За тие што не знаат која беше Парма во 90-те и колку култ имаше овој тим: Куп на Италија 1992, 1999 и 2002, Супер Куп на Италија 1999, Куп на УЕФА 1995 и 1999, Супер Куп на Европа 1993, Куп на Куповите на победницте 1993.
Имаме опасно ретро на денот со најјаката Парма која и ден денес се зборува и кај нас. Бандата слави Куп на УЕФА 1999 со пехарот лупнат на маса место вазна. Кркаат пица во комбинација со кока кола, пивце, винце. Во финале го тепаа Олимпик Марсеј со 3:0. Тренер Алберто Малезани.
Парма ја совлада Монца со 2:1 со гол во 98 минута. На 15 минути до крајот на мечот настана конфузија пред голот на гостите. Судијата досуди пенал, а кога Адријан Бенедичак тргна да го изведува, судијата се пишмани и отиде да гледа забавена снимка. Свирежот уствари не беше знак за изведување на ударот, туку за ВАР. Циркузи.