Offside

Првиот натпревар од полуфиналето на Лига на шампиони меѓу Барселона и Интер заврши спектакуларно со шест гола. Нераѕурите водеа со 0-2, Барселона се врати, на крајот конечни 3:3 како најава за неизвесен реванш.

Како Винисиус им одговори со еден гест на навивачите на Сити?

Од почеток на натпреварот Манчестер Сити - Реал Мадрид навивачите на домашната екипа со свирежи го испратија секој контакт со топка на Винисиус. Овој им врати со признание за најдобар играч на мечот. Во еден момент го закачаа со скандирање: „Кај ти е Златната топка“? Им одговори со прст на амблебот со 15 пехари во Лига на шампиони.

Пандев: „На Елмас му е подобро во Серија А отколку во Бундеслига“

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас на крајот од јануарскиот преоден рок конечно куртули од вртлогот во германски Ред Бул Лајпциг и се врати во омилената Италија. Елмас долго време не играше, не се снајде во Ред Бул Лајпциг каде не доби права шанса, па реши да се врати во Серија А. Потпиша за Торино каде се очекува да ја врати старата добра форма.

Акцијата која го одбележа дербито

Манчестер Сити и Реал Мадрид одиграа екстра содржаен натпревар со отворена игра и многу шанси, најмногу пред голот на Едерсон кој имаше полни раце работа. Кралевите притискаа од сите страни, а најјаката шанса која ја пропуштија беше онаа во 12-та минута. Искомбинираа тики-така акција по која беше совладан и голманот и за која долго ќе се зборуваше да не беше Нејтан Аке.

Бојан Димоски: „Најубаво е да се носи црно-бело“

Дваесет и три годишниот Прилепчанец кој е и македонски репрезентативец, Бојан Димоски, од зимава од јануари е нов член на белградски Партизан. Дојден е на позајмица од рускиот клуб Акрон со право на откуп. Навивачите на Партизан едвај чекаат да го видат по левата страна каде долго време немаа адекватно решение. Димоски кој е офанзивен лев бек, вели дека едвај чека да заигра и сонува победа во дербито.

Провокација за Винисиус која не се виде во преносот

Мега средбата меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид беше добра прилика да се продолжи кошкањето меѓу навивачите на тема Златна топка. Винисиус не можеше да се помири што му ја дадоа на Родри, па навивачите на Сити освен со кореографија, го провоцираа и со реплика од самиот трофеј.

Сервираше, а рекетот му се скрши на пола

За време на натпреварот меѓу Русинот Александар Шевченко кој игра под знаме на Казахстан и Американецот Мајкл Мох, на првиов при еден сервис му одлета рекетот и му се скрши на пола. На турнирот во Делреј Бич во САД, Мох славеше 0:2 во сетови и оди во следна рунда.

Мангупскиот гол на Перишиќ против Јувентус

Триесет и шест годишниот хрватски фудбалер и натаму има што да покаже. Иван Перишиќ кој имаше сјајно богата кариера, пред неколку месеци се врати во Хајдук Сплит ама во далматинскиот клуб немаа никакво разбирање за него па практично го отпуштија и раскинаа договор со него. Перишиќ сега е главен играч на ПСВ Ајндховен и се бори за осминафинале во Лига на шампиони. Синоќа против Јувентус кој му е голем ривал од времето кога играше за Интер, постигна прекрасен гол за 1-1. Ќе има јак реванш во Холандија.

Страшно јаки пасови на Валверде и Винисиус

Што нога и мозок ќе имаше Уругваецот Федерико Валверде? Погледнете го мајсторот каде го најде Белингем, буквално преку цела одбрана. Ќе беше асистенција на сезоната во ЛШ. Штета.

Утка на векот, ФИФА дава ли награда?

Во натпревар од Конкакаф Лига на шампиони за Централна и Северна Америка, Круз Азул со 5-0 го совладал Реал Хоуп. И подобро по фудбалерот на Круз Азул Игнасио Начо Риверо што победиле затоа што го имал промашувањето не на сезоната, туку на деценијата.

Тројца голмани не го бранат ударов на Мекени

Се испењавија фудбалерите на Јуве пред голот на ПСВ. На ти ја, дај ми, па ја загубија, ама и другиве не беа поарни. На крај Вестон Мекени ја дупна топката и ја искина мрежата. Душмански ја закачи.

Кореографијата на навивачите на Сити за потсмев на Винисиус

Навивачите на Манчестер Сити пред натпреварот со Реал Мадрид кој беше спектакуларен, извадија една „шеталица“ на која имаше фотографија од Родри со наградата Златна топка за најдобар фудбалер на светот за минатата сезона. Тогаш Бразилецот Винисиус беше револтиран и гневен зошто тој не ја освоил. Синоќа Вини Жуниор одигра одличен натпревар и беше избран за играч на мечот кој Реал го доби после пресврт длабоко во судиско продолжение 2:3.

Атомски фудбал со 5 гола, Реал Мадрид ја доби битката со Манчестер Сити

Лига на шампиони вечерва го продолжи новиот формат па се одиграа првите натпревари од новиот бараж за пласман во осминафинале. ПСЖ рутински го растури Брест на гости и веќе речиси обезбеди пласман понатаму. Сити и Реал одиграа Луд натпревар со дури 5 гола а на крај славеа „кралевите“ со гол во судиско продолжение. Јувентус го скрши отпорот на ПСВ.

Бербатов да ви каже нешто за напаѓачите

Бугарскиот центарфор беше прав господин на теренот. Ја лепеше топката за себе и даваше голови после префинети потези. Таков е и надвор од теренот. Господин.

Оди најди му наслов на ова да те видам

Некои пресвртници во фудбалот не се такви какви што мислите, класика 0:1 полувреме, 2:1 крај. Ова е нешто поинакво. Инаку се работи за 117 минута.

Колина нуди револуционерна идеја за пенали во иднина

Шеесет и пет годишниот „татко на судиите“ и најхаризматичниот фудбалски арбитар на сите времиња, Италијанецот Пјерлуиџи Колина ќе предложи промена за изведувањето на пеналите.

Потресна приказна за голман кој не памети дека некогаш бранел

Играл со Жан Пјер Папен и Дидие Дешамп. Но кога го прашуваат сега, одговара вака: „Ми рекоа дека сум бил фудбалер, но не се сеќавам“.

Фудбалска романтика во Генган, Лига шампиони далеку од луксузните светла

Францускиот прволигаш Брест беше најголемото чудо во тамошната лига лани откако обезбеди историски прв пласман во Лига на шампиони. Со оглед на тоа што малото стадионче „Стад Франсис Ле Бле“ не ги исполнува критериумите на УЕФА од највисок степен за играње натпревари од Лига на шампиони, Брест своите домашни дуели ги игра на стадионот на Генгам „Стад де Рудуру“.

Навивачот на малиот Плимут што видел две победи над Ливерпул за 69 години

Два дена откако последнопласираниот тим во втора англиска лига Плимут Аргајл забележа една од најголемите победи во клупската историја и го урна лидерот во Лига на шампиони и Премиер лига Ливерпул, една интересна приказна се појави токму за навивач на овој клуб.

Големи очекувања на газдарицата на Лејкерси од Лука

„Има многу историја во Лос Анџелес Лејкерс, но ти ќе имаш свој дел во неа“, му вели Џини Бас на Лука Дончиќ, алудирајќи на тоа дека бројката од 17 НБА прстени со него ќе расте.

Фотографии кои треба да се закачат во секое училиште во Македонија

Тоа се луѓе кои, секој на свој начин му пркосеа на синдромот на ниска вредност и ја понесоа својата група во величините.

Ги броеше ли пивата бе младичу?

И на трезно е ризично човек да се прекачува по трибини, а не па во ваква состојба. Ова е навивач на Лидс, кој од што е пијан, како да не го осеќа ударот на левата страна од главата, директ во ограда.

Мини Јокиќ снимен во Србија

Никола Јокиќ во НБА замина пред нешто помалку од 10 години и стигна до титула и МВП признанија, без разлика на минатото со бурек и кока кола. Пазете го ова буцко, поголемо од своите врсници и веројатно со истата исхрана. Води топка и тоа самоуверено, трча, додава мангупски, прави офанзивен скок и сам го решава нападот.

Голема судиска грешка го потпомогна Интер

Само три дена откако Фиорентина со 3-0 го испраши Интер во преиграниот натпревар откако претходниот беше прекинат на 1-ви декември, синоќа овие два тима повторно се сретнаа меѓу себе. Овојпат на „Џузепе Меаца“ славеше Интер 2-1 со головите на Понграчиќ (автогол) и Марко Арнаутовиќ. Едниот погодок на Интер беше постигнат после корнер кој беше досуден откако топката претходно речиси пола метар беше во гол-аут но судиите направија голем привид.

Еден од најјаките топови во ЛШ

Дојде вторник, време е за првите плејоф битки во Лига на шампиони. Во тој контекст ќе потсетиме на едно ремек дело старо точно 20 години од средбата меѓу Интер и Порто. Се сеќава ли некој каков проектил испука Хуго Алмеида на Џузепе Меаца?