Влаховиќ на мобилен дознава дека нема да биде стартер против Данска?

Нејасна е ситуацијата во српската фудбалска репрезентација. Има или нема хемија во овој тим? Имаат или немаат взаемна почит играчите со Пикси? Во Катар топ тема во медиумите беа наводните секс афери, а на ова ЕП најголемо медиумско внимание се даде на изјавата на Тадиќ дека ја почитува, ама не се согласува со селекторската одлука што не беше стартер уште во прво коло. Српските медиуми веќе „го сменија“ Пикси и извадија четири кандидати за негови наследници. На Твитер кружи видео со кое се тврди дека ѕвездата на Јуве со неколку соиграчи, преку сајтот на УЕФА дознаваат кој ќе игра во прв тим против Данска. Чудно.

 

Притисокот врз Пикси сè поголем, бунт во репрезентацијата 

27 јуни 2024 - 14:22