Ретро на денот со Парма и Хернан Креспо

На моќно ретро налетавме, полно со тешкаши, а старо точно четврт век. Златното доба на италијанско.

Има многу начини за да се влезе во срцата на навивачите. Овој гол дефинитивно го направи тоа, пишува 25 години потоа админот на Парма на Твитер.

Се работи за 9 јануари 2000. Парма против Јувентус, прв натпревар во историјата на Серија А одигран во недела од 13 часот.

Не требало да сте навивач на една од овие две екипи за да го изгледате од почеток до крај, посебно кога ќе видите од каков ков на играчи им биле скроени составите.

Јуве го води Карло Анчелови со Зидан, Инѕаги и Дел Пјеро, а Алберто Малезани напаѓа со Ди Вајо, Креспо и Аморозо.

Тука се и Буфон, Турам и Канаваро, ама не во Јуве, бидејќи тоа е време на Ван дер Сар, Јулијано и Монтеро.

Сакаше уште јаки имиња? Дино Баџо, Фузер и Ортега кај Парма. Давидс, Ѕамброта и Такинарди кај Јуве. 

Да, има и балканци, вкупно четворица од кои тројца во Јуве, Дарко Ковачевиќ, Зоран Мирковиќ и Игор Тудор. Член на Парма во тоа време е Марио Станиќ.

Атмосферата на Енио Тардини напната, бидејќи победа или пораз ќе тежеше на двете страни. Јуве се бори за титула со Лацио, која ќе ја загуби во последно коло, а Парма после освојувањето на Купот на УЕФА има високи амбиции, а ќе заврши петта.

Во периодот од 68-ма до 77-ма минута, бродот Парма потона. Гол на Дел Пјеро од пенал и црвени картони за Торизи и Баџо.

Но има зошто Парма се потсеќа на овој ден, а тоа е 92-та минута и супер завршницата на Хернан Креспо.

Со еден потег ги исфрли од игра Ферара и Песото, го матираше Ван дер Сар и го фрли во делириум Тардини. Прекрасни времиња.

Слушнете го коментаторот

 
9 јануари 2025 - 12:35