
Натпреварот меѓу Брага и Наполи во 1. коло од Лига на шампиони е доказ дека португалскиот клуб е најсемеен во цела Лига на шампиони.
Извесна Вивиан на стадион дошла со родителите и братот.
„Прв од нас за Брага почнал да навива татко ми, а него на стадион го довел дедо ми. Како јас се вљубив во фудбал? Па кога бев мала, во школо ни дојдоа играчите на Брага. Делеа автограми и предлагаа да станеме сосиоси (официјални членови на клубот). Јас се зачленив заедно со брат ми, тоа беше во 2010-та. Од тогаш до сега со него и родителите одиме на секој меч, ја следиме Брага во Лисабон, Сетубал, Порто, Шавеш, Гимараиш, Вила ду Конди, низ цела земја“.
Вивиан ја покажува членската карта како сосиос и вели дека како студентка таа месечно плаќа по 2,5 евра за членството а за мажите изнесува 10 евра месечно. Во еден момент пред мечот со Наполи синоќа и се придружило и момчето, а неговите родители се исто навивачи на Брага.
„Сега се на одмор инаку да беа во Португалија сигурно ќе дојдеа на натпреваров и ќе ни се придружеа“, вели тој.
Беатриш пак, исто навивачка на Брага, вели дека првпат го гледала саканиот клуб во 2003-та година кога ја повикале кумата и нејзината пријателска. Кога Беатриш пораснала, кумата почнала да ја зема со неа: „Фудбалот веднаш стана моја страст, мое хоби, мое се. Кога почнуваш да ги гледаш натпреварите на Брага, ќе се вљубиш во неа“.
Извесен Маркуш вели дека љубовта кон Брага се пресадува од колено на колено и тоа е типична историја за Португалија. Самиот тој почнал да ја следи Брага поради татко му а на мечот со Наполи кој заврши 1:2 за гостите од Италија биле три генерации од фамилијата:
„Тука се дедо ми, родителите и браќата. Вкупно 9 луѓе“, покажувал Маркуш пред стадионот. Не можело ни да ги собере сите од фамилија на една слика.
„Во овој состав одиме на секој домашен меч, а одиме и на гостувања. Посетуваме околу 50% од гостинските натпревари во други градови. Фудбалот во Португалија не е само спорт. Тоа е место каде се минува убаво време каде семејството се обединува, разговара, споделува емоции. Плус што клубот го претставува нашиот град и ние сме должни да го поддржуваме“, вели Маркуш.
Семејство не е само за навивачите на Брага, туку и за играчите од екипата. Сега во тимот има двајца браќа, Андре и Рикардо Орта. Има и фудбалери како на пример Жозе Фонте и Пауло Оливеира чии браќа настапувале за Брага во минатото. Слично е и со тренерите. Артур Жорже и двајца од неговите помошници се поранешни играчи на Брага.
Но најинтересна е сторијата со шефот на клубот. Тој бил стопер, два пати го водел тимот како тренер од академијата и на младинците. Во 2020-та на неколку натпревари ја водел и првата екипа а за Брага игра син му.
БРАГА Е КРАЈНО СИМПАТИЧЕН КЛУБ
Речиси да нема човек кој бил на овој стадион а да не се вљубил во клубот. Сега новиот подем на Брага е поврзан со тренерот Артур Жорже кој по петти пат се вратил меѓу своите. Клубот и пред него редовно играше во еврокупови но минатата сезона стана историска.
Брага влезе во Топ3 во силната португалска лига Примеира, го израмни рекордот по број на освоени бодови и број на голови и стана највесела екипа во лигата. Победуваа 5:0, 6:0, 0:5, 5:3, 0:5, 0:4.
Во новата сезона Брага игра многу цврсто. За два месеци ги урна сите ривали во квалификациите за Лига на шампиони со вкупен резултат 10:3 а во последното коло од првенството изгубиле 3-1 од Фаренсе.
Брага не играла во Лига на шампиони од 2012 година (тогаш завршиле последни во група со Манчестер Јунајтед, Галатасарај и ЧФР Клуж). Сезонава се вратија во елитата откако го елиминираа грчки Панатинаикос во плејофот со триумф на тешко гостување во Атина.
Големата португалска тројка: Бенфика, Порто и Спортинг имаат далеку поголеми буџети од Брага. Порто и Бенфика имаат околу 100 милиони евра годишни буџети за трансфери, Спортинг околу 70 милиони евра а буџетот на Брага никогаш не надминал 50 милиони евра.
Трошоците во 2021/2022 им изнесувале околу 38 милиони евра, а придобивките од буџетот ги даваат најмногу за инфраструктура и одржување на стадионот.
БРАГА Е ИЗВОР НА ТАЛЕНТИ
Од 20% до 40% од буџетот на овој симпатичен португалски клуб доаѓа од трансфери на играчи. За 10 години продале фудбалери во вредност од 300 милиони евра, а купувале за околу 95 милиони евра. Со 200 милиони евра салдо се 12-ти показател на светот меѓу фудбалските клубови во последните 10 години.
„Затоа што влеговме во Лига на шампиони немаме потреба да продаваме играчи“, рекол претседателот на клубот Антонио Салвадор.
За споребда: Наполи за овие 10 години за купување играчи потрошил 1 милијарда евра и е во минус од околу 230 милиони евра, а годишниот буџет им е 150 милиони евра.
ПОДДРШКА ЗА ЛИБИЈА И МАРОКО
Синоќа на мечот токму меѓу овие два ривали, на стартот Либиецот Ел Мусрати и соиграчите од Брага кренале либијско знаме во знк на поддршка на Либија во која поради страшни поплави загинале речиси 11.000 лица (податоци на ООН). Поради земјотреси и поплави во Мароко исто загинале илјадници лица па сите натпревари неделава во Лига на шампиони и Лига Европа и Лига Конференции ќе започнуваат со минута молк.