По гол и асистенција за Меси и Суарез кои одат по нов пехар

Лионел Меси дури четири пати го креваше трофејот во европската Лига на шампиони а сега со неговите другари од славната генерација на Барселона, Суарез, Бускетц и Жорди Алба планираат и да слават во Купот на шампионите за Северна и Централна Америка.

Лионел Меси имаше гол и асистенција во триумфот на неговиот Интер Мајами против Нешвил во реваншот од осминафинале во Куп на шампиони за Северна и Централна Америка.

Во 8’ минута Меси прво со сјајна асистенција го пронајде својот најдобар другар Луис Суарез кој го отвори резултатот.

Само 15 минути подоцна Парагваецот Гомез му намести убава асистенција на Меси кој стрелаше за 2-0: 

Во 50’ минута еден од најдобрите фудбалери на сите времиња излезе принудно од игра поради ситна повреда а на негово место влезе Тејлор кој на асистенција на Луис Суарез постигна гол во 63-та минута за убедливи 3-0:

Гостите од Нешвил ги поставија конечните 3-1 преку Сариџ и Интер Мајами заслужено оди во четвртфинале каде го чека подобриот од двомечот Монтереј - Синсинати.

14 март 2024 - 09:48