Француска доминација на НБА драфтот

Mладинскиот репрезентативец на Франција, Закари Ризаше e избран за прв пик на НБА драфтот 2024.

Една година откако Сан Антонио Спарс го избра Виктор Вембанјама, Франција повторно го има првиот пик на драфтот, а тоа е 19 годишниот Закари Ризаше.

И тоа не само првиот, туку француски претставници се и вториот, шестиот и 25-от пик.

19 годишниот Ризаше е избран од страна на Атланта Хокс, вториот пик Алекс Сар го избра Вашингтон Визардз, е шестиот пик Тиџане Салаун оди во Шарлот Хорнетс.

За прв пат во историјата првиот и вториот пик на драфтот се од Европа.

18 годишниот талент на Црвена Ѕвезда, Никола Топиќ, висок 198 см, беше 12-ти избор на Оклахома Сити Тандер. 

27 јуни 2024 - 12:54