Италијанските тенисери стануваат табу тема за тенисерот број 1 во светот, барем во последно време.
Статистиката покажува дека дури пет од последните девет негови порази му се од Италијанци.
Со сензационалниот триумф на Индијан Велс, 20 годишниот Лука Нарди стана шестиот италијански тенисер во историјата кој успеал да го добие Новак Ѓоковиќ.
Србинот во последните 12 месеци има девет порази, од кои пет му се од Синер, Мусети и Нарди.
Монте Карло 2023: Мусети - Ѓоковиќ 4-6, 7-5, 6-4
Бања Лука 2023: Ѓоковиќ - Лајовиќ 4-6, 6-7
Рим 2023: Ѓоковиќ - Руне 2-6, 6-4, 2-6
Вимблдон 2023: Ѓоковиќ - Алкараз 6-1, 6-7, 1-6, 6-3, 4-6
Финале на АТП 2023: Синер- Ѓоковиќ 7-5, 6-7, 7-6
Дејвис Куп 2023: Синер - Ѓоковиќ 6-2, 2-6, 7-5
Јунајтед Куп 2024: Ѓоковиќ - Де Минаур 4-6, 4-6
Австралија опен 2024: Синер - Ѓоковиќ 6-1, 6-2, 6-7, 6-3
Индијан Велс 2024: Нарди - Ѓоковиќ 6-4, 3-6, 6-3
Кој е Лука Нарди - една од најголемите тениски сензации во историјата