Јанис Адетокумбо кој се врати после три пропуштени средби поради повреда, одигра неверојатен меч со 46 поени, 12 скока и 4 асистенции. Крис Мидлтон додаде 31 поен со 3 скока и 9 асистенции а Брук Лопез уфрли 23 поени со 8 скока и 4 асистенции. Кај Кингс, Диерон Фокс запиша 35 поени со 8 скока и 3 асистенции, а Кевин Хуртер додаде 28 поени. Литванецот Домантас Сабонис имаше трипл-дабл со 23 поени, 17 скока и 15 асистенции, а Харисон Барнс погоди 14 поени.