Offside

UFC Fight Night настанот кој се одржа во белградска Арена постави два нови рекорди во историјата на најголемата светска ММА организација кои досега не се забележени ниту на еден УФЦ настан.
 

Остај ти Џибони, ние Куп имаме за славење

Интересно беше синоќа околу полноќ пред салата Јане Сандански. Додека внатре одеа хитовите на балканската ѕвезда Џибони, надвор Фемили Аеродром се спремаа за пречек на кошаркарите на МЗТ Скопје, кои во Битола го совладаа Пелистер и го освоија Куп трофејот број 12.

Топурија го нокаутираше Волкановски

На турнирот УФЦ298 во Анахајм младиот Илија Топурија Шпанец со грузиско потекло го нокаутираше Алекс Волкановски кој по шести пат се обиде да ја брани титулата во полулесна категорија но не успеа.

Јокиќ и Дончиќ веќе прават шоу на Ол-Стар викендот

Во Индијанаполис се е спремно за големиот Ол-Стар меч кој се игра во 2 часот после полноќ во салата „Гејнбриџ Филдхаус“. Веќе се одиграа интересните турнири во забивање и шут за три поени. Јокиќ и Дончиќ прават циркус. На прес-конференција Никола го освежи Лука со вода а овој интуитивно опцу па се задржи за уста.

Победникот на Ол-стар турнирот во забивање го прескокна Шекил

Метју МеКланг, 25-годишниот кошаркар на тимот Оскеола Меџиг од развојната НБА Џ-лига, ја одбрани титулата во турнирот за најатрактивни забивања на Ол-Стар викендот освоена лани.

Голманот на Аталанта е махер на колото

Аталанта со 3:0 го згроми Сасуоло во италијанската Серија А, а јунак на мечот беше домашниот голман, 20-годишниот Марко Карнезеки кој одбрани два пенали едно по друго.

Петар го даде најбрзиот гол во историјата на Австрија

Дваесет годишиот корпулентен српски напаѓач Петар Ратков го постигна најбрзиот гол во историјата на австриската фудбалска лига. После само пет секунди од почетокот на мечот со Линц на гости, Ратков на среќен начин ја погоди мрежата со одбиена топка по голманска несмасна интервенција. 

Виктор Вембанјама извиси, ѕвезда во подем е Бенедикт Матурин

По пауза од 39 години, Индијанаполис е домаќин на традиционалниот годишен спектакл во НБА, а тоа се Ол стар игрите кои викендов се одржуваат по 73-ти пат.

Чкембари се солидаризираат со скопските групи

По разните перипетии и префрлање на одговорноста со соопштенија, на крајот се огласија и битолските Чкембари кои витешки го бранат навивачкиот кодекс.

КК Пелистер е за полни сали, ама немале време да се организираат

Во сагата со соопштенија околу забраната за навивачки групи на завршницата од кошаркарскиот Куп во Битола, се огласија и домаќините. И тие се едногласни со Работнички и МЗТ, ама велат дека доцна им се најавиле.

Видовит махер на колото

Милан синоќа го победи Рен со 3:0 во плејофот од Лига Европа. Епа махеров точен резултат ја фатил и тоа лани ја уплатил на две ливчиња. Ја типувал системски „еден од два“, со идентичен тип и на гости, што значи и да не му излезе реваншот 0:3 пак е добитен.

Раул Гонзалес: Среќен сум и горд што бев во Вардар и македонската репрезентација

„Кога пиеме кафе со Чупиќ и Дибиров, зборуваме секогаш за Вардар бидејќи за нас тоа беше најважното“, вели незаборавниот стратег на вардарци, кој секогаш кога доаѓа во Македонија се чувствува како дома.

Што му значел гестот на Лукаку во Ротердам?

Рома под водство на Даниеле Де Роси првпат играше во Лига Европа и одигра нерешено 1-1 со Феенорд на гости. Холандскиот тим до овој дуел на пет меча по ред не примил гол а синоќа Лукаку го израмни резултатот откако претходно 168 сантиметри високиот бек Игор Паишао со глава му донесе водство на Феенорд.

На Клеј Томпсон ако му тргне толку е

Голден Стејт Вориорс им се врати на победите откако синоќа ја разби Јута Џез 140-137. Ова беше второ гостување на екипата во Солт Лејт Сити по ненадејно починатиот Дејан Милојевиќ токму при гостување во овој град. Синоќа Клеј Томпсон изнедувачки тргна од клупата за резерви првпат после 2012-та и постигна сезонава највисоки 35 поени од кои дури 7 тројки со 6 скока и 2 асистенции. Стеф Кари додаде 25 поени со 10 асистенции и 6 скока.

Е ова е клуб

Дваесет и девет годишниот центарфор на Борусија Дортмунд Себастијан Але е играч кој каде и да играше се изнадава голови. Од Оксер преку Утрехт, Ајнтрахт Франфкурт, Вест Хем, Ајакс и сега Борусија Дортмунд. По настапи за сите француски репрезентативни категории решава да игра за земјата на својата мајка Брег на Слонова Коска. И на оваа репрезентција со голови во полуфинале и во финале ѝ го носи пехарот на големиот Куп на Африкански нации. А човекот во меѓувреме се оперираше на тестистите и прашање беше кога ќе се врати.

Какво мангупиште е овој Леао

Милан го збриша Рен со 3:0 и со една нога е во осминафиналето од Лига Европа. Не се гледаат секој ден голови како овој на Леао.

Реклама со Мурињо за албумот со сликици ЕП 2024

УЕФА потпиша договор со компанијата Топс која ќе им биде официјален партнер за следните две Европските првенства 2024 и 2028. Таа ќе биде должна за ребрендирање на турнирите со официјални производи меѓу кои и албумот со слики. За амбасадор го назначија Жозе Мурињо.

Последната победа на Лацио во нокаут фаза од ЛШ e со еврогол на Верон

Опта излезе со податок дека синоќешниот триумф на Лацио против Баерн им е само втор во нокаут фаза од Лига на шампиони. Да видиме кој е првиот.

Раул Гонзалес делеше автограми во Охрид

Францускиот ракометен гигант пристигна со авион во Охрид, па со автобус преку Ресен и Ѓавато стаса во Битола за гостувањето во ЛШ кое очекувано го доби против Еурофарм Пелистер. Раул како поранешен тренер на Вардар и селекторот на Македонија, важи за фаца кај нас. Вработени од аеродромот во Охрид го застанаа за сликање и автограми.

Карабатиќ за атмосферата во Битола

Нишлијата со 11 златни медали и освојувач на тазе завршеното ЕП, се враќа од Битола со победа на ПСЖ над Еурофарам Пелистер, ама и со главоболка од жестоката атмосфера во салата Боро Чурлевски, која ја опишува во изјава за 24ракомет.

Жути, Пеѓа и Пикси

Срдечна средба со топли поздрави на Хрват, Црногорец и двајца Срби. Се случи неодамна во Париз на ждрепката за Лига на нации, каде се сретнаа Драган Стојковиќ Пикси, новиот селектор на Црна Гора, Роберт Просинечки, Предраг Мијатовиќ и Стеван Стојановик кој бранеше за Ѕвезда кога ја освоија европската и светска титула. Колку само имаат што да си кажат овие легенди за златните фудбалски денови во кои беа главни ѕверки.

Чудниот статистички податок на Баерн против Леверкузен и Лацио

Со Баварците нешто се случува, бидејќи Баерн некако не личи на Баерн, а најмалку оваа недела кога се соочија со два порази од кои може да им зависи сезоната.

Сме виделе сè од Кари, ама вакво нешто никогаш

Во големото дерби на вечерта ЛА Клиперс со 130-125 го совлада Голден Стејт Вориорс и има сега 36 победи и 17 порази. Стеф Кари во поразот имаше 41 поен со 4 скока и 5 асистенции. Во еден момент после мечот додека одел кон соблекувалнте, од тунелот кај подтрибинскиот простор решава да проба нешто. И му успева. Ова не е нормално.

Провоцира па после се лути и плаче кога го вреѓаат

Винисиус Жуниор е врвен фудбалер. Сјајно игра за Реал Мадрид и за Бразил ама има некоја глупава потреба да ги иритира домашните навивачи каде и да игра. Во Шпанија поради тој циничен став често го навредуваат со мајмунски крици, го пцујат и плукаат од трибините па се жали дека оваа земја била фашистичка. А така се однесуваше и во Лајпциг каде ги нервираше сите од прв до последен.

Величествената атмосфера на Олимпико

Во Рим синоќа беше голем фудбалски празник кој лацијалите го прославија со 1:0 против големиот фаворит Баерн Минхен. Увертирата пред мечот беше нешто посебно. Легендарната „My Way“ од Френк Синатра со пејач на терен, но и со хор од 60.000 навивачи.