Offside

На 66 годишна возраст почина легендарниот фудбалер на Милан и репрезентацијата на Италија, вечниот број 6, Франко Барези.

Двојазичност и за Дембеле од ПСЖ

Вечерва се играат два реванш натпревари од 1/4 финале на Лига на шампиони. Барселона има голема предност зошто славеше на гости со ПСЖ 2:3 на првиот меч кој го одбележа и доскорешниот фудбалер на Каталонците Усман Дембеле кој даде гол и го прослави бурно како никогаш да не играл за Барселона. Тоа ги изиритира навивачите на овој клуб кои го пречекале при доаѓањето на ПСЖ. Меѓу каталонските пцовки се најде и една поинаква.

Остај ти Лесковац, што е со огромнава змија кај ФФМ?

Големо и језиво бре ова под трибина на игралиштето на ФФМ. Смок ли е, што ли е? Деца, пазете каде ги рогате тоа топките.

Будимир од Осасуна место да израмни во 97-ма, го изведе најлошиот можен пенал

Валенсија ја доби Осасуна на гости со 0:1, а хрватскиот напаѓач Анте Будимир после ова веројатно за последен пат ќе добие можност да шутира пенал за својот тим. Погледнете го што успеа да изведе и тоа во судиското продолжение.

Проклетството и траумите на Баер кој по 22 години го испрати во историја прекарот Неверкузен

Фудбалот носи возбуда и дополнителен шмек кога ќе се случат примери како Порто кога освои ЛШ, Лестер Премиер лига, пред сите оние милијарди на ултра богатите и кога ќе се најдат јунаци кои ќе го прекинат монополот на еден Баерн Минхен. Колку само мака видоа за да стигнат до тронот. Годиништа.

Па не на судијата мајсторе, не е од твоја

Дваесет и две годишниот Србин Алексеј Покушевски кој игра за Шарлот Хорнетс во НБА лигата, синоќа одиграл 20-ина минути на мечот против Кливленд Кавалирс кој неговиот тим го доби 120:110 и имаше една необична ситуација. Изведуваше аут и му ја додаде на судијата кого го помеша со свој соиграч. На крајот Покушевски постигна 8 поени со пет скока и три асистенции.

Другар, тој излез од стадион е за пешки

Фудбалските викенди трпат секакви натпревари, ама и доста талентирани навивачи. Натпреварот Крузеиро - Ботафого го откри царот над царевите меѓу навивачите. Ги скрцал жената и детето во кола после натпревар и кога здогледал знак „излез“, свртел и почнал да се симнува, за дури потоа да сфати дека тој излез е со скали.

15 години од освојувањето на првата Пушкаш награда која ја освои Роналдо

Во 2009-та година ФИФА предводена од Сеп Блатер воведе награда за гол на годината и ја крсти „Ференц Пушкаш“ во чест на легендарниот фудбалер на Реал и селекцијата на Унгарија. Во тоа време сметан за најмоќен напаѓач со 806 клупски гола на 793 натпревари, како и 86 репрезентативни на 90 настапи, рекордни бројки за тоа време. Првата награда ја сефтоса Кристијано со луда бомба против Порто во ЛШ.

Грчко-турска борба со рецензии за ресторанот на Един Џеко

Триесет и осум годишниот ветеран Един Џеко на залез на богатата кариера ја игра можеби најдобрата сезона. Во дресот на турски Фенербахче има 24 гола и 9 асистенции на 40 средби во сите натпреварувања и е меѓу најзаслужните што овој гигант е лидер во турската лига и се бори за шампионска титула со најголемиот ривал Галатасарај. А во меѓувреме Џеко влегол во клинч со грчки навивачи.

На една недела до плејоф, Емил Рајковиќ доби отказ во ЦСКА Москва

По нецели две сезони во кои оствари два клупски рекорди и беше прогласен за тренер на годината, рускиот кошаркарски гигант одлучи да се раздели со нашиот најдобар кошаркарски стратег. Ќе го замени Грк.

Змија прекинала меч во Лесковац, го каснала судијата

Невообичаен настан имало на мечот меѓу нисколигашите Горно Синковце и Радник во српскиот фудбал. Змија се појавила на теренот и ги исплашила присутните. Судијата испаднал најхрабар, ја фатил со раце да ја фрли, два пати го каснала, но успеал да се ослободи од неа.

Бобан Марјановиќ е хит на вечерта во НБА - промаши слободни за навивачите да добијат бесплатни сендвичи

Во НБА лигата заврши регуларниот дел од сезоната, се одиграа 82 меча и сега на програмата следи разигрувањето. Последното коло некои екипи го дочекаа растеретено па пуштија резервни играчи да добијат малку поголема минутажа. Така Бобан Марјановиќ конечно заигра подолго време за Хјустон Рокетс и имаше две комични ситуации.

Сјајната одбрана на Ливаковиќ кој го носи Фенербахче кон титула

Сосема неочекувано Фенербахче имал големи маки на гостувањето кај давеникот Фатих Карагумрук во турската Суперлига. Лидерот на табелата Фенер победи 1-2 со головите на Един Џеко во 49-та и Мичи Батшуаји во 57-ма минута од пенал. Домаќините претходно израмнија на истек на првиот дел а во последните секунди имаа и огромна шанса за бод. Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ со врвна парада спаси победа и три бода за Фенербахче кој е прв на табела со 2 бода пред Галатасарај кој има меч помалку.

Сите шампиони на Германија низ историјата

Баер Леверкузен ја освои првата шампионска титула во својата 119-годишна клупска историја и влезе во редот на клубовите кои станале прваци на Германија. Баерн е тука неприкосновен и ќе владее уште долго. На листата има уште некои интересни клубови кои веќе одамна не конкурираат за врвот а некогаш биле шампиони.

Славниот Сол Кембел гостин во Општина Илинден и на дербито Вардар - Работнички

Големо фудбалско име од Премиер лигата викендов ни дојде во Скопје, па дури нешто и од кампањата за избори фати, тоест го спомнаа во тој контекст.

Млад Литванец урна рекорд во фрлање диск стар 38 години

Дваесет и едно годишниот Миколас Алекна од Литванија постави нов светски рекорд во фрлање диск на светскиот турнир одржан во Оклахома (САД). Алекна фрлил 74,35 метри и го урнал рекордот стар цели 38 години кој го држел Германецот Јирген Шулт уште од 6-ти јуни 1986-та година кога фрлил 74,08 метри.

Антиќ на натпревар на Јокиќ

Првиот човек на мак баскетот и единствен наш претставник во НБА лигата, направи убава тура во САД. Ја посети Атланта Хокс, каде играше во периодот 2013-2015, се виде со Богдан Богдановиќ со кој славеа европска титула во Фенербахче, а замина и кај Никола Јокиќ за да го следи во живо последниот негов меч од регуларниот дел во сезоната против Мемфис на кој Денвер славеше.

Чаби Алонсо доби улица со свое име во Леверкузен

Четириесет и две годишниот Баскијец кој во својата играчка кариера освои бројни трофеи со Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен, сега се докажува како еден од најврвните тренери на светот. Чаби Алонсо направи чудо со Баер Леверкузен, им ја донесе првата шампионска титула во 119-годишната историја а имаат и серија од 43 меча без пораз!

Еуфоричниот упад на шампионско славје во Леверкузен

Баер Леверкузен конечно успеа! Го скрши проклетството на својот прекар Неверкузен и дури и доби нов прекар - Неверлузен. За првпат во својата 119-годишна клупска историја станаа шампиони на Германија откако денес со убедлив триумф од 5:0 над Вердер Бремен и математички ја обезбедија титулата. По последната судиска свирка, илјадници навивачи влетаа во теренот да го слават историскиот успех на екипата.

Приказна со најубав крај - Баер Леверкузен е шампион на Германија!

Фудбалерите на Баер Леверкузен, предводени од сјајниот Чаби Алонсо го остварија сонот чекан цели 119 години - прва шампионска титула за клубот чии навивачи денес се во делириум.

Добро, имаш ли ти памет?

Со фаулите и „фаулите“ во фудбалот се оди од една во друга крајност. Ако Барселона и Реал викендов си имаа работа со двајца манипулатори, англискиот четвртолигаш Гилингем се соочи со човек без осет. Се работи за извесен Џорџ Реј од Бароу кој повеќе од јасно е дека за ваков криминален стар ќе добие црвен. 10 минути му пружале лекарска помош на кутриот Џош Вокер кој потоа го вратиле во игра, ама по 10 минути го извадиле, а само што влегол.

Белингем понижи двајца, а судијата непостоечки фаул во напад му свирна

И Барса и Реал синоќа славеа 0:1 на гостувањата против Кадиз и Мајорка. И на двете средби бележиме двајца торковци од домашните екипи кои заслужуваат жолти картони, а и по една воспитна за нивното некоректно однесување, односно лажирање на прекршок. Во немоќ да го спречат Белингем двајца играчи на Мајорка, едниот ај погодете што направи. Се држеше за лице и падна на земја, а на забавената снимка убаво се гледа дека Англичанецот му го допира грбот.

Вардар има луд распоред во борбата за опстанок

До крајот на сезоната во македонскиот фудбалски шампионат има 7 кола и нешто повеќе од месец дена. Црвено црните ќе се соочат со дури пет противници на кои исто така им гори.

И кај нас да видиме еврогол од пола терен кој падна под Тумбе кафе

Мануел Ноер фори е ризична тактика во фудбалот, затоа што може да те сетат, како Јорданчо Наумоски од Пелистер што го сети голманот на Арсими во втората македонска лига. Пелистер славеше со 3:0, а го има и голот на сезоната.

Мора да се измисли некој картон за ваквите манипулатори

Барселона го совлада Кадиз со 0:1 во 31. коло од Ла Лига. Мечот го реши Жоао Феликс со ножички, а во истиот момент ја добивме веројатно најсрамната и најбедна глума оваа сезона. Погледнете ја реакцијата на играчот со број 20. За лице се држеше, па дури и падна на земја. Каква несреќа од играч.