Offside

Играчки портрет на големата легенда на Милан и италијанскиот и светски фудбал.

Фудбалерите на ФК Слободен готват за бездомници

Постојат многу малку, а веќе прават големи работи и се пример за многу поголеми екипи од нив. Во меѓувреме освоија и трофеј.

Во сенка на Јокиќ, финале на НБА за Мајами игра и 20-годишниот Никола Јовиќ

Српскиот репрезентативец Никола Јовиќ е најмладиот учесник на овогодишното НБА финале. Денес во петок наполнил 20 години.

Дамфрис изгледа не се возел со 22-ка

Фудбалерите на Интер пристигнаа во Истанбул каде во сабота вечер од 21:00 ги чека големо, историско финале на Лига на шампиони против силниот Манчестер Сити. Само што стигнале пред хотелот, десниот бек Дамфрис се препнал по скали од автобусот.

Спектакуларен пречек за Бензема во Саудиска Арабија

Големиот шампион од Реал Мадрид се пресели во шампионот на Саудиска Арабија Ал Итихад. Карим Бензема ќе заработи астрономска сума за 2-годишен договор со можност за продолжување уште една година плус. На пречекот му дошле 62.000 гледачи а организацијата била спектакуларна!

Само за гурмани, 4-минутно уживање со најубави евроголови од Бундеслига

Германската прва, втора и трета лига сезонава имаа неверојатни завршници. Со голови буквално во 95-та, 98-ма, 92-ра минута се решаваше кои екипи ќе освојат титула, кои ќе одат во погорна лига. Со овие драми се зголеми многу популарноста на германскиот фудбал. Паѓаа прекрасни голови а еве ги најубавите.

Голчиште на дете од Удинезе вредно историско финале на Светско

Симоне Пафунди, генерација 2006-та кој му е соиграч на Несторовски постигна историски гол за селекцијата на Италија. На само 5 минути до крај на мечот против Јужна Кореја, при резултат 1:1, младиот напаѓач едноставно го претвори голманот во гледач и ја однесе својата земја за прв пат во финалето на СП за играчи до 20 години. Другиот финалист е Уругвај, домаќин е Аргентина, а актуелен светски првак е Украина.

Оди најди појак имитатор на Јокиќ да те видам

Прво дечково е комедии, второ е страшно талентиран за имитирање, а очигледно е и популарен со оглед на фино развиените социјални мрежи каде ќе го најдете како Maxisnicee. Абе дали е свесен колку го кине? Секој потег му го вади и целосно му го доловува оној уникатен стил кој го нема друг играч во НБА. Па тоа тромавите покрети па. Абе денот ни го направи.

Шампионска парада на Вест Хем

Навивачите на Вест Хем се во транс. Не е тоа клуб кој ги има навикнато на трофеи. Нивната 127 годишна историја се сведува на вкупно шест, три во ФА Купот, потоа Куп на победници на Купови, Интертото Куп и овој во Конференциска лига. Се пентареа по бандери, семафори, споменици, а тимот ја направи препознатливата шампионска парада со отворен автобус.

Фасцинантен податок за Вест Хем

Замислете Вест Хем ја освои Конференциската лига без пораз, што воопшто не е мала работа. Да е само тоа. Момците на Дејвид Мојс сезонава да ти имале повеќе победи во Европа, отколку во Премиер лига, 12:11. Какви контрасти. Да се чуди човек. Тапа џонс беа во првенство, со 20 порази и освоено 14. место. Инаку ова им е прв европски трофеј после шест децении и догодина ќе играат во Лига Европа.

Цела Америка му се поклонува, а него не му чуе за рекордите

При Џордан, Леброн, Коби, Шек, Меџик и цела плејада на легенди, доаѓа едно скромно момче од Сомбор кое до вчера бараше другари за баскет преку Фејсбук и станува прв кошаркар во историјата  со 30+ поени, 20+ скока и 10+ асистенции на меч од НБА финале. „Не ми е гајле, тоа е само статистика“, вели после мечот. Џабе го прашуваат на темава.

Да се запознаеме со новиот клуб на Меси, Интер Мајами

Меси доаѓа меѓу свои луѓе, меѓу бројна аргентинска дијаспора која ќе го чува и сака, но доаѓа во клуб чиј голман отворено вели „Не, овде никој во клубот не е спремен за доаѓањето на Меси“. Буквално станува збор за новооснован клуб пред пар години кој нема никакви успеси на фудбалска карта.

Веќе е договорено кој и како ќе го плаќа Меси во САД

Откако во отворено интервју за Мундо Депортиво на широко ги објасни причините поради кои се решил со семејството да се пресели во САД, а не да се враќа во Барселона или да оди во Саудиска Арабија, сега се откриваат и детали од договорот на Лео Меси во САД.

Меси: Никогаш не сакавме да заминеме од Барселона, беше многу тешко, но сега ми треба малку душевен мир

Лионел Меси потврди дека заминува во Мајами и дава многу логично објаснување зошто сака да ја напушти Европа. Зборува многу за Барселона, клубот кој му е во срцето и во кој посакува еден ден да се врати во некаква функција. Планот со семејството им е да живеат таму. Отворена рана му е после тоа што му го направија.

Никој никогаш во историјата на НБА како Јокиќ и Мареј

Кошаркарите на Денвер Нагетс покажаа реакција по горчливиот пораз на свој терен и сега на гости во Мајами го совладаа ривалот, направија рибрејк и водат со 2-1 во финалето. Неколку рекорди поставија Никола Јокиќ и Џамал Мареј кои играат чудесна кошарка.

Италијанско англиска пресметка во Прага

Не беа баш умни синоќа навивачите пред финалето од Конференциската лига. Чешката полиција уапсила 16 навивачи, а инцидентите почнале откако навивачи на Фиорентина во бар во центарот на Прага ги нападнале навивачите на Вест Хем. Нападнат бил и еден полицаец, а има тројца повредени.

Ибра да види како го имитираат во Босна

И тоа велемајсторов им игра во трета лига, што е скроз нелогично кога ќе го видите ова ремек дело.

Дејвид Мојс му го даде златниот медал на неговиот 87 годишен татко

Чекаше долги 1.097 дена за да го освои првиот голем трофеј во својата 26 годишна кариера и стана прв британски тренер со европска титула после Фергусон. На крај беше пресреќен и блескаше од радост, а направи и преубав гест со медалот. Со овој триумф од 2:1 во финалето од Конференциска Лига, Вест Хем стигна до првиот меѓународен трофеј после 1965-та.

Неверојатна партија на Јокиќ и Мареј, Денвер води во големото финале на НБА!

Кошаркарите на Денвер Нагетс го совладаа Мајами Хит со 109:94 во третиот натпревар од финалната серија во НБА, го вратија брејкот и сега водат со 2-1.

Не може да му прости за јакната, па тоа ти е

Јавноста знае дека Антонио Касано има чудни испади па никој не се изненади кога во пар наврати отворено го нападна Мурињо дека играта на Рома била најмизерна од кога и да е и дека се досадни за гледање. Жозе му возврати дека „од човек чие доаѓање во Реал се памети само по јакната со која дошол не би очекувал да збори за успеси“.

Златан е спремен за следните предизвици во животот

Актер ќе го правеле во акциони филмови каде ќе го глуми главниот лик.

Тео Хернандез: Тажно ми е да му кажам збогум

Не стивнуваат реакциите во Милано за бркањето на Малдини од Милан. Прв реагираше Леао на Твитер, Виери за американскиот газда рече дека е луд, навивачите се бесни, а Тео Хернандез му се заблагодарува 10 пати подостојно од самиот клуб.

Волеј на денот

Во четвртфинале на Купот на САД, Синсинати со 3-1 го совладал Питсбург и за првпат ќе игра во полуфинале на ова натпреварување. Еврогол на мечот за Синсинати постигнал Алваро Бареал. Во следна рунда ги чека веројатно Интер Мајами. Можно е и со Меси во тимот.

Хоакин испратен во пензија со најголемите ѕвезди, пред 60.000 гледачи

Во неделата вечер во последното коло од Ла Лига, Бетис ја пречека Валенсија и одиграа 1:1. Тоа беше последен меч за легендарниот капитен на зелено-белите за кого во понеделникот вечер била организирана уште една фантастична проштална средба со безброј фудбалски ѕвезди.

Најслаткиот момент после победа на Гренд слем турнир

Ѓоковиќ после натпревар батериите ги полни во прегратките на 5 годишната ќерка Тара и 8 годишниот син Стефан. И тие се во Париз како мотивација и поддршка.