Offside

Некогаш овој клуб беше еден од бројните клубови од данската Суперлига, а денес е синоним за развој на големи таленти во светскиот фудбал. Додека европските великани трошат десетици и стотици милиони евра на засилувања, Нордсјеланд изградил модел кој им носи огромен профит а секоја година имаат нова спремна генерација.

Елмас и Чурлинов со убави голови ја решија Малта

Македонската фудбалска репрезентација со победа од 2:1 ги почна новите квалификации за ЕП 2024. Првото полувреме за заборав. Второто возбудливо со три гола и поништен пенал со ВАР, за прв пат во историјата на Градски.

Гемиџии Велес не испуштаат натпревар на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација го стартува новиот квалификациски циклус за ЕП 2024. Со оглед на неатрактивниот противник Малта кој е аутсајдер во групата каде се уште и Италија, Англија и Украина, Градски и не е така слабо исполнет. Исток и Запад се затворени, а Југ и Север исполнети по 70-80%. Од малите организирани групи може да се забележат Гемиџии Велес, Неготиво и ФК ССК Бербери од Драчево.

За Јокиќ на полувреме во НБА се заигра оро

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја остварија 49-та победа сезонава откако синоќа со 118-104 го совладаа Вашингтон Визардс. Никола Јокиќ постигна 31 поени со 12 скока и 7 асистенции, а одлични во триумфот беа уште и Мајкл Портер Џуниорс со 21 поен и 7 скока, и Џамал Мареј со 17 поени, 6 скока и 8 асистенции. На полувремето од мечот во Вашингтон, тамошно српско културно уметничко друштво организирало традиционално оро за Јокиќ и за српската дијаспора која дошла да го гледа во салата на Визардс.

Шарко и хокеарите

Да пукне им прави бе и тоа и на влез и на излез од терен.

Македонија - Малта 4:0, коментатор Таско

Македонската фудбалска репрезентација до сега само еднаш се има паднато во група со Малта во квалификации. Плус има одиграно и четири пријателски. Билансот е пет победи и едно реми.

УЕФА отвора истрага за случајот Барселона и потплатени судии

По пишувањето на RMC Sport, се огласи и новинарот Фабрицио Романо кој важи за човек кој секогаш поседува доверливи информации. Инспектори на УЕФА по етика и дисциплина ќе спроведат истрага за евентуално кршење на правата од страна на Барселона во рамки на случајот „Негреира“.

Слободан Крстевски: Покана до нашите стопанственици, почитичари и државници да се вклучат во борбата за Вардар

По соопштението на фудбалерите на Вардар кои ја запознаа јавноста со тажната актуелна состојба, се огласи и сопственикот на клубот. Ситуацијата е статус кво. Пари нема.

Почнуваат квалификации за Европско првенство 2024, што вреди да се знае и гледа?

Дојде и првата пауза за репрезентативен фудбал во 2023-та година. Во Европа стартуваат традиционалните квалификации за Евро 2024. 

Циркуз во НБА, Дончиќ и другарите играа на еден кош, Голден Стејт на друг

И тоа дочекавме да го видиме и тоа во најсилната кошаркарска лига во светот. Петорката на Далас стои на едната половина, а противниците постигнуваат поени на другата. Судијата им ги призна.

Голот на голман од Чиле од преку 100 метри влегува во Гинис

Аргентинскиот голман Леандро Рекена постигна погодок од огромна далечина во триумфот на неговиот Кобрезал од 3-1 над Коло Коло во чилеанската лига. Во 77’ минута од мечот додека неговиот сострав водел 2-0, Рекена распалил од своето поле и го совладал колегата Брајан Кортез на другата страна.

Ристовски го насмеа Адеми, Ковачиќ го расплака

Динамо Загреб му пружи третман на Адеми на заминување, како на вистинска светска ѕвезда, со мега специјално интервју за кое се има многу потрудено.

Крај на една златна ера во селекцијата на Шпанија

ЕП 2008, СП 2010 и ЕП 2012 е хет-трикот кој успеа да го оствари една од најдоминантните репрезентации во историјата на фудбалот. Селекција која заминува во пензија. Во целост.

Куса (не)фудбалска енигма нерешлива ни со ВАР

Пепе кога мава обично се знае како оди тоа, ама тука ништо не ни е јасно. Барем клизачи да беа, па некако ќе се обидевме да ги разбереме.

Играчите на Вардар сами се снаоѓаат за вода, ручек, превоз, перење на дресови

ФК Вардар е прв на табела и води битка да се врати онаму каде што му е местото, во прволигашко друштво. Kога ќе им ги прочитате проблемите со кои се соочуваат, ќе помислите дека се работи за четвртолигаш формиран во 2023-та со нула денари влог.

Што банана ќе беше ова, баскетот го дупна

Лидерот во кошаркарскиот Еврокуп, шпанска Гран Канарија (14 победи, 3 порази) убедливо со 25 поени разлика го совлада Будуќност во Подгорица. Но момент на мечот беше блокадата на центарот од Гвинеја Алфа Каба од Будуќност.

Од време на Роналдињо никој не го направил потегов подобро

Дваесет и три годишниот лев бек на англискиот второлигаш Рединг, Неста Гинис-Вокер направи фантастично „еластико“, потег типичен за највештите бразилски дриблери. На мечот Рединг - Хал, го измести бекот на Хал, Леи Којл.

Втората тенисерка на свет Сабаленка на удар од украински колеги и колешки

Една од најдобрите тенисерки на денешницата, 24-годишната Арина Сабаленка која неодамна стана шампионка на Отвореното првенство на Австралија, вели дека ни крива ни должна наишла на голема омраза кај колешките од Украина.

Јака анегдота од раната младост на Златан Ибрахимовиќ

Легендарниот центарфор минатиот викенд влезе во историјата како највозрасен стрелец на гол во италијанското првенство. Ибра тешко дека некој скоро ќе го тргне од таа вечна листа, а во меѓувреме излезе и интересна ангедота (којзнае која по ред) од неговата младост.

Не бива дриблер од голман, како не му е јасно

Големиот фаворит, силниот Ред Бул Брагантино испадна во полуфиналето на првенството на бразилското првенство Паулиста од тоталниот аутсајдер и непознат клуб Агуа Санта. Фаворитот повел 0-1, но по кардинална грешка на нивниот голман Клејтон домаќинот израмнил во 51’ минута а на крај славел на пенали 4-2 и влегол во големото финале каде ќе игра против Палмеирас.

Има ли жолт картон за правење наудрен?

Во 1/4 финалето на ФА Купот, Фулам поведе 0-1 против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ и имаше зрели шанси за зголемување на водството, ама во 72-ра минута им се случи тотално помрачување и добија три црвени картони со се пенал за Манчестер. На крајот домаќинот направи пресврт и славеше 3-1, а смешен момент имаше и Бразилецот Антони.

Легендарниот чичко Дончо се појави на тренингот на Македонија

Како прв селектор, Андон Дончевски ги удри темелите на репрезентацијата во Крањ со оние 1:4 против Словенија и ја водеше Македонија на 17 натпревари во периодот 1993-1995. На 87 години дојде да ги испочитува момците на Милевски, а инаку живее во Австралија. Капитенот Ристовски му подари дрес.

Најжестоките забивања на неделата во НБА

Наскоро регуларниот дел од НБА сезоната ќе приврши а потоа ќе следува она главното: плејофот во кој најсилните екипи ќе се борат за тронот. Во меѓувреме Јутјуб каналот на НБА лигата ги одбра најдобрите и најатрактивни забивања за минатата недела.

Невидени лудории на голманот на дански Брондби

Каков луд финиш имал мечот меѓу лидерот во данското првенство Нордсјеланд и трофејниот Брондби. Гостите први повеле 0-1, а домаќините израмниле во 52’ минута. Во 88-ма Нордсјеланд добива пенал а гостинскиот голман Мадс Хермансен прави невидена серија од три одбрани по ред за тотално лудило меѓу нивните навивачи позади голот. За негова жал, одбраната попушти само една минута подоцна кога Нуамах со својот втор гол му донесе победа од 2-1 на домаќинот.