Сенегал го растури Бразил, Мане даде еврогол

На стадионот „Хозе Алваладе“ во Лисабон, на пријателски меч африканската селекција му одржа час по фудбал на силниот Бразил за кој играа речиси сите првотимци освен Нејмар. Тука беа Ришарлисон, Винисиус, Пакета, Гимараеш, Маркињос, Милитао, Едерсон. Сенегал славеше 2-3 со два гола на Мане од кои едниот беше прав еврогол.

Бразилците пред неколку дена соопштија дека нов селектор од следната 2024-та ќе им биде Карло Анчелоти. За сега како привремен в.д. селектор ги води Раул Менезес кој и не се докажа многу:

Најдобрите моменти и головите од мечот:

 

21 јуни 2023 - 10:49