Offside

Најдобриот македонски голман им се приклучи на тренинзите на Валенсија од пред повеќе од две недели, а во меѓувреме бранеше и на пријателската средба против Стоук Сити која заврши 1-1. Кумановецот во разговор за шпански медиум раскажа за новата сезона и што ги чека во неа.

Новак има вежба за предизвик на денот

Новак Ѓоковиќ затвора уште една фантастична година во белиот спорт и полека се спрема за новите предизвици кои го чекаат уште од почетокот на новата година. Во меѓувреме објави видео во кое дава одговор која вежба многу му помага во одржување на концентрацијата.

Објавени тројца кандидати за најубав гол на годината 2023

На фудбалските терени ширум светот се изнапаѓаа убави голови, ама некои од нив ФИФА ги издвои како најпрекрасни. Тројца кандидати се за најубав погодок годинава. Гледачите тврдат дека имало и поубави, но да видиме.

Гризман ќе ви каже со кој клуб игра дома Фудбал Менаџер

По убавиот расказ на тренерот на Тотенхем грчкиот Австралиец Ангелос Постекголу кој раскажа со каков ќејф играл и уште игра Фудбал Менаџер, сега и супер ѕвездата на Атлетико Мадрид му се придружи.

Овации за големиот Ласо кој се расплака во Мадрид

Педесет и шест годишниот Пабло Ласо е голема клупска легенда на Реал Мадрид. На „кралскиот клуб“ овој тренер му донесе 6 шампионски титули, 6 Кралски Купа, 6 шпански Суперкупа, 2 пехари во Евролига. Во летото 2022-ра година Ласо доживеал непријатности и здравствени проблеми со срцето поради што управата на клубот не сакала да ризикува со тоа и не му го продолжија договорот. Ласо изрази спремност да продолжи да го води Реал но луѓето од врвот не беа спремни.

Нов трипл-дабл и нов интересен рекорд за Никола Јокиќ

Воден од својот лидер Никола Јокиќ, НБА шампионот Денвер Нагетс забележа нов триумф. Овојпат беа подобри од Бруклин Нетс со 124:101

Поради чудно правило на Рен му поништија гол во 101 минута, вреден прво место

По дводневните драми во ЛШ, четврточните средби во ЛЕ продолжија со исто темпо. Многу голови, неизвесност и едно правило за кое искрено прв пат слушаме.

Пеп ги помеша Панчев и Пандев

Стратегот на Манчестер Сити зборуваше со респект кон историјата на белградскиот клуб и кога потсети на славната генерација која се искачи на покривот на Европа, освојувачот на ЛШ со Ѕвезда го помеша со освојувачот на ЛШ со Интер. Една буква е во прашање.

Како стојат работите, Германија и Италија ќе добијат и 5-то место во Лига на шампиони

Во моментов како што стојат работите, со одлични резултати во Лига на шампиони, германските и италијанските клубови во рака држат плус уште едно ново место за квалификациите за елитното друштво за следната сезона. Секако, уште е рано и работите може да се сменат до крајот од сезоната во Лига на шампиони но раната и срамна елиминација на Манчестер Јунајтед и Њукасл би можело скапо да ги чини Англичаните.

Кога Есиен го поканил на роденден цел Реал, ама му дошле само тројца

На стара и чудна сторија налетавме од пред 10 години, во која на некој начин Мурињо е победник, а скоро цел кралски клуб лузери.

Ако имате скршен екран, нека не ви е криво, и Милер има

Капитенот на Баерн Минхен и легенда на германскиот фудбал, Томас Милер доручкува со соиграчот Леон Горецка а на масата вториов приметува дека првиов има скршен, пеплосан Ајфон телефон. Милер заработува неделна плата од околу 200.000 евра и со разни бонуси и реклами годишно е побогат за околу 15 милиони евра! И покрај тоа уште си носи скршен телефон.

Најпребарувани спортисти на Гугл во 2023 не се ни Роналдо, ни Меси ни Ѓоковиќ

Ако до скоро Меси и Роналдо беа незаменливо секојдневие во животот на секој спортски вљубеник, веќе некое време не е така. Двајцата фатија пат, секој на своја страна, едниот во САД, другиот во Саудиска Арабија.

Најнепредвидливиот гол постигнат некогаш во Лига Европа

Лига на шампиони заврши за годинава, останува уште последното коло од Лига Европа кое се игра вечерва, па потоа ждрепка в понеделник за нокаут фаза. А кога сме кај ЛЕ, одиме со најсмешниот, најчудниот или можеби најадекватно тоа од насловот. Филип Шобесбергер со овој погодок и донесе победа на Рапид Виена на гостувањето против Викторија Плзен пред осум години.

Милер и мајтапот со редар на Олд Трафорд

Со убедлива игра среде „Олд Трафорд“ Баерн Минхен го победи Манчестер Јунајтед 0-1 со голот на Кингсли Коман и потврди дека е многу посилен ривал. Баварците уште одамна обезбедија пласман во осминафинале, а после мечот со Манчестер, капитенот Томас Милер се шегачеше со еден редар на теренот кој со капа и брада наликуваше на неговиот соиграч од Баерн Мароканецот Назрауи.

Гвардиола: Им се восхитував на Панчев, Савичевиќ и Просинечки, беа идоли на многу деца ширум светот

Легендарниот состав на Црвена Ѕвезда 1991, која ги освои Европа и светот е неизбежна тема кога овој тим игра натпревари во ЛШ.

На Реал му треба пеналџија, сезонава имаат 0/3

Кралскиот клуб на убедлив начин како прв во групата се пласираше во осминафинале на Лига на шампиони. Играат добро „кралевите“ и во домашното првенство каде се втори и се бркаат со сензационалниот лидер Жирона. Во меѓувреме тимот на Анчелоти ќе треба да најде сигурен изведувач на пенали зошто сезонава промашија три пенали од три колку што добија. Промашуваа Модриќ, Хоселу и Родриго. Можеби е време Феде Валверде да го мести фудбалот.

Двете големи шанси на Ѕвезда во ист напад

Со оглед на тоа што и математички не можеа никако да се поместат од своите позиции на табела, Ѕвезда и Сити одиграа меч без стеги и со 5 гола. Можеа да бидат и повеќе, но вториот голман на гостите беше неколку пати немилосрден, особено во 51-ва минута.

Неверојатната реакција на Томори на сама гол линија

Милан кога сите го отпишаа и сметаа дека нема што да бара на жестокото гостување во Њукасл каде има пеколна атмосфера, покажа дека знае да се издигне кога е најтешко и да победи после пресврт. Но јунаци на триумфот покрај стрелците, беа уште и голманот Мајк Мењан кој бранеше фантастично но и стоперот Фикајо Томори кој во 20-та минута спаси чист гол.

Пеп Гвардиола извади ново чудесно дете кое пред некое време собирало топки

Манчестер Сити на убедлив начин очекувано ја освои групата во Лига на шампиони, а раниот пласман во осминафинале му овозможи на Пеп Гвардиола да испроба некои нови клинци. Не само што му вратија маестрално туку и најавија дека првотимците ќе треба да се потат за да го сочуваат местото во тимот.

Делии им го плеснаа на Англичаните со потсетување на Ѕвезда 1991

Без разлика што Црвена Ѕвезда освои само 1 бод, нивните навивачи се секогаш во топ форма, посебно на вакви големи натпреварувања. Го потсетија ултра богатиот Манчестер Сити, во какво време нивниот тим го освои светот. Плус им здиплија и знаме на гостите.

Дефанзивна интервенција на сезоната во ЛШ

ПСЖ се изнамачи против првопласираната Борусија Дортмунд и куртули да не испадне во групи со 1:1. Погледнете на каков начин спаси чист гол Никлас Зуле, кој играше пет сезони во Баерн, кога Мбапе сигурно веќе ја гледаше топката во гол.

Антетокумпо го одигра мечот на кариерата со 64 поени

За прв пат по 1988-ма со Мајкл Џордан, некој постигнува минимум 40 поени на 10 натпревари против ист противник. Јанис има во просек по 40,5 на последните 10 меча против Индијана Пејсерс.

Голема победа на Милан, ПСЖ некако се протна во осминафинале

Втората вечер од последното коло во Лига на шампиони донесе многу голови и драматични финиши. ПСЖ со ремито 1-1 кај Дортмунд успеа да го сочува второто место, а Милан со победа после пресврт на тешкото гостување во Њукасл успеа да обезбеди макар Лига Европа на пролет. Барселона поразена во Антверпен.

Џорџо Кјелини ја заврши кариерата

Уште еден член на славната и златна генерација италијански репрезентативци кој подоцна стана и европски првак во 2021-ва, легендарниот Џорџо Кјелини реши да ги закачи копачките на клин.

Кај гледате 100 милиони во типов?

Не е секој дораснат да го носи дресот на Манчестер Јунајтед и не значи дека секој Бразилец е феномен и го бива за фудбал. Ентони е втора сезона на Олд Трафорд, за кој на Ајакс му платија 100 милиони евра. Како му оди? 0 голови и 1 асистенција на последните 25 меча.