Франција оди понатаму со 1 автогол и 1 гол од пенал

По три одиграни натпревари, најголемо разочарување во групната фаза се Англија и Франција, селекции кои беа главен фаворит за титулата на Еуро2024 но одиграа под сите очекувања. Или пак темпираат форма за нокаут фаза.

Во вторникот во рамки на групата Д се одиграа одлични натпревари. Австрија со 3-2 ја победи Холандија и покажа дека е најпријатно изненадување во досегашниот тек на Европското. Австријците завршуваат на прво место со 6 бода и заслужено одат понатаму.

Селекторот на Австрија, искусниот стар лисец Ралф Рагник докажа зошто летово го одби Баерн Минхен со цел да остане селектор на Австријците на Еуро2024.

Во вториот меч од оваа група, Франција одигра само 1-1 со отпишаната Полска (прва селекција која испадна од Еуро2024). Французите поведоа во 56’ минута од мечот преку Килијан Мбапе од пенал, но Левандовски возврати со иста мера од пенал во 79’ минута за конечни 1-1 од овој меч.

Светскиот вицешампион ги разочара своите навивачи со уште едно бледо реми. Франција во следна рунда оди после само два погодоци од кои еден автогол на противникот и еден од пенал. Франција во првото коло ја совлада Австрија 1-0 со автогол на Максимилијан Вебер во 38’ минута. Во второ коло ремизираа 0-0 со Холандија а во трето коло одиграа само 1-1 со испаднатата Полска. 

26 јуни 2024 - 09:00