Историски успех за Словенија - првпат влезе во осминафинале на Европско

Во третото коло од група Ц натпреварите Данска - Србија и Англија - Словенија завршија со најдосадниот резултат 0:0. Ваквиот исход им одговараше на Данците и Словенците кои одат понатаму. Интересно Данска оди како втора поради жолт картон кој не го добил играч туку лице од стручен штаб.

Словенија е најпријатно изненадување во групата Ц. Словенците одиграа дури три ремија: 1-1 со Данска, 1-1 со Србија и 0-0 со Англија. Од никого не изгубија ниту беа надиграни и заслужено избраниците на селекторот Матјаж Кек одат понатаму.

Во својот втор настап на Европски првенства во својата историја Словенија за првпат обезбеди осминафинале. Неверојатно звучи фактот што од дури шест меча на Европски првенства, дури пет одиграле нерешено.

Што е необично е што Данска и Словенија имаат ист број бодови, иста гол разлика (2:2), нерешен меѓусебен натпревар, број на дадени голови и број на примени голови, рејтингот беше на страна на Данска која победи во квалификациската група токму со Словенија која беше втора.

Во ситуација кога се е исто, на табелата имаа се исто, за тоа кој ќе биде втор се гледаше фер плејот, односно бројот на жолти и црвени картони. Еден поен казна за жолт, три за црвен, четири ако жолтиот му претходи на црвен картон.

Интересно  пред натпреварите од последното коло и Словенија и Данска имале по четири жолти картони со тоа што во словенечкиот протокол жолт картон добил и техничкиот директор на репрезентацијата Миливоје Новаковиќ што бил петти жолти картон.

Токму тој картон на член на стручниот штаб ја чини Словенија второ место.

Според протоколот на УЕФА, судијата може да покаже картон секому кој е на теренот, па и на членовите на стручниот штаб, лекарите, помошните тренери...

УЕФА во правилникот го воведе и правилото за рејтинг од квалификациите. Данска според тој рејтинг беше на 9-то место а Словенија на 15-то. На крајот од квалификациите Данска и Словенија имаа ист број бодови но Данците победија 2-1 во меѓусебниот меч во Копенхаген (во Љубљана беше 1:1) и благодарение на тоа имале подобар рејтинг.

Данците како втори одат сега на Германија на 29-ти јуни во Дортмунд од 21 часот. Словенија го чека својот ривал: или Португалија или победник на група Е (можно е Романија).

26 јуни 2024 - 08:46