Новак Ѓоковиќ се спрема за следниот турнир од новата сезона, оној во Мајами кој почнува на 19-ти март. Во меѓувреме светскиот рекет бр.1 сензационално загуби од младиот 20-годишен Италијанец Лука Нарди, а присуството во САД го искористил и да поразговара со тамошни видни новинари.
Раскажал и за многу незгодните болки во лактот.
„Тоа беше во 2017-та година, а почуствував уште во 2016-та, но ја носев таа повреда на лактот и секогаш бев против таблети против болки, не сакав, но морав да ги користам. Сигурен сум дека многу спортисти може да се поврзат со ова.
Луѓето очекуваат спортистите да играат, купуваат карти и можеби ова е единствена шанса да ве гледаат и секогаш си мислите - сакам да бидам таму, не сакам да ги разочарам луѓето, себе, фамилијата. Ја носев повредата а се влошуваше.
Ја убив сета таа болка, а сфатив во четвртфинале на Вимблдон дека не можам да сервирам, дека не можам да кренам рака, знаев дека е готово и дека тоа е моментот кога ќе морам да направам некои радикални промени. Избегнував операција по секоја цена, а кога после Вимблдон завршив, земав одмор и не сакав да играм.
Пробував да се излекувам, тренирав за новата сезона, почуствував болка повторно, отидов да играм и во Австралија и сфатив дека морам на операција. Го сторив тоа и шест недели подоцна се вратив“.
Ѓоковиќ додава и дека барал и алтернативни начини да ја санира повредата но дека оперативен зафат бил неизбежен.
„Плачев после операцијата, не поради болки туку зошто се изневерив себе. Мојата филозофија вели да избегнам операција, да сторам се што можам да не одам „под нож“, а мајка ми беше тука. И реков: ’Мамо, се изневерив себеси’, а таа ме тешеше и кажа дека тоа (операција) е сосема нормално и дека тоа сите го прават.