Offside

Ракометарите на Охрид го остварија најголемиот успех во клупската историја откако се пласираа во големото финале на Европскиот Куп. На реваншот одигран во преполната сала „Билјанини извори“, Охриѓани го совладаа словенечки Целје на пенали 4-3 откако во основниот дел резултатот беше 25-24.

Дончиќ сними реклама за брендот Џордан со песната „Мики Милане“

Лука Дончиќ и Никола Јокиќ се освежување кое направи револуција во НБА лигата. Ама дечките не се цареви само на терен, туку се оригинални и надвор од паркетот. Добро, кој друг цар до сега ја сместил „Мики Милане“ од Вера Матовиќ во реклама за патиките на Мајкл Џордан, бренд на кој словенечкиот ас е заштитно лице.

Србите наскоро играат против европскиот првак, а имаат и надеж

Раштиманата Србија за која српските медиуми најново пишуваат дека ја напуштил капитенот Тадиќ, ќе се усреќи за едно месец и половина. На 5 септември во Белград и гостува Шпанија во рамките на новата сезона од Лига на нации. Да го повториме вториот дел од насловот.

А дрес за МВП-то?

Никола Јокиќ оствари дабл дабл учинок од 14 поени, 14 скока и 3 асистенции на подготвителниот меч на Србија против Австралија за Олимписките игри, која го загуби 84:73. И баш за него немаше дрес, па економот со спринт се упати во соблекувална.

Ламин Јамал го има голот број 1 на ЕП 2024

УЕФА ја состави листата на топ 10 голови на Европското првенство. На првата позиција е ремек делото на тинејџерот на Шпанија, кој блесна во полуфиналето против Франција.

Германската полиција немала многу работа на Еуро 2024

Министерството за внатрешни работи на Германија соопштило дека за време на Европското првенство летово имале помалку работа отколку што се очекувало.

Македонија во фокусот на ЕХФ со дрзок проектил од место

Пет одиграни натпревари, ниту еден пораз за избраниците на Раде Стојановиќ кои на ЕП за играчи до 20 години ја совладаа Романија со 31:26. Нашиот национален тим влезе во втората фаза на првенството во Словенија, каде разигрува за пласман од 9-та до 16-та позиција, откако немаше среќа да се пласира во топ 8. Уживајте во прекрасниот погодок.

Надреални успеси на Родри во само 18 месеци фудбал

Тинејџерот Јамал беше сензација на ЕП 2024, но Шпанија има многу јунаци за кои не се крева до толку голема врева. Еден од нив е човекот кој беше прогласен за МВП на првенството.

Луда промоција на Килијан Мбапе, 85.000 дошле да ја видат новата ѕвезда на Реал Мадрид

Денес од 12:00 часот со свечена церемонија се одржа претставувањето на Килијан Мбапе, новата 9-ка во Реал Мадрид. Прво се сликал со првиот човек на клубот, дон Флорентино Перез, а потоа излегол пред преполн „Сантијаго Бернабеу“. Реал во моментов има можеби најјак состав во клупската историја.

Герет Саутгејт си оди, не е веќе селектор на Англија

Селекторот кој помина дури 8 години на клупата на Англија, денес се повлекол од својата функција, во договор со Фудбалската федерација на Англија (ФА).

Одлична анализа за поразот на Англија

Скоро и да немало помалерозна генерација од оваа на Англија која во само 3 години стигна до второ големо финале на Европско првенство и два пати изгуби. Првиот пат на домашен терен пред преполн „Вембли“ кога дури и имаа рано водство па изгубија на пенали од Италија. А сега од Шпанија 2-1 иако имаа активен резултат на десетина минути пред крајот на основното време. Фор Фор Ту прави анализа зошто изгубија.

Кога Меси го држел малото бебе Ламин Јамал во раце

Фотографот Хоан Монфорт во 2007-ма година направил фотографија која никој не очекувал дека 17 години подоцна ќе стане прав феномен. 20-годишната ѕвезда на светскиот фудбал Лионел Меси во раце го држи малото бебе Ламин Јамал - сегашна ѕвезда на светскиот фудбал.

Лудата стихотворба на Кукуреља како кулминација на шпанското славје

Бекот на Челси му врати на Невил за критиките дека Шпанија не можела да оди до крај поради него. А врвот беше следнава урнебес комедија: „Кукуреља јаде паеља, Кукуреља пие Естреља, Халанд се тресе бидејќи доаѓа Кукуреља“. И тоа го испука во два наврати.

Рекордните 45 трофеи на господарот на фудбалот

Во лавината вести за ЕП, Копа Америка и Вимблдон кои кулминираа во еден ден со финалиња, се случи фудбалска историја која не се гледа често. Лео Меси го мина Дани Алвеш и стана рекордер по број на освоени трофеи.

Родри со провокација до Англичаните: Гибралтар е Шпанија

Освен Јамал, свое шоу за време на прославата на европската титула во Мадрид имаше и Родри. Но неговата беше специфична, бидејќи почна да скандира „Гибралтар е Шпанија“ со што ја запали масата. Се работи за полуостров на југот на Шпанија, кој му припаѓа на Велика Британија и кој важи за спорен. Инаку да потсетиме Родри игра токму во Англија за Манчестер Сити.

Јамал со танц се појави на бина

Ламин Јамал имаше летен распуст како ниту едно друго дете на планетава. На 16 години стана европски првак со својата земја, даде гол и стана еден од петмината во историјата со 4 асистенции на едно ЕП. Во меѓувреме, на 13 јули наполни 17 години. Поигра малку за време на славјето, а Мората побарал од публиката да му ја честитаат матурата.

Огромна фешта за титулата, крца плоштадот во Мадрид

„Шампиони на Европа. Ова е само почеток“, гласи пораката на отворениот автобус со кој парадираше четирикратниот европски првак.

Ѓоковиќ е составен дел од многу животи во кои разбуди море од солзи, радости и емоции

Веројатно секој би можел да го каже своето лично доживување од сите тие натпревари. Оттука и толку многу љубов, ентузијазам и голема благодарност. Тие не го гледаа само Ѓоковиќ, туку и самите себе. Во своите подеми и падови, задоволства и маки.

Ојарзабал - човекот од сенка кој и донесе европска титула на Шпанија

Дваесет и седум годишниот Микел Ојарзабал кој игра центарфор во Реал Сосиедад и таму е цели 9 години уште од 2015-та година, е дискретниот херој на Шпанците кој влезе од клупа и даде златен победнички гол вреден европска титула.

Трите статистички податоци вредни историја за Шпанија

Да не има некој контраш кој смета дека Шпанците не ја заслужиле титулата? Дека само што налетавме на податокот дека станале најефикасна селекција во историјата на ЕП со 15 погодоци. За споредба Англија постигна 8 гола, а Франција 4 од кои два автогола и еден пенал. Инаку станаа и рекордери со 4 трофеи, а Јамал е прв Шпанец со 4 асистенции на едно ЕП и еден од петмината во историјата. На листата има поранешен селектор на Македонија.

Хезус Навас меѓу 14-те величествени

Тешко е да се освои Европско првенство. Прашајте ги Англичаните кои со најскапите ѕвезди загубија две финалиња по ред и како славна фудбалска земја никогаш го немаат освоено. На овој турнир еден играч по втор пат се израдува на овој трофеј и влезе во доста елитно друштво.

Во сенка на Европското првенство, Словенецот Тадеј Погачар извозе рекордна рута

Еден од најдобрите светски велосипедисти, Словенецот Тадеј Погачар ја освои 15-та етапа на славниот Тур д’Франс, со дури 1,08 секунди предност во однос на најголемиот ривал Данецот Јонас Вингегор.

Апсолутната доминација на шпанскиот фудбал во последните 24 години

Ако на некој уште не му е јасно која е Шпанија во фудбал на клупско и репрезентативно ниво и во машка и во женска конкуренција, нека ја погледне табелава да се почуди малце. Се работи за скор во финалиња од 46:12 и тоа е статистика од 2000-та до денес. Систем е тоа, не е заебанција, а на него се работи темелно и се усовршува.

Видео со сите најважни моменти од бајката Евро 2024

Точно еден месец фудбал се играше на Европското во Германија. Турнирот ќе се памети по неколку нешта. На крајот титулата ја освои Шпанија, заслужено со најубав фудбал на целиот настан. БиБиСи направил убаво завршно видео за крај.

Ди Марија емотивно се раздели од аргентинскиот дрес

Прво светски шампион со Аргентина У-20, па освојувач на олимписки медал, а потоа 4 титули со А тимот: Копа Америка два пати, Светско првенство и Финалисима. На 36 години Анхел Ди Марија одигра 120 минути против Колумбија и ја доби наградата за играч на финалето. И што е најважно, тој е играч за големи натпревари и стрелец на три финалиња по ред, кој секогаш дава 110% од себе. Се повлекува од репрезентација со 145 меча и 31 гол.