Offside

Атлетико Мадрид го доби дербито на вечерта во 2. коло од ЛШ, а фудбалерите на Барселона со пресврт го решија жешкото гостување во Истанбул во 2. коло од ЛШ. Сензацијата на вечерта ја направи Клуб Бриж со голеада од 3:4 на Меаца. Им пресуди Николо Тресолди со хет-трик. Викинг имаше 2:0 над Баерн, па се избори за реми во финишот.

Фото на денот

Веројатно сте играле „Уно“ а? Трамп сигурно ја играа оваа детска игра и ништо чудно да им пратил два шпила карти на ФИФА во барањето за укинување на суспензијата на Фоларин Балогун за мечот со Белгија.

Што е со шегава на селекторот на Мексико?

Хавиер Агире, со прекар Ел Васко, му обрати како што му се обрати на Арон Гордон, а потоа сам се изнасмеа. 

Славјето на Норвежаните и честитки од принцезата

Норвешка цели 27 години чекаше пласман на едно Светско првенство. Сега не само што се пласираа на Мундијалот 2026 туку тука го направија и најголемото изненадување - го урнаа Бразил со 2-1 со два прекрасни гола на Ерлинг Халанд. Јунак на мечот покрај Халанд беше и голманот Ерјан Ниланд кој нема клуб, и ма 35 години и во моментов е најдобар голман на Светското.

Прво ги елиминираше, а потоа фотка и автограм

Фудбалерите на Зеленортски Острови, Мундијалов ќе им го раскажуваат на внуците. Без пораз си заминаа и тоа како дебитанти. Нерешено со Шпанија, Уругвај и Саудиска Арабија, а потоа реми барем во 90 минути со Аргентина. Јуначки издржаа 3:2 во 120 минути фудбал. Задоволството на крај го зачинија со сликање, се знае со кого.

Легендарниот дуел Работнички - Партизан во Скопје пред европската титула на црно-белите

Пред преполна сала, пред скоро 3.000 гледачи во „Градски парк“ на 28-ми март 1992-ра година Работнички во последната сезона од легендарната ЈУБА кошаркарска лига го пречека белградски Партизан кој само неколку дена подоцна стана европски шампион.

А тек па да видите на стадионот во Осло што било

На Норвешка и се случува фудбалска бајка. Се пласираа на Светско после 28 години, поминаа групи, па 16 финале и за прв пат во историја се во топ 8 во светот. И тоа Бразил го елиминираа. Погледнете како изгледаше атмсоферата на стадионот во Осло кога Халанд го даде вториот гол.

Зошто Анчелоти го избрал Бруно Гимараеш а не Винисиус за пеналџија?

Зошто не Винисиус туку Бруно Гимараеш го шутираше пеналот кој Бразил го доби во 14' минута после гледање ВАР, еден новинар го прашал Анчелоти после тешкиот пораз 1:2 од Норвешка кој ги исфрли кариоките од Светско.

Убава англиска фешта со Оејзис

Кој како оди понатаму, слави ли слави на Светското, а уште не сме стигнале ни до четвртфинале. Англичаните ја добија тешката битка против Мексико со 3:2. Забавно беше во Мексико Сити на легендарниот стадион Ацтека, а истовремено и во Лондон.

Мексиканска работа

Не се сите Мексиканци фини и забавни. Тоа најдобро го забележа од дистанца, поранешниот англиски репрезентативец Дејвид Бентли.

Мундијалската серија на Бразил кој не може да излезе на крај со Европа

Бразил е фудбалска земја, ама тоа ништо не им значи. Живеат од спомените со Роналдо, Ривалдо и Роналдињо.

Англиски репрезентативец завршил во болница при пад од рекламно пано

Некогашниот капитен на Ливерпул Џордан Хендерсон кој е резерва во репрезентацијата на Англија, синоќа по големиот триумф 2:3 над домаќинот Мексико, пробал да прескокне една реклама за да слави со навивачите ама незгодно доскокнал и тешко се повредил. Селекторот Тухел изјавил дека Хендо е во болница и дека повредата била незгодна.

Белингем до навивачите: „Кажете им дека утре не одите на работа“

Апсолутно заслужено Џуд Белингем, бројот 10 на Англија беше прогласен за играч на натпреварот со Мексико. Даде два гола и беше главен јунак на триумфот пред 80.000 бучни мексикански навивачи. А на англиските им порача:

Клоп за Трамп и Инфантино: „Ова не е нивна игра“

Јирген Клоп е во улога на стручен коментатор за германската државна телевизија за натпреварите од Светско првенство, а во меѓувреме денес треба и официјално да биде промовиран во нов селектор на Германија. Клоп имаше реакција на чудната одлука на ФИФА да му го поништи црвениот картон на Американецот Балогун.

Видовте ли што спаси Белингам?

Мексико синоќа имаше сериозни шанси за да ја расипе големата англиска прослава. Ќе издвоиме две опасни ситуации по голот на Пикфорд. Едната сам ја спаси, другата јуначки ја спаси Белингам кој е играч на мечот со два гола.

Што е со приемов на Кејн, со ВИ да не е ова?

Хари Кејн на 32 години е во пикот на кариерата. 73 гола има сезонава за клуб и репрезентација. Страшна бројка. Втор стрелец е на Светсково со 6 гола, само еден зад Меси, Мбапе и Халанд. Погледнете го како ја запели после дегажман на Пикфорд преку цел терен. Луд е дечкото.

Нејмар во агонија

„Се обидов, но сега е готово. Почнав тука, завршив тука“, рече Нејмар кој се здроби од плачење после елиминацијата од Норвешка на неговиот четврти Мундијал. Ова му беше кам бек во националниот дрес после 2023-та. Оди во репрезентативна пензија како рекордер со 80 гола и втор со 130 настапи. 

Приоритетен упат да му се даде на Хари за на Оториноларингологија

Најјакото интервју кое ќе го слушнете на Светсково. Рикаме на работа.

Најлудата навивачка компилација е дело на Мексиканците

Мексико е елиминиран од Мундијалот со 3:2 од Англија. Штета. Што убаво си поминуваа. Погледнете го клипов луѓе. Ќе фалат.

Супер натпревар на Ацтека, Англија со играч помалку оди во четвртфинале

Се разгорува Мундијалот. По Франција - Мароко, го добивме второто четвртфинале во кое битка ќе бијат Норвешка и Англија. Момците на Тухел со 3:2 го решија Мексико во меч на кој Мексиканците имаа 67% на топка и 5 - 5 во удари во рамки на гол. Џарел Куанса доби црвен во 54 минута, но со Белингам и Кејн во форма, нема зима за Англичаните.

Големиот Халанд го спружи и Бразил, Норвешка е во четвртфинале!

Петкратниот светски првак Бразил со селекторот Карло Анчелоти се елиминирани од Светското првенство. Имаа кариоките пенал во 14' минута но Бруно Гимараеш го промаши. Норвешка чекаше и дочека: Ерлинг Халанд е јунак со два прекрасни гола за победа од 2:1!

Лука, Един и Ивана

Има луѓе и што имаат доста слободно време за време на Светското.

Хајлајтс од Франција - Парагвај во 27 секунди

Секоја чест за Парагвајците што успееа да го елиминираат четирикратниот првак Германија, ама против Франција беа недопадливи и негледливи. Се поставија со бункер и деструктивна игра која го уништи осминафиналето. Плус многу груби и безобразни. Вака од прилика изгледаше мечот.

Франција нема пораз во осминафинале 92 години

Интересна и моќна статистика за селекцијата на Франција во осминафиналињата на СП. Не знаат за пораз од Светското 1934.

Франција не успеа да го пробие бункерот на Парагвај, пенал ја реши средбата

Мароко - Франција е првото четвртфинале на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. Доста им беше на Парагвајците со таква игра. Бункер, 24% посед на топка и 0 удари кон гол. Ги реши Мбапе од пенал во 70 минута и стигна до гол број 7, колку што има Меси.