче, глеј колку се

Аргентина ја елиминираше Холандија во четвртфинале, а Бразил е елиминиран од Хрватска исто така во четвртфинале. Со оглед на огромното јужноамериканско ривалство: 1. Зошто овој стои така гордо? 2. Добро помина.

А што бара па Хакими на каса во Мекдоналдс?

И сега кој е вистинскиот, овој на каса или тој во Катар што направи сензација со Мароко и стигна до полуфинале? Женскиве со право го закачаа, исти се.

Ја видовте ли најмилата фотографија од Корејците?

Јужна Кореја го направи едно од најголемите изненадувања на Светското откако после пресврт ја совлада Португалија со 2-1. На Корејците им требаше победа за да одат во следна рунда и ја остварија со гол дури во 90+1’ минута. Стрелец Хван Хи Чхан кој стана јунак и играч на мечот.

Како во Гана ги анализираат натпреварите од Светско?

Видеото е од групна фаза од мечот Франција - Данска. Небитно. Она што фасцинира е колку се трудат да пренесат и доловат нешто плус од тоа што е само пренос на фудбалски натпревар. Кога кај нас ќе го сменат здодевниот концепт во студио кој се темели на сувопарен муабет? Погледнете го колку е внесен типот. Значи Гана.

Како Мароканците го добиле прекарот атласки лавови

Мароканската репрезентација е најголема сензација на Светското 2022. Мароканците имаат прекар атласки лавови и така ги нарекуваат многу светски медиуми и ФИФА која лудиот триумф над Шпанија го опиша: „Атласките лавови испишаа историја!“. Од каде им е овој прекар?

Големото срце на Брозовиќ кој и помогнал на Македонка

26 годишната Стаменка Трповска поради проблеми со колкот морала итно да прави операција во Белград. Хрватскиот репрезентативец експресно го решил случајот.

Мангупскиот слободен удар против Аргентина, Вегхорст го реализирал и во Бундеслигата

Во 111 минута од мечот Аргентина - Холандија се случи нешто што Аргентинците ни на сон не го очекуваа. За егзекуторот тоа е веќе видена и вежбана работа.

Кој е тренерот-волшебник кој го презеде Мароко пред три месеци и направи чудо

Најголема сензација на Светско првенство 2022 е репрезентацијата на Мароко, селекција која направи чудесни резултати, игра прекрасен фудбал, а пред доаѓањето во Катар имаше некои неволји и го избрка дотогашниот познат селектор.

Дивјачко однесување на мечот Чаир 2030 - Работнички

Од Катар се селиме во Првата македонска кошаркарска лига каде во 9. коло Чаир 2030 го пречека Работнички. При резултат 22:43, Арбин Рушити влезе во конфликт со интернационалецот од Работнички, Ерик Нотиџ и кога во еден момент малоумен навивач му влезе со боксови на Американецот.

Лука Модриќ е господин човек

Од целата мундијалска возбуда од викендов во која настрада Бразил кој според многумина беше фаворит број 1 за пехарот, го издвојуваме прекрасниот гест на Лука Модриќ кој ги тешеше Бразилците, посебно неговиот клупски колега, 16 години помладиот Родриго.

Невидена страна од Меси во микс-зона

Аргентина е спремна да се степа со секој и секого што ќе им се најде на патот до врвот. Гаучосите се наострени како ретко кога. Со право се револтирани зошто во 2014-та година буквално за влакно им избега светската шампионска титула на Мундијалот во Бразил.