Чесите тврдат дека се брутално оштетени од судијата

Турција ја совлада Чешка 2-1 во натпревар во кој Чесите буквално 70 минути играа со играч помалку на теренот. Главниот судија на мечот Романецот Иштван Ковач во 20’ минута му покажа втор жолт картон на Чехот Антонин Барак поради груби фаули. Подели дури 18 жолти и 2 црвени картони. Чесите успеаа да се вратат во игра, израмнија на 1-1 а во финишот дури и нападнаа со човек помалку за гол и пласман во осминафинале. Имаше и контроверзна ситуација со недосуден пенал за Чешка при резултат 1-1. На крај Ченк Тосун во судиско продолжение во 90+4 даде гол за победа на Турција 2-1.

Чешка одважно тргна со играч помалку на крајот но имаше и судиски превид. Ова не беше прегледувано ниту на ВАР:

Селекторот на Чешка Иван Хашек после мечот рекол: „Не, на ова ниво јас уште никогаш не сум видел судија да оди во тунел и да си дава “да пукне“ со противничките играчи и членови на фудбалска федерација“.

 

27 јуни 2024 - 10:52