Во ноќта на пресврти, оној на Олимпијакос е најлуд

На дел од бројните натпревари во Лига Европа и Лига Конференции синоќа имаше луди пресврти. Баер Леверкузен до 67-ма минута губеше 0-2 за со два гола во длабоко судиско продолжение да направи тотален пресврт и да слави со 3-2. А уште полуд меч имаше во српскиот град Бачка Топола.

Продолженија, седум голови и гол на сезоната во Лига на Конференции можеа да видат малкубројните гледачи на стадионот на клубот ТСЦ во Бачк Топола.

Таму своите европски натпревари ги игра израелски Макаби Тел Авив поради воениот конфликт меѓу Израел и Палестина.

На првиот меч од осминафиналето меѓу Олимпијакос и Макаби минатата недела во Атина гостите изненадувачки славеа со преубедливи 1-4. И сите се помирија дека патникот во следна рунда е познат.

До толку биле сите убедени што на стадионот немаше ни бројни навивачи на Олимпијакос кој веќе играше на истиот стадион во Србија сезонава зошто во групна фаза беа со ТСЦ Бачка Топола.

На „ТСЦ Арена“ црвено-белите од Пиреја приредија спектакл зошто после 90 минути водеа со ист резултат како Макаби на првиот меч, 4-1 и ја надоместија големата разлика.

При вкупен резултат 5-5 се отиде во продолженија а таму блеснаа фудбалерите на Олимпијакос кои со уште два гола во првото продолжение водеа со неверојатни 6-1 и со луди 7-5 се пласираа во четвртфинале!

На овој меч падна и најубавиот гол на вечерта кога Ел Каби со ножички му донесе предност од 2-1 на Олимпијакос.

Головите и најдобрите моменти од мечот Олимпијакос - Макаби Тел Авив 6-1 после продолженија:

Луда драма во Леверкузен со мега пресврт во 93-та и 97-ма минута

15 март 2024 - 09:25