Offside

Ал Наср го совлада Ал Фаисали на гости со 1:3. Очите се вперени кон голот во 49-та минута со кој Роналдо стигна до 982. Но не според сите. Opta, Sofascore, Flashscore и FotMob го запишаа како автогол. Саудиската професионална лига пак му го препиша на Роналдо. На забавената снимка се гледа како топката прво ја удира Роналдо, па играчот од спротивниот тим со број 5, по што влегува во гол. Официјално, Роналдо е на 18 гола до јубилејната 1000-ка.

Тренерот на Ненад Димитријевиќ мислеше дека победиле, тргна да се поздравува

Олимпија Милано изгуби од Алба Берлин во 9. коло после продолженија 105:101. Екипата на нашиот Ненад Димитријевиќ имаше водство во текот на мечот а на крајот во драма Спањоло од Алба Берлин при нерешен резултат тргна да шутира тројка и промаши. Еторе Месина, тренерот на Олимпија Милано мислеше дека победиле и тргна да се поздравува со противничкиот тренер.

Еднаш во кариера се местат вака коцките од корнер

Ние постарите ја паметиме петицата на Манчини во Лацио, како и на Ѕола во Челси. Само на Ибра му успеваа вакви велемајстории повеќе од еднаш во кариерата, друг не паметиме. Ќеифот на душата си го направи Херемиас Николас Луко, кој е член на аргентинскиот прволигаш Атлетико Белграно. 2005-та е роден малиот. Мераци од гол.

Керем ли е Роналдо ли е?

Бенфика го згроми Порто со 4-1 во најголемото португалско дерби и фати приклучок на табелата. Сега Бенфика е трета со 25 бода но и меч помалку од лидерот Спортинг Лисабон кој има 33 и Порто кој има 27. Турчинот Керем Актуркоглу (26) не даде гол ама беше еден од најдобрите на теренот. Веќе има 8 гола и 3 асистенции за Бенфика и е еден од најдобрите трансфери во европскиот фудбал сезонава.

Убав дијалог меѓу италијански новинар и Сака

На 11 јули 2021-ва на Вембли, Бакајо Сака на 19 години доби мега тешка задача, а тоа е да го изведе пеналот од петтата серија во финалето на ЕП. Но го промаши, а Италија стана шампион. Три години подоцна, новинар од Италија му се обрати ем професионално, ем со убави пофални зборови за кои доби благодарам. Вака треба на прес. Убав пример.

Тек па во хотел што беше

Ова е ден после историскиот триумф над Грузија. Горан, Рики, Боби и другарите беа во транс и го имаа најзаслуженото славје, а Џамбо и екипата си заминаа дома со дебел бакшиш.

Уште вакви клизачи немавме видено

Тоа е таа проценка и реализација. На операција го прати. Алесандро Неста од Алиекспрес.

Колку е глуп па овој Лотито

За 20 годишнината од преземањето на Лацио му кажуваат имиња на фудбалери, кои треба да ги смести во листа од топ 10 трансфери кои ги направил. Значи треба да одбере од 1 до 10, а тој Ѕарате го става на 11-то место. Откако го поправија, Ѕарате го стави на 9-то, а Пандев му беше 10-ти, па на крај побара да им ги заменат местата.

Чуден одговор од Миленко Неделковски

На синоќешното Собрание на акционери, управата на ФК Вардар со новиот сопственик изгласала неколку нови членови во одборот на директори. Претставниците на навивачката група „Комити“ биле категорично против тоа Миленко Неделковски да биде изгласан за функционер (извршен директор) во клубот. Комитите се огласија со соопштение во кое пишаа дека тој не поседува карактерен и морален капацитет ниту пак визија да го води клубот.

Страшен гол од слободен во Бразил

Сантос, клубот на Пеле и Нејмар е сè поблизу до шампионската титула во втората бразилска лига Серија Б и пласман во Серија А. Во тамошната втора лига после 36 кола Сантос има 68 бода, а зад него се Мирасол и Новооризонтино со по 63 бода. Синоќа на мечот Коритиба - Сантос кој завршил 0-2, гостинскиот фудбалер Ромуло Отеро дал чудесен погодок од слободен удар од преку 30 метри.

Четири години од македонската фудбалска бајка наречена пласман на ЕП

Да, датумот е 12 ноември 2020. Нереално. Како вчера да беше. Да се потсетиме.

Двојникот на Винисиус направил циркус кај „Сантијаго Бернабеу“

Дечкото се вика Вагнер Вилијам. Од Бразил е, како и неговиот идол Винисиус Жуниор. Толку многу личи, се однесува и се облекува како големата светска фудбалска ѕвезда што стотици навивачи му приоѓаат да се сликаат мислејќи дека е правиот Вини.

Браво дете, ФИФА да се огласи со кандидатура

Во 4. коло од австралиската А-лига, Мекартур Булс на гости со 1-2 го совлада големиот фаворит Сиднеј. Првиот гол за гостите го дал дебитант, 20-годишниот Ариат Денг Пиол. Спектакуларен гол со ножички.

Рекорд на кариерата на Шеј Гилџес-Александер, главниот конкурент на Јокиќ

Најдобриот канадски кошаркар и лидер на Оклахома Сити Тандер, 26-годишниот Шеј Гилџес-Александер синоќа на дуелот против ЛА Клиперс го постави својот нов личен рекорд во НБА кариерата. Постигна 45 поени со 9 скока, три асистенции и дури пет украдени топки. Пред почетокот на сезоната, некои кошаркарски страници го прогласуваа ШГА за главен фаворит за МВП наградата покрај Никола Јокиќ.

Боксер ишишан на сред борба

За време на борбата меѓу Остин Деанда и ДеАндре Петус во Нортфолк, Вирџинија во саботата, ќошето на овој првиот во рингот било претворено во берберница. Во третата рунда Деанда примил еден удар од кој добил оток и не гледал убаво. Му сметало и репчето па луѓето од неговиот тим му го скратиле за време на паузата. На крај Деанда победил и ја забележал 15-та победа од 15 борби во професионална кариера.

Скандалозно видео од англиски судија, ги пцуе Ливерпул и Клоп ко кочијаш

Четириесет и две годишниот англиски судија Дејвид Кут ја шокираше англиската јавност откако се појави едно видео чиј датум кога е снимено не се знае. Дејвид Кут во муабет со пријател кој притоа го снима рекол дека Јирген Клоп е голема пи*ка од човек и е многу надмен и арогантен. Кут често е главен а понекогаш и четврти судија на натпревари од Премиер лигата а токму во саботата го судеше мечот на Ливерпул со Астон Вила.

Миленко Неделковски и официјално е нов извршен директор на Вардар, Комити гласале против

ФК Вардар одржал Собрание на акционери, со цел да се избере новата раководна структура на клубот. Комити соопштија дека за извршен директор е изгласан Миленко Неделковски.

Вртелешката на Пешевски избрана во топ 5 голови во квалификациите

Македонската ракометна репрезентација го загуби второто коло во квалификациите за ЕП 2026, на гости од Литванија. ЕХФ направи избор на најатрактивните 5 гола. Атракцијата на Жарко Пешевски се најде на трето место.

Турчинот кој нападна фудбалски судија осуден на робија

Поранешниот претседател на турскиот суперлигаш Анкарагучу, Фарук Коча денес е осуден на долгорочна затворска казна за тоа што во декември 2023-та година го запрепасти светот откако влета на терен и со сета сила го избоксува главниот судија на мечот Анкарагучу - Ризеспор.

Мелоун: Никогаш нема да ми здосади да го гледам Јокиќ и неговата величина

10 меча, 6 трипл дабл учиноци или 136 во кариерата само од регуларниот дел од сезоната, како што ги сметаат одделно статистичарите во НБА. Со се плејоф се 154. Мајк Мелоун после триумфот викендов против Мајами, вели вака.

Панчев: Ќе го уништат светото помошно игралиште на ФК Вардар, дадена е маркица за изградба на хотел

„Манифестираната ароганција, поткрепена редовно со инсинуации за нивна партиска поддршка на која неретко се повикуваат е целосно апсурдна. Тоа е дел од амбиентот кој редовно го креираат кога се подготвуваат да направат некоја нова и голема ујдурма на клубот и на негова штета, со дигање врева, прашина и употреба на енормно количество на лаги и дезиформации, се со цел да ја задскријат вистинската намера“, вели легендарната 9-ка на Вардар.

Гарначо му го разубави денот на едно дете

Во Манчестер Јунајтед се случуваат многу парадокси. Екипата по заминувањето на Тен Хаг конечно почна да победува, врза неколку триумфи во серија со в.д. тренерот Руд ван Нистелрој а веќе од денес ја презема нов тренер, Португалецот Рубен Аморим. Јунајтед со 3-0 го совлада Лестер во неделата напладне. Резервистот Гарначо влезе од клупата и даде гол а додека влегуваше слушна како едно дете го бодри и пее песни за него. После мечот направи голем гест.

Фемили Аеродром со остра парола до директорот на МЗТ Скопје

МЗТ Скопје го доби Гостивар 96:90 во 6. коло од Првата лига, но дури во продолженијата. Навивачите изразија незадоволство од тоа како управата го води клубот и обвини за долгови од стотици илјади евра и нетранспарентно работење.

Нетфликс најавува документарец за лигата каде сите отидоа од љубов

Роналдо, Бензема, Нејмар, Канте, Милинковиќ, Митровиќ, Брозовиќ, Мане, Фабињо, Кеси, Марез, Фирмино, Кулибали, Демирал, Ибањез...Сите сонуваа еден ден да заиграат во првенството на Саудиска Арабија.