Бугаринот Попов од Софија е европска скијачка сензација

Бугарската скијачка ѕвезда Алберт Попов направи сензационален успех откако славеше на ноќниот слалом на Светски Куп во Мадона ди Кампиљо (Италија). Попов на тој начин стана само вториот Бугарин во историјата кој победил на Светскиот Куп.

Алберт Попов (27 години, од Софија, висок 164 сантиметри) направи чудо откако после цели 45 години на Бугарија и донесе победа во Светски Куп. Интересно, на ист датум, на ист ден пред 45 години Петар Попангелов славел на Светски Куп во зимскиот центар Ленгрис во Германија.

Пред денешниот триумф, Алберт Попов имал само едно трето место на Светски Куп во САД во 2023 година.

Сега беше прв после првата трка, но со сјајно возење во вториот обид ги надмина сите конкуренти. Ја мина целта за 1:45.22 минути и зад себе остави великани како Швајцарецот Лоик Мејар (44 стотинки послабо од Попов). На трето место заврши Хрватот Самуел Колега кој извозе 46 стотинки послабо од Софијанецот.

Алберт Аби Попов скијаше подобро од фаворитите за подиумот Клеман Ноел, Тимон Хауген, Кристофер Јакобсен, Марко Шварц, Алекс Винацер, Макграт и други.

Попов со овој неверојатен успех се искачи до седмото место во генералниот пласман во слалом каде има 153 бода. Таму на врв е Лоик Мејар со 325 бода, втор е Норвежанецот Хенрик Кристоферсен кој има 315 бода а трет е Ноел Клеман од Франција со 240 бода.

9 јануари 2025 - 08:44